Спорт
Новак по петти пат „Мастер“ во Париз, но го губи првото место на АТП листата
Новак Ѓоковиќ стигна до својата петта титула од Мастерсот во Париз, откако во финалето ја сопре одличната низа на младиот Канаѓанец, Денис Шаповалов, победувајќи со 6:3/6:4.
Но, и покрај овој успех, Србинот утре ќе го загуби првото место на АТП листата од шпанскиот ривал Рафаел Надал, кој се повлече од турнирот во Берси пред закажаното полуфинале токму со Шаповалов, кој минатиот викенд ја освои титулата од Стокхолм. Ова е 77. трофеј во блескавата кариера на Србинот и неверојатна 34. Мастерс 1000 титула.
Турнирот во Париз беше последен редовен турнир од АТП турнејата, и сега преостанува само финалето на сезоната на АТП финалето во Лондон, каде што ќе играат осумте најдобри тенисери во 2019, вклучувајќи ги Ѓоковиќ и Надал.
Ѓоковиќ почна мотивирано и со два брзи брејка дојде од 4:1 водство, пред рутински да го освои сетот за помалку од половина час игра. Во вториот сет, Шаповалов играше малку подобро, но Ѓоковиќ успеа да направи брејк за 4:3 водство кое потоа беше доволно а рутинска победа.
Novak wins in Paris! @DjokerNole captures his 5th @RolexPMasters title with a 6-3, 6-4 win over Shapovalov.
Djokovic inches even closer to ending 2019 at No. 1.#RolexParisMasters pic.twitter.com/Gm5TURlHVt— Tennis Channel (@TennisChannel) November 3, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

