Спорт
Нотингем Форест го напуштија 13 играчи
Англискиот премиерлигаш Нотингем Форест објави дека 13 играчи кои минатата сезона беа дел од тимот го напуштиле клубот.
„Шумарите“ пред крајот на сезоната го спасија местото во елитниот ранг, но со комплетно реновиран тим.
Треба да се потсети дека клубот успеа да избегне испаѓање и покрај тоа што му беа одземени четири бода.
Хари Артур, Вејн Хенеси, Чеик Којате, Лои Мбе Соа, Скот Мекена и Фелипе се играчи на кои им завршија договорите, со напомена дека Фелипе ја заврши кариерата, додека останатите ќе бараат нови клубови.
Клубот го напуштија седум млади играчи: Кевин Андуини, Тони Гбопо, Итан Хал, Атиф Конате, Хенри Листер, Илајџа Морган и Тео Робинсон.
Клубот со кој раководи газадата на Олимпијакос Евангелос Маринакис им се заблагодари на сите играчи за придонесот во претходната сезона и им посака среќа во нивните понатамошни кариери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јувентус го прекрши финансискиот фер-плеј, УЕФА покрена постапка
Јувентус потврди дека Европската фудбалска унија (УЕФА) покрена постапка против клубот за кршење на финансискиот фер-плеј и очекува да биде казнет.
Јувентус очекува да биде казнет за кршење на правилата на УЕФА, што може да доведе до забрана или ограничување за потпишување нови играчи во сезоната 2026/27, објавија италијанските медиуми.
Црно-белите го потврдија прекршувањето во соопштение поврзано со објавувањето на билансот на состојба за финансиската година што заврши на 30 јуни 2025 година, бидејќи документацијата содржеше потврда дека клубот прекршил параметар од Правилото за заработка на фудбалерите.
На 18 септември, Јувентус доби потврда од УЕФА дека е покрената постапка против клубот за потенцијални прекршувања на правилата во периодите 2022/23 и 2024/25.
Исходот од таа постапка се очекува напролет 2026 година и може да доведе до казна, која не би била голема. Позагрижувачко би било воведувањето ограничувања за потпишување нови играчи за натпреварувањата на УЕФА.
Клубот од Торино во соопштение потврди дека нема понатамошни значајни прекршувања на правилата за финансиски фер-плеј.
Клубот се држеше до коефициентот на трошоци за играчи од 80 проценти за 2024 година и е на добар пат да го исполни ограничувањето од 70 проценти за 2025 година.
Јувентус беше исфрлен од Конференциската лига во сезоната 2024/25, што им овозможи да се ослободат од финансиските неправилности што ги чинеа бодови во Серија А.
Спорт
ИТФ ќе стане Светски тенис

Меѓународната тениска федерација (ИТФ) објави дека ќе го промени своето име во „Светски тенис“ од 2026 година.
Промената беше усвоена од националните тениски федерации на годишниот состанок на управното тело.
„Промената ќе обезбеди појасен идентитет што е порелевантен за играчите, навивачите, партнерите и засегнатите страни во тенисот низ целиот свет и ќе го усогласи брендот со повеќето од најистакнатите светски управни тела“, се вели во соопштението на ИТФ.
Управното тело на тенисот е основано во 1913 година во Париз, а стана Меѓународна тениска федерација во 1977 година.
Управните тела на бројни спортови ги сменија своите имиња во претходните години, вклучувајќи ги Светска атлетика, Светско пливање и Светски бокс.
„Светскиот тенис подобро го одразува тоа кои сме денес: глобалното управно тело и чувар на тенисот, кои напорно работат со нашите членови за да го обезбедат тенисот“, рече претседателот на ИТФ, Дејвид Хагерти.
Спорт
Проблем за Милан, се повреди Рабио

Адриен Рабио (30), незаменлив играч од средниот ред на Милан и француската репрезентација, го повреди листот на левата нога додека играше за репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство. Дополнителните прегледи покажале дека неговиот солеус, клучен мускул во потколеницата, е оштетен.
Рабио ќе паузира околу еден месец. Ова значи дека сигурно ќе ги пропушти натпреварите против Фиорентина, Пиза, Аталанта, Рома и Парма, а прашањето е дали ќе го игра во градското дерби против Интер. Тоа е голем удар за Милан бидејќи Рабио е незаменлив откако пристигна од Марсеј на крајот од летниот преоден рок.
Оттогаш не пропуштил ниту минута во сите пет натпревари на Милан.