Спорт
Нов пораз за Пелистер во ЛШ, ПСЖ победи во Битола

Ракометарите на Еурифарм Пелистер доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Битола, фаворитот ПСЖ ги освои бодовите со победата 31:25 (15:9).
Еурофарм Пелистер немаше никакви шанси во дуелот со четата на поранешниот тренер на Вардар и македонската репрезентација, Раул Гонзалес. Дека во Битола се дојдени по победа, гостите од Париз покажаа на самиот стер, го отворија натпреварот со 5:1, а на полувреме заминаа со предност од шест гола.
Во втроиот дел ПСЖ дојде до највисоката предност на натпреварот 22:14 и потоа фаворитот го намали темпото и се репи само да го контролира резултатот.
Борзаш, Пешевски, Радивојевиќ и Манасков, кој дебитираше за Пелистер постигнаа по три гола. Кај ПСЖ најефикасен беше Полјакот Шипжак со седум, Шпенецот Соле постигна шест гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Кунде ја повредил тетивата ќе го пропушти реваншот против Интер
Фудбалерот на Барселона, Жил Кунде, заработи повреда на тетивата на натпреварот со Интер (3:3).
Репрезентативецот на Франција на крајот од првото полувреме го напушти теренот, му отстапи место на Ерик Гарсија.
Кунде ќе изврши подетални тестови во текот на денот, но според првите информации, повредата е серизна и тој ќе го пропушти реваншот на „Џузепе Меаца“.
Ова значи дека тој ќе го пропушти и „Ел Класико“ во Ла Лига, кое е закажано за 11 мај.
Токму Кунде беше херојот на „блауграната“ минатиот викенд, постигнувајќи го победничкиот гол во финалето на Кралскиот куп (3:2).
Кунде е најстандардниот играч на каталонскиот гигант, а оваа сезона одигра дури 52 натпревари.
Спорт
Суспензија и парична казна за Јилдиз

Фудбалерот на Јувентус, Кенан Јилдиз, беше суспендиран на два натпревари и казнет со 10.000 евра откако удри со лакт играч на Монца во последниот натпревар од Серија А.
„Кенан Јилдиз е суспендиран на два натпревари и казнет со 10.000 евра откако удри со лакт противнички играч додека не беше блиску до топката“, објавија официјалните лица на италијанската Серија А.
19-годишниот турски репрезентативец беше исклучен во судиското продолжение од првото полувреме во неделата поради старт врз гостинскиот играч Алесандро Бјанко.
Во тој дуел, Јувентус беше подобар со резултат од 2:0.
Јилдиз постигна шест гола за Јувентус оваа сезона, а сега ќе мора да пропушти два важни дуели во борбата за место во Лигата на шампионите.
На четири кола до крајот, Јувентус е на четвртата позиција што води во Лигата на шампионите, но има само еден бод повеќе од петтопласираната Болоња, два повеќе од римските клубови Рома и Лацио и три бода повеќе од осмопласираната Фиорентина.
Во следните две кола од Серија А, Јувентус ќе ги гостува кај директните ривали во борбата за Лигата на шампионите, Болоња и Лацио.
Спорт
Мартинез го цени Јамал, но не сака да чуе за споредба со Меси

Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез, беше запрашан пред натпреварот со Барселона дали Ламин Јамал е толку важен за Каталонците како што некогаш беше Лео Меси.
„Нема споредба со Лео, бидејќи тој според мене е најдобриот фудбалер на сите времиња и секогаш ќе биде. Јас дури и нема да правам таква споредба. Можам само да кажам дека Ламин е многу важен играч. Сите го знаеме тоа. Тој е толку млад и веќе придонесува многу. Освои важни трофеи со репрезентацијата. Заслужува поголема почит бидејќи е одличен играч“, рече Мартинез.
Првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите ќе се игра во Барселона од 21 часот.