Контакт

Спорт

Обрадовиќ во Партизан сака да донесе МВП од 2017 година!

Објавено пред

Со ангажманот на Жељко Обрадовиќ, Партизан тргна во амбициозен проект и до сега доведе 4 големи засилувања за новата сезона.

Шпекулациите во „црно-белиот“ дел на Белград се дека петтото засилување може да е бомба.

Италијанскиот весник „Република“ пренесува дека цел на Партизан е нигерискиот центар Екпе Удо (34 години, 208 сантиметри), кој играше за Фенербахче, а популарниот Жоц беше на чело на турската екипа.

Не само што играше за Фенер туку беше еден од омилените играчи на Обрадовиќ, ја донесе титулата во 2017 година како МВП на Ф4.

За услугите на Удо се заинтересирани и во Виртус Болоња. Нигериецот интернационалната кариера ја почна во Голден Стејт, потоа имаше кратка епизода во Израел, па играше во Милвоки, односно Клиперс. По НБА-авантурата настапуваше за два кинески клуба.

Претходно, Партизан веќе ги ангажира Кевин Пантер, Алекса Аврамовиќ, Зека Ледеј и Родионс Курукс. Седум кошаркари ја напуштија екипата.

Спорт

Британски „Сан“: Кејн во Сити за 187 милиони евра!

Објавено пред

Според пишувањата на влијателскиот британски „Сан“, центарфорот на Тотенхем и на англиската репрезентација Хари Кејн би можело да ги засили „граѓаните“ и по 17 години да ги напушти Спарси за вртоглава сума пари – наводно за 187 милиони евра (или во фунти 160 милиони).

Тоа е доволен доказ колку Кејн е подготвен и гладен за трофеи, а колку Пеп Гвардиола е решен да доведе вистинско решение во нападот на екипата.

На крајот на минатата сезона Шпанецот се прости со Серхио Агуеро кој замина во Барселона и притоа коментираше „Не можеме да го замениме. Не можеме“.

Кејн зад себе има одлично ЕП, играше финале, но повторно остана без трофеј. Во Манчестер секако би имал поголеми шанси да подигне некој пехар отколку што е тоа во Тотенхем.

Ако овој трансфер се обвистини, тоа ќе е убедлив рекорд за британски услови затоа што Пол Погба со отштета од 105 милиони фунти досега е рекордерот. Толкава сума Јунајтед му плати на Јувентус.

Прикажи повеќе...

Спорт

Мемфис Депај претставен во Барселона: Сонував да бидам овде!

Објавено пред

Фудбалскиот клуб Барселона официјално го претстави новото засилување холандскиот напаѓач Мемфис Депај.

„Чест ми е. Уште како мал сонував да бидам овде. Сакам да се заблагодарам на претседателот, на членовите на одборот, на мојот тим што ми овозможија да сум овде. Кога бев мал дедо ми ми подари дрес на барселона, затоа што веруваше дека еден ден ќе играм за нив. Сега тој сон се оствари“ рече Депај на промоцијата.

Холандскиот ас наведе дека неговата надеж е дека ќе освојува трофеи со Барса и дека тимот е подготвен за успеси.

Прикажи повеќе...

Спорт

Голчиште во Сараево – магија на Пршеш од 25 метри

Објавено пред

Земјотрес на стадионот „Грбавица“ во Сараево синоќа предизвика голот на Омар Пршеш на мечот меѓу Вележ и грчки АЕК во рамки на второто коло од Конференциската лига на УЕФА.

Домаќините губеа со 1-0 од АЕК, па домашниот фудбалерот со многу чувство, со одмерен удар од околу 25 метри во 14 минута погоди во самиот агол на противничкиот гол, а топката од стативата се одби во мрежата.

Meчот заврши со 2-1 за Велеш, но првиот гол е моментот за уживање:

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија15 минути

Пендаровски ќе ги одликува Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за...

Економија24 минути

Главниот оперативен директор во „Еуромакс ресоурцес“, Патрик Форвард: По затворањето на Иловица – Штука од јаловиштето ќе останат пасишта и шума, а не „езеро“

Иновациите и новите технологии во рударството се постојано присутни. Тие се дизајнирани да го подобрат секој процес во рудникот и...

Македонија10 часа

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна...

Топ12 часа

Стрелиште во Гази Баба нелегално продавало муниција, кај негови клиенти пронајдени 300 куршуми

Секторот за оружје при МВР извршил контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена...

Македонија15 часа

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево преку социјалните мрежи потврди дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се договориле СДСМ...

Македонија18 часа

Антикорупциската бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на...

Топ21 час

Загина 21-годишно момче, со камион паднало во Вардар

Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар. Возилото е сопственост на фирма од Куманово. Момчето...

Топ22 часа

Ресенец испраќал пораки дека има бомби на повеќе локации во Охрид

Четириесет и шестгодишен ресенец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено...

Македонија23 часа

Заев: Пописот нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше за исходот од претстојниот попис за кој изрази уверување дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Сѐ уште ги истражуваме сите легални начини како Груевски да биде вратен во земјата

Северна Македонија и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад со цел да...

Регион1 ден

(Видео) Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водни топови

Грчката полиција употреби солзавец и водни топови во Атина за да ја растера толпата што протестира против вакцинацијата против коронавирусот....

Македонија1 ден

Мицкоски: Резолуцијата да биде прифатена од сите партии без изговори и условувања

Резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии, без условувања, барање изговори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на...

Топ1 ден

(Видео) Момче натепа девојка во Куманово

Mлад дечко со шутирање натепа девојка во Куманово, а снимките попладнево беа објавени на социјалните мрежи. Подоцна дечкото беше нападнат...

Македонија2 дена

Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија, се пожалил на гушење и силна главоболка

Јордан Камчев денеска пред своите адвокати повторно се пожалил на влошена здравствена состојба. Неговиот правен тим соопшти дека синоќа Камчев...

Свет2 дена

(Видео) Поплави во Кина по силниот дожд, расте бројот на жртви

Поплавената метростаница и населби, но и ослабената брана по обилните дождови, невидени во 60 години, предизвикаа смрт кај најмалку 25...

Македонија2 дена

Османи: Има можности за решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оцени дека постојат сериозни можности за решение на спорот со Бугарија до крајот на...

Македонија2 дена

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија2 дена

Апелација ги потврди пресудите – за Катица Јанева седум, за Бојан Јовановски девет години затвор

Апелациониот суд Скопје ги потврди првостепените пресуди во случајот „Рекет“, со кои поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева,...

Топ2 дена

Обвинение за тренерот по џудо во Прилеп за силување деца

Прилепското Обвинителство поднесе обвинение за тренерот по џудо од Прилеп за силување деца, односно негови ученички кои му биле доверени...

Македонија2 дена

Првпат изведена афереза на периферни матични клетки кај дете на Клиниката за хематологија

Министерството за здравство информира дека на Универзитетската клиника за хематологија, во соработка со Универзитетската клиника за детски болести, денеска се...

Досие