Спорт
Нова провокација од Шекил кон Руди Гобер

Еден од најдобрите центри во историјата на НБА-лигата, Шекил О’Нил, продолжи да го провоцира кошаркарот на Јута, Руди Гобер. Шекил пред неколку дена ги критикуваше челниците на Јута што му дале супермакс-договор на Гобер, вреден 205 милиони долари. Според него, играч што во просек постигнува по 11 поени од натпревар не заслужува таков договор.
„Не сакам никого да критикувам, но ова би можело да биде инспиративна приказна за сите деца. За само 11 поени од натпревар можете да добиете 200 милиони долари“, рекол О’Нил.
Некогаш најдоминантниот центар во НБА продолжил со критиките.
„Јас би имал 45 поени, 16 скока и со десет промашени слободни фрлања за три четвртини. Тој би имал 11 поени, четири скока и би го завршил мечот поради шест лични грешки во третата четвртина“, напишал Шекил на „Инстаграм“ и приложил со фотомонтажа како тој во дресот на Лејкерс забива преку Гобер.
Францускиот репрезентативец му одговорил на оваа провокација.
„Ако продолжат да зборуваат негативно за мене или го омаловажуваат она што го работам, тоа само ќе покаже какви личности се. Јас секогаш ќе бидам среќен кога ќе успеам да ги надминам очекувањата. Јас ќе продолжам да работам и да ги надминувам очекувањата“, напишал Гобер.
Од почетокот на сезоната Гобер има просек од 15,5 поени и 13,7 скока од натпревар. Јута има скор од четири победи и два пораза.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Атлетико се најсилни на празниот „Ванда Метрополитано“

Коронавирусот ги „избрка“ навивачите од трибините. На некои тимови не им претставува проблем, што ги играат домашните натпревари, пред празни трибини. Таков пример е лидерот во Ла Лига, Атлетико Мадрид.
Според истражувањето на Институтот за спортска историја и статистика (ЦИЕС), Атлетико, сезонава, на домашен терен победиле на 86,7 отсто од натпреварите. Ниту еден клуб, во најсилните пет национални шампионите во Европа, нема ваков учинок.
Блиску до Атлетико е градскиот ривал Реал. Играчите на Зинедин Зидан победиле на 85,7 отсто од натпреварите на домашен терен. Следуваат Баерн Минхен (83,3%) и Манчестер сити (81,3%), само уште два клуба забележале успешност од повеќе од 70 отсто на домашен терен: ПСЖ (72,7%) и Ливерпул (71,4%).
Апсолутни рекордери се Гразгов Ренџерс (Шкотска) и Боде (Норвешка), кои победиле на сите домашни мечеви оваа сезона. Од друга страна ниту една победа на домашен терен не забележале Депортиво Мунисипал (Перу), Вегалта Сендај (Јапонија), Далјен Про (Кина), Зоб Ахан (Иран), Келн (Германија), Дижон (Франција), Лингби (Данска), Ал Јармук (Кувајт) и Ал Итихад (Египет).
Погледнете ја комплетната листа на ЦИЕС.
Спорт
Кирјос: Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс

Се случи и тоа. Ник Кирјос има позитивен коментар за Новак Ѓоковиќ. Кирјос, кој минатата недела го нарече Ѓоковиќ „будала“, во интервју за американската телевизиска мрежа Си-ен-ен, рекол дека „Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс“.
Кирјос, во интервјуто истакнал дека се чувствува сигурно во пресрет на првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен. Тој рекол дека Ѓоковиќ мора да се однесува одговорно, бидејќи е пример за останатите играчи.
„Мислам дека е важно да се повикаат играчите на одговорно однесување, особено тоа треба да важи за оној кој е лидер на нашиот спорт“, рекол Кирјос.
„Технички, Ѓоковиќ е нашиот Леброн Џејмс, мора да им дава пример на останатите тенисери. Едноставно не беше вистинското време да го прави она што тој го правеше во екот на пандемијата. Сите ние правиме грешки и за нив треба да одговараме. Мораме да бидеме одговорни. Ние сме колеги, се натпреваруваме едни против други, но никој друг не го прозва за она што го правеше со својот турнир“, заклучил Кирјос.
Првиот Гренд слем во сезоната ќе започне на 8.февруари.
Спорт
РФМ и Данило Брестовац спогодбено се разделија

Данило Брестовац повеќе не е селектор на ракоемтната репрезенатција на Македонија. Селекторот и Ракометната федерација на Македонија (РФМ) договориле спогодбен раскин на договорот.
„Ракометната федерација на Македонија би сакала да ја извести јавноста дека македонската куќа на ракометот и г. Данило Брестовац, на 26 јануари 2021 г., взаемно се спогодија да ја прекинат соработката околу ангажманот на машките ракометни сениори“, стои во соопштението што го објави РФМ на својата интернет страница.
Данило Брестовац ја извршуваше оваа функција во период јуни 2019 – јануари 2021 година.
Брестовац ја предводеше Македонија на две големи натпреварувања, на Европското првенство во 2020 година, не успеа да ја мине фазата по групи, го освои 15.место, додека на Светското првенство кое се уште е во тек, заврши на 23.позиција.
Фото/macedoniahandball.com.mk
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот