Спорт
Нов (преоден) тренер, старата Барса – само реми со упорните Алавес
Првиот меч под водство на преодниот тренер Серхи Бархуан не помина најдобро за Барселона, откако на „Ноу Камп“ беа заддржани за 1:1 реми со Депортиво Алавес. Отказот на Роналд Куман можеби ги израдува навивачите на каталонскиот гигант, но мечот против Алавес покажа дека старите проблеми остануваат.
Во првото полувреме, Барселона упати само 3 удари на голот на противникот, а Алавес само еден, а најдраматичниот момент беше тој на Серхио Агуеро, кој во 40. минута мораше да стави предвремен крај на своето деби пред навивачите на „Ноу Камп“, откако по еден дуел се пожали на проблеми со дишењето. На негово место шанса доби Филипе Кутињо.
Мемфис Депај, кој подолго време е еден од ретките играчи на Барселона кој импресионираат во 49. минута ги донесе домаќините во водство, но славјето траеше само 3 минути откако Луис Риоха ја искористи лошата одбрана на Барса за да израмни на 1:1.
Ремито ја остава Барселона на 9. место со 16 поени, осум зад тројните лидери Реал Мадрид, Севилја и Реал Сосиедад. Алавес се 16. со 10 освоени поени.
(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-36-37223”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Влаховиќ ја растажи Подгорица, Французите триумфираа во Даблин

Светскиот вицепрвак Франција стигна и до втора победа во квалификациите за ЕП 2024 откако ја совлада Република Ирска со 0:1 во Даблин. Бенјамин Павар беше стрелец на победничкиот гол за „триколорите“ во 50.минута од мечот.
Србија го доби дуелот со Црна Гора со 0:2, благодарение на Душан Влаховиќ. Напаѓачот на Јувентус беше двоен стрелец. Го отвори резултатот во 78.минута, а потоа и го потврди триумфот во 96.минута.
Шведска немаше милост против Азербејџан и славеше со 5:0, а Австрија со пресврт ја победи Естонија со 2:1.
Чешка не успеа да слави на гости во Кишињев против Молдавија и ремизираше без голови, а Полска ја победи Албанија со 1:0, со голот на Карол Свидерски. Унгарците беа убедливи и со 3:0 победија против Бугарија.
Холандија очекувано го победи Гибралтар со 3:0.
Спорт
Нагелсман ќе го почека отказот на Грем Потер и сака да раководи на „Стемфорд бриџ“

Раководството на Челси го посакува германскиот тренер Јулијан Нагелсман, откри новинарот на „Скај Германија“, Флоријан Плетенберг.
Доколку Потер не успее да постигне подобри резултати со Челси до крајот на сезоната, Тод Боели ќе го разреши. „Сините“ сакаат да му дадат поддршка, тоа го потенцираа неколку пати, но сега дојде моментот кога Челси треба да влезе во серија на позитивни резултати.
Реал Мадрид ќе биде тешка пречка за нив во четврт-финалето од Лигата на шампионите. Тешко е да се поверува дека преку Премиерлигата би можеле да стигнат до ова натпреварување за следната сезона бидејќи моментално се на десеттото место со 38 бода.
Нагелсман веднаш доби понуда и од градскиот ривал Тотенхем. Тој е отворен и за тренерското место во тој клуб, но бидејќи Челси во моментов е финансиски помоќен и е во тек нов проект, Германецот многу лесно би можел да избере да дојде на „Стемфорд бриџ“.
Спорт
Калулу го пропушта дербито против Наполи

Францускиот интернационалец Пјер Калулу ќе го пропушти дербито на Милан против Наполи, лидерот во Серија А, поради повреда на потколеницата. Во соопштението, „росонерите“ велат дека централниот дефанзивец за една недела ќе биде подложен на дополнителни прегледи, но дефинитивно е во аут за дуелот со „наполитанците“.
Калулу се повредил за време на настапите за младата репрезентација на Франција до 21 година.
Милан и Наполи во април ќе се сретнат и во италијанското четвртфинале во Лигата на шампионите.