Спорт
Од Динамо смируваат: Адеми има мало оштетување на мускулот на ногата
Фудбалскиот клуб Динамо Загреб со официјално соопштение се обиде да ја смири ситуацијата кога станува збор за шпекулациите околу повредата на капитенот на тимот – македонскиот фудбалски репрезентативец Аријан Адеми, кој синоќешниот меч против Омонија го заврши во 42. минута.
„Со оглед на големиот интерес од медиумите и поради некои непроверени информации кои се појавија, а се однесуваат на здравствената состојба на капитенот на Динамо, Аријан Адеми, ја информираме јавноста дека завршија дијагностичките прегледи и тие покажаа дека има мало оштетување на мускулот на десната нога. Клупската медицинска служба започна со процесот на рехабилитација и физикална терапија, а во зависност од тој процес ќе се знае кога нашиот капитен ќе се врати во тренажен процес. Аријан Адеми денеска се чувствува многу подобро“, стои во соопштението на „модрите“.
На синоќешниот меч се повреди уште еден член на екипата, Лука Иванушец.
„Иванушец е во ред, доби силен удар во грбот, остана без воздух, но сега е добро“, изјави тренерот на Динамо, Дамир Крзнар.
Стравувањата и првите проценки беа дали Адеми има повреда и на задната ложа која би можела да го спречи да му се стави на располагање на селекторот Благоја Милевски на септемвриските квалификации за СП во Катар:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Лил ја згасна Звезда
Фудбалерите на Лил триумфално го завршија натпреварот во Белград. Надополнија минус од еден гол, и по продолженијата со 2:0 славеа на „Рајко Митиќ“.
Дека Црвена звезда ќе има тешка вечер, навести ветеранот Оливие Жиру со голот во четвртата минута. Лил ја анулира предноста на противникот и потоа доминираше во првиот дел, но резултатото не се промени.
Второто полуврме донесе подобра игра на домаќинот, неколку шанси, без реализиција, па натпреварот замина во дополнителните 30 минути.
Таму на црвено-белите им пресуди Ендој во 99-та минута.
Лил во осминафиналето ќе игра против Лион или Астон Вила.
Foto/ Starsport
Спорт
Убедлив пораз на Шкендија кај Самсунспор
Фудбалерите на Шкендија го завршија својот настап во Конференциската лига. Вечервва, во рамките на плејофот за место во осминафиналето, Шкендија загуби со 4:0 кај Самсунспор. Турскиот тим со вкупен резултат 5:0 се пласира во следната фаза.
Шкендија успеа да издржи во првиот дел, но во вториот домаќинот ја демонстрираше својот квалитет.
Нтчам од пенал погоди во 53-та минута, а Ендиај го зголеми резултатот во 71-та. Точка на победата стави стрелецот на голот во Скопеј, Мариус во 79-та и 92-та минута.
EPA/GEORGI LICOVSKI
Спорт
Челзи или Баселона – Луис Енрике откри со кого сака да се соочи
Тренерот на Пари Сен Жермен, Луис Енрике, повеќе би сакал да се соочи со Челзи отколку со Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.
Актуелниот првак немаше лесна задача во баражот, но успеа да го елиминира Монако. Утре ќе го дознае противникот во осминафиналето.
„Ќе бидам целосно искрен, нека Барселона не заобиколи овој пат. Веќе реков дека сакам повторно да играм против Челзи. Овој пат не сакам да играм против Барселона. Од емотивна страна, дуелот со Барса е секогаш посебен за мене, бидејќи е убаво да се вратиш дома. Барселона е прекрасна и многу посебна за мене. Затоа би сакал да играм против Челзи, ни должат, рече Луис Енрике.
Шпанецот алудираше на поразот во финалето на Светското клупско првенство во кое Челзи победи со убедлив резултат од 3:0.
Ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите е закажана за петок во 12:00 часот.
Foto/ depositphotos

