Спорт
Од автобиографијата на Златан: При раѓање сестрата ме испушти од раце, сите ме мразеа зошто бев сиромашен
Розенгард, или во превод „Градина на рози“, е прекрасното име на страшната населба во Малме, каде што е роден Златан Ибрахимовиќ во 1981 година. Замислена и изградена како модерна населба, претставник на периодот на подем на шведската економија и социјалната благосостојба, таа се претвори во дел од градот каде што имигрантите (најчесто од поранешна Југославија) се огромно мнозинство и го игнорираат Швеѓаните.
Разбојништвата, убиствата и подметнувањето пожари на кои пожарникарите не реагираат доколку не бидат следени од полицијата се секојдневието на ова имигрантско гето каде е роден и израснат синот на Шефик и Јулка. 40 години подоцна, младинецот на локалниот клуб Балкан, дете на родители од босанска Бјелина и хрватски Пркос, заработи неколку стотици милиони евра за трансфери и плати.
Никој не замислуваше дека детето од гетото и од нефункционално семејство ќе го достигне статусот на ѕвезда на Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ и Милан, но Ибра не само што не заборава од каде дојде, туку постојано тоа го посочува.
Во својата втора автобиографија, наречена „Адреналин“, тој открива шокантни приказни од неговото најрано детство до тинејџерските денови.
„Отсекогаш страдав како дете, уште кога се родив. Веднаш откако се родив, паднав на подот откако и се лизнав од раце на медицинската сестра од еден метар височина… На училиште бев поинаков од сите други. Сите беа русокоси, убави, згодни со светли очи и хармоничен нос, а јас сум црн и „носле“.
Зборував и одев поинаку од нив. Нивните родители пишуваа петиции да ме исфрлат од тимот. Секогаш ме мразеа… Моите соиграчи носеа брендирана, дизајнерска облека, а јас немав ни за штуцни, само чорапи и поради тоа ме исмеваа. Отпрвин лошо реагирав на сето тоа, но преку изолација научив да ги претворам страдањата и омразата во дополнителна сила“, вели Златан.
Тој објаснува како ја канализирал сета оваа негативност што била насочена кон него подоцна, за време на неговата фудбалска кариера која се уште трае.
„Кога сум среќен, играм добро, но кога сум лут, ранет и страдам, тогаш играм дури и подобро. Од стадионот каде што ме сакаат црпам енергија, а од стадионот каде што ме мразат ја земам уште повеќе“, истакнува Ибрахимовиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

