Спорт
Обамејанг претепан и ограбен од масикрани разбојници

Пјер-Емерик Обамејанг, во текот на изминатата ноќ бил нападнат од маскирани разбојници во неговиот дом. Обамејанг бил ограбен во неговиот дом во Кастелдефелс кај Барселона, откако се вратил од натпреварот против Ваљадолид (4:0).
Според „Ел Паис“, Обамејанг бил пресретнат од разбојниците кои наводно и го претепале. Тие на нишан го држеле играчот на Барселона. Покрај пиштолите, во рацете држеле и метални шипки, но засега нема потврда дека Обамејанг бил претепан со овие предмети.
Неофицијално, сè се случило околу еден час по полноќ, а најмалку четворица вооружени напаѓачи преку градината влегле во неговата вила, пишуваат шпанските медиуми.
Габонецот бил нападнат пред очите на сопругата и драмата завршила откако го отворил сефот во кој го чува накитот. Откако разбојниците си заминале со бело „Ауди А3“, Обамејанг повикал полиција.
Фудбалерите се повеќе се мета на провалници, особено во Шпанија, бидејќи во последните години беа ограбени неколку играчи на Барселона, Атлетико и Реал Мадрид.
Она што е бизарно е што ова се веројатно последните денови на Габонецот во Барселона. Тој се подготвува да се врати во Англија. За неговиот потпис се борат Челси и Манчестер јунајтед.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Лина Ѓорческа го освои турнирот во Куршумлиска Бања

Најдобрата македонска тенисерка, Лина Ѓорческа, ја освои првата титула во 2023 година. Таа славеше на фјучерс турнирот во Куршумлиска Бања.
Ѓорческа во финалето беше подобра од Антонија Ружиќ од Хрватска со 2:0 во сетови (6:3, 6:3).
Ова е вкупно 13. титула во сингл за Лина Ѓорческа, а последната беше лани во ноември во Грција.
Спорт
Виктор Киплагат од Кенија е победник на Скопскиот маратон, Дарио Ивановски го освои третото место

Виктор Киплагат од Кенија е победник на Скопскиот маратон, пред неговиот сонародник Чериот Лабан, додека третопласиран низ целта мина македонскиот атлетичар Дарио Ивановски.
Киплагат патеката долга 42 километри ја истрча во време од 2:15:09 часа и во доминантен стил ја однесе победата на 19. издание на Скопскиот маратон. Зад него заврши неговиот сонародник, Чериот Лабан, додека пак третото место му припадна на нашиот Дарио Ивановски.
Ивановски маратонот го истрча со време од 02:19:08 часа, а тоа не беше доволно за да обезбеди норма за ОИ во Париз. Сепак, го урна државниот рекорд кој му припаѓаше на Трпе Мартиновски.
Кај дамите првопласирана беше Рут Матебо, која запиша време од 2:44:17 часа, од македонските претставнички на четвртото место се најде Билјана Кираџиева која оствари време од 03:15:17 часа.
Во полумаратонот во машка конкуренција подиумот му припадна на Бен Фелтон од Велика Британија, зад него беше Велимир Бојовиќ, додека Леонид Вандевски заврши на третото место.
Кај дамите, победничка во полумаратон беше Поп Арсова со време од 1:21:19 часа.
Спорт
Премиерлигата призна: Голот на Ливерпул бил регуларен, а ВАР не реагираше

Тотенхем го победи Ливерпул на домашен терен со 2:1 во контроверзниот натпревар од седмото коло на Премиер – лигата. Домаќините поведоа во 36. минута со голот на Сон, Гакпо израмни во судиското надополнување во првиот дел, а Тотенхем победи со автоголот на Жоел Матип во шестата минута од судиското продолжение.
Ливерпул го заврши натпреварот со деветмина. Директен црвен картон доби Куртис Џонс во 26. минута, а Диого Жота во 68. успеа да го добие првиот жолт картон, а во 69. вториот жолт картон. Сепак, клучниот детаљ од натпреварот се случи во 34. минута од натпреварот кога резултатот беше 0-0 и во ситуација во која Ливерпул веќе беше помалку од еден играч.
Салах одигра фантастично за Луис Дијаз, кој излезе сам пред Викарио и постигна убав гол, но, линискиот судија покажа офсајд. Главниот судија Сајмон Хупер беше во кратка комуникација со ВАР и потоа сигнализираше дека голот нема да биде признат.
Сепак, преносот го покажа моментот во кој Дијаз наводно се наоѓа во задниот дел, иако линијата со дефанзивецот на Тотенхем не беше повлечена, а со голо око се гледаше дека Дијаз не е во офсајд. Ниту до крајот на натпреварот гледачите не можеа да ги видат извлечените линии, а недолго по натпреварот официјално се огласи и судиската организација на Премиер – лигата.
„Судиската организација е свесна за значајната човечка грешка што се случи на натпреварот меѓу Тотенхем и Ливерпул. Голот на Луис Дијаз беше поништен со сигнализирање на судиите на натпреварот што беше очигледна грешка и голот требаше да биде признат. ВАР не интервенираше. Судиската организација ќе анализира како дошло до таква грешка и ќе контактира со Ливерпул и ќе ја признае грешката“, стои во официјалното соопштение.Тотенхем го победи Ливерпул на домашен терен со 2-1 во контроверзниот натпревар од седмото коло на Премиер – лигата. Домаќините поведоа во 36. минута со голот на Сон, Гакпо израмни во судиското надополнување во првиот дел, а Тотенхем победи со автоголот на Жоел Матип во шестата минута од судиското продолжение.