Спорт
Обвинителот во Торино во 2019 признал: Ги мразам Јувентус, навивам за Наполи!

Јавниот обвинител во Торино, Чиро Санториело, човекот кој го води случајот за финансиски измами во Јувентус, се најде на притисок на јавноста откако се појави контроверзно видео од 2019 година, во кое со страст зборува за фудбалот и признава: „Јас сум супер-фан на Наполи и ги мразам Јувентус“.
Иронично, изјавата на Санториело доаѓа во 2019 година, кога одговарал на прашања зошто го отфрлил случајот против Јувентус и нивниот тогашен претседател Андреа Ањели во 2016 година за прекршоци од ерата на „Калчополи“.
Сепак, ова не го намали бесот на навивачите на Јувентус и предизвика скандал во Италија, каде што дури и министерот за спорт, Андреа Абоди изјави дека треба да се види контекстот во кој е дадена таа изјава.
‼️“ODIO LA JUVENTUS”
‼️“COME PUBBLICO MINISTERO SONO ANTIJUVENTINO”
‼️“CONTRO I LADROCINI IN CAMPO”
questo è Ciro #Santoriello..PM che ha indagato sulla @juventusfc nell’inchiesta Prisma.
Questo paese mi fa sempre più schifo!pic.twitter.com/LcpRAyzoJ4
— RiD ThE RoCk™️ (@RidTheRock) February 6, 2023
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Конте ќе добие отказ од Тотенхем до крајот на неделата

Италијанскиот стратег Антонио Конте ќе добие отказ од Тотенхем до крајот на неделата, пренесува британски „Телеграф“. По коментарите по натпреварот со Саутемптон на прес-конференцијата на која ги критикуваше своите играчи и го окарактеризираше Тотенхем како „клуб губитник“, раководството на Тотенхем одлучило да се раздели со Конте.
Сѐ треба да се заврши до крајот на неделата кога според сознанијата на британски „Телеграф“ тимот треба да го преземе Рајан Мејсон и тој ќе го води тимот до крајот на сезоната во која ќе се обиде да се избори за пласман во Лигата на шампионите.
Антонио Конте планираше да го напушти Тотенхем на лето, но очигледно е дека не е задоволен од ситуацијата во клубот и односот на играчите кои не успеваат да воспостават континуитет и да ги исполнат неговите замисли.
На средбата со првиот човек на клубот Даниел Леви напоменал дека нема ништо против раководството, туку дека критиките биле насочени исклучиво кон тимот.
Спорт
Македонските фудбалски ѕвезди во друштво на најмладите (Фото)

Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за натпреварот против Малта в четврток, прв од новиот циклус квалификации за Европското првенство 2024 година во Германија. Селекторот Благоја Милевски од денеска го имаа комплетниот тим на располагање откако се приклучија капитенот Стефан Ристовски и Аријан Адеми, како и „италијанците“ Елиф Елмас и Илија Несторовски.
Нашите фудбалски ѕвезди пред денешниот тренинг имаа и дружба со најмладите. Беше убаво да се видат насмевките кај дечињата кои имаа можност да добијат автограми и да се фотографираат со своите идоли.
Спорт
Николов: Трите проверки на „Анталија куп“ ќе ни бидат одличен тест за квалификациите

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година пристигна во Анталија и денеска ќе ги започне подготовките за претстојните три контролни натпревари против селекциите на Летонија (23.март), Финска (25. март) и Словачка (28.март).
Нашата млада селекција максимално ќе го искористи овој подготвителен период, со цел што подобро да се подготви за почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство 2025 година.
Еден од најдобрите поединци на штипска Брегалница и стандарден член на младата репрезенетација на Македонија, Иван Николов даде свое видување за претстојните натпревари што не очекуваат и квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2025.
„Контролните мечеви во Анталија се одлична можност за што подобро да се подготвиме за предизвикот што не очекува во септември, односно почетокот на квалификациите за пласман на Европско првенство. Што се однесува до самата група од квалификациите, јасно е дека во денешно време нема лесно противници, но оваа наша група на фудбалери поседува голем квалитет и заедништво, имаме големи очекувања, сакаме да оствариме нешто големо и да избориме пласман на Европско првенство. Имаме серија на потивни резултати на последните натпревари, што ни дава дополнителен мотив дека можеме да одиграме добри квалификации“, вели Иван Николов.
Во Анталија младиот национален тим ќе одигра три натпревари.
„Првиот меч во Анталија го играме против Летонија, селекција со високи и снажни фудбалери која игра доста тврд фудбал. Ние сме поквалитетна селекција од нив, но тоа ќе мора да го покажеме на терен. Се надевам дека ќе продолжиме со одличната игра и позитивната серија на резултати. Атмосферата во самиот тим е одлична, се познаваме меѓусебно многу добро, со оглед на тоа што поголемиот дел од фудбалерите бевме дел и од репрезентацијата на Македонија до 19 години. Убеден сум дека со голема пожртвуваност, борба и желба за надигрување можеме да оствариме добри резултати“, истакна фудбалерот од средниот ред на Брегалница.