Спорт
Њукалс го сака Малдини за спортски директор
Њукасл јунајтед е во потрага по нов спортски директор, а според италијанските и англиските медиуми главен кандидат е Паоло Малдини (55). Се поизвесно е дека актуелниот спортски директор на „страчките“, Ден Ешворт ќе се пресели на „Олд Трафорд“.
Неговиот договор истекува во 2026 година, но Манчестер јунајтед го бара веднаш и е подготвен да плати околу 10 милиони евра обештетување. Њукасл јунајтед бара 20 милиони, но веројантно на крајот клубовите ќе постигнат договор.
Малдини моментално е без договор, одби неколку понуди од Саудиска Арабија и стави до знаење дека е подготвен да започне нова авантура во некој европски клуб. Њукасл би можел да биде совршено решение бидејќи би му овозможило на Малдини да дојде во клуб кој нема финансиски проблеми.
Според „Газета дело Спорт“, Малдини многумина го сметаат за „тивок и компетентен глас на авторитет“ и е високо ценет од играчите кои го гледаат како икона на светскиот фудбал.
Англичаните наведуваат дека прв избор Њукасл е Малдини, веднаш потоа Пол Мичел, поранешен играч на Саутемптон. На листата на кандидати се и Руи Педро од Бенфика, поранешниот спортски директор на Рома, Тиаго Пинто и спортскиот директор на Спортинг Уго Вијана.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

