Спорт
Њукасл бара 180 милиони за Александер Исак

Александер Исак (25) игра во блескава форма во Премиер лигата. Напаѓачот на Њукасл и постигна седум гола на последните шест натпревари, со што дојде до бројка од 11 првенствени голови на 16 одиграни натпревари. Има и четири асистенции.
Исак веќе извесно време се поврзува со бројни европски великани. Арсенал сериозно се интересираше минатото лето, во пресрет на зимскиот преоден рок се огласи Челзи, а се споменува и Пари Сен Жермен.
Британски „Телеграф“, наведува дека не треба да се исклучи интересот на Реал Мадрид и Барселона. Како и да е, кој сака да го донесе ќе мора одвои еден куп пари.
Според овој извор, Њукасл за Исак бара дури 180 милиони евра. Иста сума му плати ПСЖ на Монако за Килијан Мбапе и тоа засега е втор најскап трансфер во историјата на фудбалот. Повеќе пари чинеше само трансферот на Нејмар од Барселона во ПСЖ (222 милиони).
Овој потег на Њукасл не треба да чуди со оглед на тоа што клубот е во сопственост на Саудиска Арабија и нема финансиски проблеми.
Њукасл му плати на Реал Сосиедад 70 милиони евра за Исак во летото 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.