Спорт
Нуно Есипирто Санто се врати во Премиер лигата

Фудбалскиот клуб Нотингем Форест денеска потврди дека нов менаџер на тимот е Нуно Еспирито Санто.
Оваа вест беше објавена еден ден претходно, кога Форест го отпушти Стив Купер, по серијата лоши резултати.
За негов наследник е избран Санто, кој се враќа во Премиер лигата, каде претходно ги водеше Вулверхемптон и Тотенхем.
Тој остави многу подлабока трага во Вулвс, а во својата последна сезона успеа да стигне до седмата позиција на табелата.
За разлика од Вулверхемптон во Тотенхем не се прослави и доби отказ по само четири месеци.
По Тотенхем, Нуно Еспирито Санто замина во Саудиска Арабија, но и таму не се прослави, бидејќи исто така остана само четири месеци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фергусон ќе го предводи нападот на Рома

Ирецот Еван Фергусон (20) е нов член на Рома, објави римскиот клуб.
Напаѓачот ќе ја помине следната сезона во Рим како позајмен играч, по што Рома ќе мора да го откупи за 38 милиони евра.
Новиот член на Рома постигна 17 гола на 80 натпревари за Брајтон од 2021 година.
Вториот дел од претходната сезона го помина во Вест Хем, одигра осум натпревари без постигнат гол.
Фергусон одигра 22 натпревари за репрезентацијата на Република Ирска од 2022 година, постигнувал пет гола.
Фото/ asroma.com
Спорт
Тен Хаг стави вето на трансферот на Џака

Новиот тренер на Баер Леверкузен, Ерик тен Хаг, стави вето на трансферот на Гранит Џака во Сандарленд.
Според „Билд“, Џака веќе се договорил за личните услови со повратникот во Премиер лигата, кој понудил 10.000.000 евра за него, но Баер бара уште толку 32-годишниот играч од средниот ред.
Агентот на Џака, Хозе Ногеира Родригез, претходно вчера изјави дека Леверкузен дал дозвола за преговори.
Сепак, Тен Хаг гледа поинаку.
„Не ме интересира што вели менаџерот. Овој клуб веќе продаде тројца важни играчи. Не можеме да дозволиме никој друг да си замине. Тоа би ја поткопало структурата и културата на тимот“, рече холандскиот стручњак.
Капитенот на швајцарската репрезентација потпиша петгодишен договор со Леверкузен пред две сезони.
„Тој е лидер. Има уште три години од договорот и едноставно е премногу важен за нас“, рече Тен Хаг.
Џака пристигна во Леверкузен од Арсенал во 2023 година и беше стандарден играч во тимот на Чаби Алонсо кој ја освои шампионската титула.
Џереми Фримпонг, Џонатан Та и Флоријан Вирц веќе го напуштија клубот ова лето, на незадоволство на новиот тренер.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Венус Вилијамс победува и на 45-годишна возраст
Венус Вилијамс стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА во историјата.
Американската тенисерка доби посебна покана за турнирот во Вашингтон и на 45-годишна возраст ја победи Пејтон Стернс, 35-та тенисерка во светот.
Вилијамс лесно ја победи својата сонародничка, резултатот беше 2:0 (6:3, 6:4).
Американската тенисерка стана втората најстара тенисерка со победа на ВТА. Рекордот сè уште го држи Мартина Навратилова, која на 47-годишна возраст забележа победа на Вимблдон во 2004 година.
Фото/ Принтскрин