Спорт
Нова фудбалска инвестиција во Париз – ПСЖ ќе добие конкурент
Кралството Бахреин откупи 20 отсто од акциите на Фудбалскиот клуб Париз. Ова претстатвува нова инвестиција од Блискиот исток во европскиот фудбал.
Лига 2 се огласи со соопштение во кое ја извести јавноста дека вадата на Бахреин има желба да спонзорира тимот од „градот на светлината“ со цел да го зголеми угледот и имиџот на клубот во светот.
Исто така се додава дека главна цел во наредените три години ќе биде Париз да обезбеди пласман во Лига 1.
Париз ФЦ е основан на почетокот на седумдесеттите години на минатиот век, кога реши да се оддели од Пари Сен Жермен.
Пари Сен Жермен од основањето до 2011 година успеаја да освојат само две титули во Франција (1986 и 1994 година). Од 2011 година кога во клубот влегоа богатите сопственици од Катар „светците“ доминираат во Лига 1.
Сличен план имаат и новите сопственици на Париз ФЦ. Овој клуб последен пат во Лига 1 играл во 1974 година. Оваа сезона во последен момент Париз ФЦ се спаси од испаѓање во понизок ранг, во Лига 2 го освоија 17 место со 28 бодови.
Инаку, во моментов мнозински сопственик на Париз ФЦ е Пјер Ферачи, тој поседува 77 отсто од кациите на клубот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Абердин ќе бара 8.000.000 фунти за Миовски
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, во летниот преоден рок ќе го напушти Абердин. Шкотските медиуми пишуваат дека интерес за Македонецот покажале великаните не само на шкотскиот туку и на европскиот фудбал, Ренџерс и Селтик. Според овие извори поголем интерес постои кај „полицајците“.
Глазгов Ренџерс подолг период внимателно го следи Миовски, кој ја игра најдобрата сезона во кариерата. Во сите натпреварувања, Миовски одигра 48 натпревари, постигна 24 гола.
Цената која треба да ја издвојат заинтересираните клубови изнесува 8.000.000 фунти.
Покрај Ренџерс и Селтик, интерес за Миовски наводно има и кај Феенорд. Актуелниот освојувач на Купот на Холандија, бара замена во нападот за Мексиканецот Хименес, кој извесно е дека ќе го напушти клубот.
Спорт
Наз Рид најдобра резерва во НБА лигата
Центарот на Минесота Тимбервулвс, Наз Рид, ја доби нагрдата за најдобар шест играч во НБА лигата.
Рид, од експертите добил 352 гласа, десет повеќе од бекот на Сакраменто Кингс, Малик Монк.
Наз Рид, во регуларниот дел од сезоната имаше просек од 13,5 поени, 5,2 скока и 1,3 асистенции во 81 одигран натпревар. На 67 натпревари тој влегуваше од клупата, како замена за Руди Гобер или Карл Ентони Таунс.
Тимбервулфс на крајот го освоија третото место во Западната конференција со скор од 56 победи и 26 порази.
Во четврток ќе биде доделена наградата „Клач играч на годината“, односно играч кој бил најдобар во клучните моменти, тука финалисти се Стеф Кари, Демар Дерозан и Шеј Гилџис-Александер.
Наградата за тренер на годината се доделува во недела, а меѓу финалистите се Мајк Дагно од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.
Спорт
ФА го казни Компани
Менаџерот на Барнли, Винсент Компани е казнет од челниците на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА).
Причината за казната е неговото однесување на натпреварот од Премиер лигата со Челзи на „Стемфорд Бриџ“.
Компани неколку пати го нарекол судијата Дарен Ингланд „е.ен измамник“, откако претходно досуди пенал за Челзи во 40. минута.
Поради непримерното однесување Компани доби црвен картон.
Компани ќе треба да плати 10.000 фунти и нема да може да го води тимот во два натпревари.