Спорт
Нова сензација во Њујорк, елиминиран Каспер Руд

Минатогодишниот финалист на ју-ес опен, Каспер Руд, оваа година доживеа сензационална елиминација во второто коло на грен слем турнирот во Њујорк.
Моментално петтиот тенисер во светот е поразен по пет сета од Кинезот Жижен Жанг со резултат 6:4, 5:7, 6:2, 0:6, 6:2.
Руд, кој сезонава го освои само Есторил, со овој пораз во второто коло ќе доживее пад од најмалку четири позиции на АТП листата.
Неодамна на Ролан Гарос, Жанг успеа да освои еден сет против Руд, а сега успеа да го победи после три часа и 21 минута голема борба.
Негов следен ривал ќе биде Ринки Хиџиката.
Инаку, Руд е уште еден од Топ 10 играчи кои беа елиминирани, а кои беа во делот на костурот каде што се наоѓа Новак Ѓоковиќ.
Малку порано беа елиминирани Холгер Руне и Стефанос Циципас, а во ждрепката останаа Американците Френсис Тиафо и Тејлор Фриц.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Еступињан во Милан за 17,5 милиони евра

Еквадорскиот фудбалер Первис Еступињан (27) е нов член на Милан, објави седумкратниот европски шампион.
Еступињан ќе биде првиот Еквадорец во Милан. Тој потпиша договор со „росонерите“ до јуни 2030 година.
Цената на трансферот не беше откриена, но италијанските и англиските медиуми објавија дека Брајтон ќе добие фиксна сума од 17,5 милиони евра, плус потенцијални два и пол милиони преку бонуси.
Пред Брајтон, Еступињан играше и за Виљареал, Гранада, Осасуна, Алмерија, Мајорка, Вотфорд и во својата татковина за ЛДУ Кито.
Еступињан, кој ќе го носи дресот со број два во Милан, е стандарден играч за еквадорската репрезентација од 2019 година, има одиграно 48 натпревари, постигнал три гола.
Foto/ facebook.com/ACMilan
Спорт
Олимпискиот првак потопен во Сингапур, Грција ја освои бронзата на СП

Грција во голем стил го освои бронзениот медал на Светското првенство во ватерполо. Во Сингапур, Грција во „малото финале“ ја декласира Србија со 16:7 (2:2, 6:0, 3:3, 5:2). Грција го освои петтиот медал на Мундијалите (вкупно четврта бронза, имаат и едно сребро), додека Србија нема медал на планетарните шампионати од 2017 година.
Олимпискиот првак Србија доживеа еден од најтешките порази во историјата, на големите натпреварувања. Грците беа на едно туку на два или три ниво повеќе од противникот.
По изедначената прва четвртина, Србите потонаа во втората, не постигнаа гол, примија шест. Тука практично Грците го решија натпреварот. Дилемите околу евентуалното изненадување, беа разрешени по три минути игра кога Грција дојде до предност 10:2.
Нестварно звучи податокот дека Србија имаше реализиција од 20 отсто и дека најдобрите играчи: Ранѓеловиќ, Чук, браќата Рашовиќ и капитенот Јакшиќ не постигнаа ниту еден гол.
Најрасположен беше најмладиот во тимот, Мартиновиќ со четири гола.
Грците, пак ги решаваа сите предизвици со невидена леснотија и целосно ја растурија одбраната на Србија. Дури и 16 постигнати гола против репрезентација која се смета за една од најдобрите на планетата е голем подвиг.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Кирјос повторно удри по Синер: Измамени сме, дами и господа

Австралискиот тенисер Ник Кирјос не престанува да го критикува Јаник Синер по скандалот со допинг.
Синер двапати не го помина тестот минатата сезона поради клостебол, а на почетокот на оваа година отслужи тримесечна суспензија.
Италијанецот го отпушти Умберто Ферара, тренерот за кондиција вклучен во скандалот, пред последниот почетокот на Ју-ес опен минатат година, но во меѓувреме одлучи да го врати во тимот.
„За жал, ова не е Тенис Центар“, напиша Кирјос на социјалната мрежа „X“, осврнувајќи се на страницата што „измислува“ тениски вести.
После тоа имаше уште еден коментар.
„Го врати истиот доктор. Измамени сме, дами и господа“, додаде Киргиос.
Фото/ Принтскрин
Unfortunately this isn’t @TennisCentel https://t.co/zawOhkz7KQ
— Nicholas Kyrgios (@NickKyrgios) July 23, 2025