Спорт
Новак го декласираше Циципас, следен е Димитров!

Првиот носител на Мастерсот во Париз и сè уште актуелен светски тенисер број 1, Новак Ѓоковиќ, имаше совршена одмазда против Стефанос Циципас, дозволувајќи му само три гема во 6:1/6:2 тениската лекција во четврт-финалето во Берси.
Циципас на Мастерсот во Шангај успеа со пресврт да го совлада Ѓоковиќ и да направи позитивен скор против него (2:1), но во Париз овој пат немаше шанси против расположениот Србин, кој првиот сет го освои за само 29 минути, а целиот меч го комплетираше за неполн час (59 минути).
За финале Ѓоковиќ ќе се бори со најдобриот бугарски тенисер Григор Димитров, кој со 6:2/7:5 го победи Чилеанецот Кристијан Гарин. Во другите две четврт-финалиња вечерва се среќаваат Рафаел Надал и домашниот фаворит Жо-Вилфрид Цонга, односно Гаел Монфис и Денис Шаповалов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Чичарито казнет за сексистички коментари

Мексиканскиот фудбалер Хавиер Ернандез Чичарито (37) е казнет за сексистички коментари на социјалната мрежа „ТикТок“.
Мексиканската фудбалска федерација (FMF) го казни најдобриот стрелец на сите времиња во националниот тим за објавување видеа што промовираат родови стереотипи.
„Пред неколку дена, на социјалната мрежа „ТикТок“, Хавиер Ернандез даде коментари што промовираат родови стереотипи, се сметаат за медиумско насилство и се спротивни на родовата еднаквост во спортот“, се вели во заедничкото соопштение на Мексиканската фудбалска федерација (FMF) и главните мексикански машки и женски лиги.
Комисијата за родови прашања и различност на FMF започна истрага во понеделник со цел спречување и казнување на ова однесување од страна на поранешниот играч на Манчестер јЈунајтед.
Донесена е одлука да се казни стрелецот со 52 гола на 109 настапи за Мексико и да се предупреди дека може да се изречат построги санкции во случај на повторување на прекршокот.
Чичарито минатиот викенд објави видеа во кои ги повикува жените да „дозволат да бидат водени од маж“ и ги обвинува за „искоренување на машкоста“.
Играчот, кој е во Чивас од јануари 2024 година, исто така рече дека општеството станало „пречувствително“ и ги доведува во прашање феминистичките концепции за улогите во семејството.
Foto/ EPA
Спорт
Еступињан во Милан за 17,5 милиони евра

Еквадорскиот фудбалер Первис Еступињан (27) е нов член на Милан, објави седумкратниот европски шампион.
Еступињан ќе биде првиот Еквадорец во Милан. Тој потпиша договор со „росонерите“ до јуни 2030 година.
Цената на трансферот не беше откриена, но италијанските и англиските медиуми објавија дека Брајтон ќе добие фиксна сума од 17,5 милиони евра, плус потенцијални два и пол милиони преку бонуси.
Пред Брајтон, Еступињан играше и за Виљареал, Гранада, Осасуна, Алмерија, Мајорка, Вотфорд и во својата татковина за ЛДУ Кито.
Еступињан, кој ќе го носи дресот со број два во Милан, е стандарден играч за еквадорската репрезентација од 2019 година, има одиграно 48 натпревари, постигнал три гола.
Foto/ facebook.com/ACMilan
Спорт
Олимпискиот првак потопен во Сингапур, Грција ја освои бронзата на СП

Грција во голем стил го освои бронзениот медал на Светското првенство во ватерполо. Во Сингапур, Грција во „малото финале“ ја декласира Србија со 16:7 (2:2, 6:0, 3:3, 5:2). Грција го освои петтиот медал на Мундијалите (вкупно четврта бронза, имаат и едно сребро), додека Србија нема медал на планетарните шампионати од 2017 година.
Олимпискиот првак Србија доживеа еден од најтешките порази во историјата, на големите натпреварувања. Грците беа на едно туку на два или три ниво повеќе од противникот.
По изедначената прва четвртина, Србите потонаа во втората, не постигнаа гол, примија шест. Тука практично Грците го решија натпреварот. Дилемите околу евентуалното изненадување, беа разрешени по три минути игра кога Грција дојде до предност 10:2.
Нестварно звучи податокот дека Србија имаше реализиција од 20 отсто и дека најдобрите играчи: Ранѓеловиќ, Чук, браќата Рашовиќ и капитенот Јакшиќ не постигнаа ниту еден гол.
Најрасположен беше најмладиот во тимот, Мартиновиќ со четири гола.
Грците, пак ги решаваа сите предизвици со невидена леснотија и целосно ја растурија одбраната на Србија. Дури и 16 постигнати гола против репрезентација која се смета за една од најдобрите на планетата е голем подвиг.
Фото/ Принтскрин