Спорт
Новиот документарец тврди: Шуми е во вегетативна состојба, нема да има подобрување

Документарниот филм „Михаел Шумахер: Во потрага за вистината“ на француската ТВ-мрежа „РМЦ“ се обидува да најде повеќе детали за состојбата на седумкратниот Формула 1 шампион, откако неговото семејство успешно речиси седум години го крие од очите во јавноста во нивниот дом во Швајцарија.
Заклучокот на повеќе лекари и невролози е единствен – тој се наоѓа во вегетативна состојба, од кој нема да има подобрување.
Шумахер доби сериозни повреди на мозокот при падот на скијање во декември 2013 на Француските Алпи. Досега е јавно објавено само дека тој е разбуден од комата, но другите детали се непознаница.
Според докторот Ерих Ридерер од клинината во Цирих, главниот проблем е што тој имал операција на мозокот предоцна.
„Неврохирурзите секогаш велат дека времето е мозок, што значи дека мора да реагирате пребргу. Според моето мислење, операцијата се случи предоцна и се дозволи да се уништи премногу од неговата мозочна маса. Тој сега е во вегетативна состојба. Што значи точно тоа? Тој е буден, но не реагира. Дише, неговото срце бие, најверојатно може да седи сам и да прави чекори со помош. Мислам дека тоа е максимумот. Дали има шанси за опоравување? Не верувам“, вели Ридерер.
Францускиот доктор за итни случаи, Жералд Кирзек се согласува со оценката.
„По повеќе од шест години во состојба со сериозна повреда на главата, најверојатно врзан за кревет и со атрофирани мускули е тешко да се очекува било какво подобрување“, Веки Кирзек.
Францускиот писател, Лук Доменжоз, кој во минатото објави автобиографија на Германецот исто така очекува дека нема да го видиме Шумахер во јавноста.
„Мислам дека неговиот живот нема да трае долго, бидејќи телото му е многу ослабено“, вели Доменжоз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Ѓоковиќ со мали проблеми успешно стартуваше на Вилблдон

Фото/ EPA/NEIL HALL
Новак Ѓоковиќ успешно го помина првото коло на Вимблдон по 20-ти пат во својата кариера.
На почетокот од турнирот, кој го освои седум пати, шестиот играч во светот го победи Александер Муле со 3-1, во сетови 6:1, 6:7 (7), 6:2, 6:2.
Новак се мачеше во одредени моменти, му подаруваше поени на својот ривал, бараше медицински тајм-аут, но по речиси три часа и 20 минути игра, забележа победа.
Првиот, третиот и четвртиот сет минаа во доминација на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер самиот си направи проблеми во вториот сет. Ѓоковиќ пропушти дури 11 брејк топки и шест сет топки за предност од 2:0, а во тај-брејкот испушти предност од 5:2 и буквално му го подари сетото на Муле, 41-ви на АТП листата. .
Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против домашниот тенисер, Даниел Еванс.
Спорт
(Видео) Гонзало Гарсија го одведе Реал во четвртфиналето

Фото/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД по минималната победа над Јувентус.
Дерби натпреварот од оваа фаза од натпреварувањето, одигран на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, заврши со резултат 1:0 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Гонзало Гарсија во 54-та минута.
Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето како победник во Групата Х, додека Јувентус заврши втор во Групата Г зад Манчестер сити.
Во првото полувреме немаше голови, иако играчите на двата тима имаа шанси во неколку ситуации, пред сè Рендал Коло Муани (Јувентус), Џуд Белингам и Феде Валверде (двајцата Реал Мадрид).
Во продолжението, се започна со иницијатива на шпанскиот тим (шанси на Белингам и Хујсен), а во 54-та минута, конечно беше затресена италијанската мрежа: Стрелец беше 21-годишниот напаѓач Гонзало Гарсија Торес, кој сè повеќе му се наметнува на Чаби Алонсо.
Тој скокна високо по центаршутот на Трент Александар Арнолд и го совлада одличниот голман Микеле Ди Грегорио.
Тоа беше неговиот трет гол и сега е најдобар стрелец на Реал на Светското клупско првенство.
Реал имаше повеќе можности во остатокот од натпреварот, но Ди Грегорио повторно се истакна и ги сопре обидите на Валверде, Арда Гулер и Чуамени.
Реал Мадрид ќе игра во четвртфиналето на 5 јули во Њу Џерси против победникот од последниот осминафинален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Таа средба започнува во три часот по полноќ.
Сите четвртфинални парови
4 јули, Пасадена: Палмеирас (Бразил) – Челзи (Англија)
4 јули, Орландо: Флуминенсе (Бразил) – Ал Хилал (Јужна Арабија)
5 јули, Атланта: ПСЖ (Франција) – Баерн (Германија)
5 јули, Њу Џерси: Реал (Шпанија) – Дортмунд (Германија) / Монтереј (Мексико)
Спорт
Ден полн со големи изненадувања: Зверев и Коко Гоф си одат дома

Foto/ EPA/DANIEL HAMBURY
Вториот ден од Вимблдон донесе голем број интересни натпревари, но и неколку изненадувања. Сензационални елиминации доживеаја третиот носител кај мажите, Александар Зверев и втората носителка во женска конкуренција Коко Гоф.
Во натпревар што траеше два дена, Артур Риндеркнеч го победи третиот играч во светот, Александар Зверев со 7:6 (3), 6:7 (8), 6:3, 6:7 (5), 6:4 по четири часа и 42 минути игра. За неверување е податокот францускиот тенисер не му дозволи на Зверев ниту една брејк топка.
Дарија Јастремска направи големо изненадување елиминирајќи ја втората тенисерка во светот, Коко Гоф. Украинката, која моментално е 42-ра на ВТА листата, против актуелната шампионка на Ролан Гарос славеше со 7:6 (3), 6:1 за прв триумф против Американката, во нивниот четврти меѓусебен дуел.
Негова следна противничка ќе биде Захарова.