Спорт
Новинарите го избраа Салах за играч на сезоната во Англија

Напаѓачот на Ливерпул Мохамед Салах е прогласен за најдобар фудбалер на сезоната во Англија, во традиционалната анкета на Фудбалската асоцијација (FWA). Нагрдата на англиските новинари Салах ја добива втор пат во кариерата. Претходно награда ја доби во 2018 година.
Салах во анкетата доби 48 отсто од гласовите. На второто место според гласовите е играчот од средниот ред на Манчестер сити, Кевин Де Брујн, а трет е Деклан Рајс, играчот од средниот ред на Вест Хем. Салах оваа има сезона постигнал 30 гола и забележал 14 асистенции на 44 натпревари во сите натпреварувања.
За најдобра фудбалерка е прогласена, Сем Кер од Челси. Австралијката е најдобар стрелец во Супер лигата со 18 гола. Наградите Салах и Кер ќе им бидат доделени на 5 мај.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лиевски го објави спискот за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на Македонија, Благоја Милевски, го објави списокот за првите два натпревари во квалификациите за пласман на Светското првенство.
Очекувано селекторот не сакаше да експериментира, со проверени сили ќе ги дочека дуелите со Лихтенштајн во гости на 22. март и со Велс дома три дена пдоцна.
Дебтант на спискот е само ЛУка Станковски кој има добра сезона во дресот на раднички од Крагуевац, а откако се врати во составот на Горица, повик доби и Агон Елези.
Спорт
Гулер од следната сезона во Бундес лигата или Серија А

По блескавите настапи на Арда Ѓулер (19) за Турција на Европското првенство во Германија, се очекуваше дека младиот играч за врска ќе блесне оваа сезона во дресот на Реал Мадрид. Прогнозите се едно, а реалноста друго. Гулер не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти.
Гулер оваа сезона забележа 30 настапи за Реал, но најчесто влегуваше на теренот од клупата за резерви.
Изминатите недели, медиумите се почесто пишуваат дека Гулер по завршвањето на сезоната ќе го напушти Реал. Нејасно е само дали Реал ќе го продаде фудбалерот за кого во 2023 година на Фенербахче му плати 20.000.000 евра или ќе биде испратен на позајмица.
Германски „Билд“ пишувашедека Лајпциг и Баер Леверкузен сакаат да го позајмат Гулер од Реал.
Шпанскиот весник „Релево“ во приказната ги додаде и италијанските гиганти Интер и Милан, кои наводно ќе се обидат да го купат, додека „Мундо Депортиво“ пренесува дека има и клубови од Премиер лигата кои покажале интерес за Гулер.
Според „Трансфермаркт“, Ѓулер моментално вреди 45.000.000 евра.
Спорт
Надал ги спореди Федерер и Ѓоковиќ

Рафаел Надал, прв пат по пензионирањето проговори за ривалства што ги имаше во текот на кариерата со Роџер Федерер и Новак Ѓоковиќ. Надал има позитивен скор во дуелите со Федерер, негативен во дуелите со Ѓоковиќ.
„Натпреварите против нив двајца беа сосема тактички различни“, објасни Надал во подкастот на Енди Родик.
„Со Роџер тактиката беше едноставна. Затоа моето ривалство со Федерер беше попривлечно за навивачите отколку со Новак, иако повеќе пати во кариерата играв против Ѓоковиќ“.
Надал вели дека тој и Федерер секогаш имале различни тактитки.
„Тој пробуваше едно, јас друго“, продолжува Надал, кој се пензионираше во ноември, на завршниот турнир во Дејвис купот во Малага.
„Целта ми беше да му го скршам бекхендот. Цело време бев фокусиран на тоа. Тој се обидуваше да игра паралели од две причини. Без разлика дали ќе постигне директен поен, тој создаваше создаваше повеќе простор за себе. Целта на Роџер беше да биде поагресивен, секој пат кога ќе погодеше форхенд, јас се враќав чекор назад. Објаснувањето е едноставно, за мене неговиот форхенд беше најдобриот против кој сум играл. Тоа беше шаховса партија во која немаше тајни. Цел свет знаеше која е стратегијата“.
Против Ѓоковиќ се било поразлично.
„Немаше толку јасна стратегија против Новак како што имаше против Федерер. Можевме да направиме план, но секогаш се сведуваше на тоа дека треба да играм одлично на долг период. Знаев и дека морам постојано да се прилагодувам. Не сакав да нападнам неговиот бекхенд бидејќи рано ја удираше топката и ме ставаше во комплицирана позиција. Почнав да користам бекхенд дроп шут, што понекогаш функционираше добро“, рече Надал и дополни.
„Исто така, се обидов да играм повеќе низ средината, за да не му ги оставам аглите отворени. Ако го отворите теренот против Ѓоковиќ и не стекнете предност, му давате шанса да игра како што сака. Кога станува збор за контрола на топката, тој е најдобриот тенисер против кого сум играл и сум го гледал“.
Надал кариерата против Ѓоковиќ ја заврши со 29 победи и 31 пораз, прптив Федерер има 24 победи и 16 порази.