Спорт
Нов скандал поврзан со претседателот на ФФФ – сексуално вознемирувал фудбалска менаџерка
Претседателот на Фудбалска федерација на Франција (ФФФ), Ноел Ле Грае, е вмешан во нов скандал. По циркузот што го направи со изјавата против Зинедин Зидан, една жена го обвини за сексуално вознемирување.
Во интервјуто дадено за „Лекип“ и за BFMTV во понеделникот, Соња Суид, фудбалска менаџерка, го обвини шефот на францускиот фудбал за неколку несоодветни коментари во периодот меѓу 2013 и 2017 година.
Суид раскажуваше за многубројните покани за вечера, како и за многубројните ноќни повици.
Таа објаснува дека првпат го стапила во контакт со него за нејзината работа во женскиот фудбал во 2013 година. Еден состанок бил закажан во станот на Ле Грае, на кој требало да присуствува и Бриџит Хенрик, тогашната шефица на францускиот женски фудбал. Наместо тоа, кога пристигнала, Соња ја пречекал Ле Грае со две полни чаши шампањ.
Суид рекла и дека не ја зела чашата в рака и дека на претседателот му укажала оти мора да оди со својот свршеник по што Ле Грае ја пуштил да си оди, но потоа продолжил да ја кани на вечера сè почесто. Во тоа време Соња Суид имала 28, а Ле Грае 72.
Менаџерката потоа опишува како Ле Грае редовно испраќал пораки помеѓу 2014 и 2017 година и дека таа не ги прифаќала неговите повици.
„Еднаш ми напиша дека морам да разберам оти треба да влезам во неговиот кревет ако сакам да се остварат моите идеи. Тоа беше шок за мене“, изјави Суид.
Фудбалската менаџерка не успеа да ги задржи солзите во текот на интервјуто.
💬 “Mon président me voit comme deux seins et un cul”
L’agente de sportifs Sonia Souid dénonce sur BFMTV des comportements déplacés de Noël Le Graët ⤵ pic.twitter.com/gj3QZRFRd8
— BFMTV (@BFMTV) January 9, 2023
„Добив огромна шлаканица бидејќи го имав претседателот на Федерацијата, кој и покрај сите мои квалитети, во мене виде само две цицки и еден задник! Бев разочарана од него. Требаше да биде пример, но не беше“.
Тврдењата на Ле Грае дека не знаел да праќа СМС-пораки ја поттикнаа Соња да проговори во медиумите.
„Тој не се плаши од ништо и од никого. Мисли дека е недопирлив, а веројатно тоа е вистина“, рече Свид.
Ова не е прво вакво обвинување против Ле Грае бидејќи во септември минатата година и неговите вработени се пожалија на неговото однесување. Според нив, фудбалскиот функционер им испратил непристојни пораки, а тој самиот ги отфрлил овие обвинувања.
Меѓу другото, Ле Грае последниве денови беше вмешан во скандал со невкусните коментари упатени кон легендата на Франција, Зинедин Зидан. Имаше силна реакција на неговите коментари и претседателот на францускиот фудбал беше принуден да се извини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Чешка го слави 19-годишниот Методеј Јилек
Со спектакуларно лизгање, Методеј Јилек и го донесе вториот златен медал за Чешка на Зимските олимписки игри во Милано.
Во трката на 10.000 метри во брзо лизгање, тој ја запре штоперицата на 12:33,42 и го постигна најубедливиот триумф во досегашниот тек од натпреварите во оваа дисциплина.
За чешкиот тинејџер, кој има само 19 години, ова е втор медал во Милано. Тој веќе го освои среброто на 5.000 метри.
Во сенка на сензационалниот Чех остана Полјакот Владимир Семируниј, кој стигна до среброто со заостанување од 5,65 секунди, додека бронзата му припадна на ветеранот, 40-годишниот Холанѓанец, Јорит Бергсм.
Foto/ EPA
Спорт
Игор Тудор ќе го води Тотенхем
Хрватскиот тренер Игор Тудор се согласи да ја преземе клупата на Тотенхем како привремено решение до крајот на сезоната. Тудор доаѓа откако Томас Франк беше отпуштен претходно оваа недела по лошата серија резултати што го остави клубот на 16-то место во Премиер лигата, само пет бода над зоната за испаѓање.
Извори велат дека одборот на Спарс сакал да назначи привремен менаџер пред играчите да се вратат на тренинзите во понеделник.
Последниот ангажман на Тудор беше во Јувентус, каде што помина седум месеци. Тој го презеде тимот во март минатата година како привремен тренер и забележа само еден пораз во девет натпревари до крајот на сезоната, обезбедувајќи му мест на клубот во Лигата на шампионите. Тој успех му донесе долгорочен договор.
Откако беше елиминиран во осминафиналето на Светското клупско првенство од Реал Мадрид, Јувентус ја отвори сезоната во Серија А со три победи, но следеше серија од осум натпревари без победа во сите натпреварувања. Тој беше отпуштен во октомври 2025 година по поразот од Лацио, оставајќи го клубот на осмото место на табелата.
Сепак, ситуацијата за следната сезона сè уште не е целосно дефинирана. Италијанскиот новинар Фабрцио Романо наведува дека Роберто Де Зерби и Маурисио Покетино се главните кандидати за трајно решение на клупата на Тотенхем по завршувањето на актуелната сезона.
Тудор го презема тимот во деликатен момент, со задача да го стабилизира тимот и да го извлече максимумот од сезоната, додека раководството ќе донесе конечна одлука за долгорочниот проект на лето.
Foto/ depositphotos
Спорт
Брентфорд го продолжи договорот со Игор Тијаго
Бразилскиот фудбалер Игор Тиаго го продолжи договорот со Брентфорд, објави англискиот клуб.
Со новиот договор, Тиаго би можел да остане во редовите на Премиер лигата до летото 2031 година, со можност за продолжување на соработката за уште една сезона.
Веста за продолжувањето доаѓа откако Премиер лигата го прогласи за најдобар играч во јануари. Тиаго постигна пет гола на пет натпревари во јануари, со што ја освои наградата за најдобар играч на месецот во Премиер лигата по втор пат оваа сезона.
Во тој период, Брентфорд забележа две победи, едно реми и два порази, и моментално е на седмото место на табелата во Премиер лигата со 40 бода.
Тиаго (24) пристигна во Брентфорд во 2024 година од Клуб Бриж, а пред тоа играше за Лудогорец и Крузеиро.
Бразилскиот фудбалер одигра 26 натпревари за англискиот клуб во сите натпреварувања оваа сезона и постигна 18 голови.
Foto/ depositphotos

