Спорт
Од готово-вересија! Еурофарм пропушти +5 на полувреме за пораз кај Савехоф
Еурофарм Работник ќе почека на првиот триумф во ЕХФ Лигата на шампионите, откако пропушти совршена шанса на гостувањето во Шведска кај Савехоф, водејќи со пет гола разлика (15:10) на полувреме, пред на крајот да загуби со 24:22.
Тимот на Стевче Алушевски имаше одлични први 30 минути на тешкото гостување, и предводени од петте гола на Јотиќ имаа изненадувачки пет гола предност на полувреме. Меѓутоа, во второто полувреме, домашниот тим влезе во серија, израмни на 18:18, за на 15 минути пред крај Савехоф да дојде до 20:18 предност. Во самиот финиш на мечот, македонскиот клуб успеа да дојде на гол разлика (25:24), но не успеа да извлече барем поен.
Во другите денешни мечеви, Динамо Букурешт стигна до деби победата оваа сезона од 28:25 над Кристијанштад, додека Флензбург немаше проблеми и стигна до убедлива 26:19 победа над Елверум.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Флензбург – Елверум 26:19 (12:9)
Табела: 1.Алборг 2, 2.ПСЖ 2, 3.Пик Сегед 2, 4.Флензбург 2, 5.Целје 0, 6.Барселона 0, 7.ППД Загреб 0, 8.Елверум 0
ГРУПА Ц
Савехоф – Еурофарм Работник 25:24 (10:15)
Табела: 1.Савехоф 4, 2.Бидасоа Ирун 2, 3.Спортинг Л. 2, 4.Еурофарм Р. 0, 5.Татран Прешов 0, 6.Рихимаки Кокс 0.
ГРУПА Д
Динамо Букурешт – Кристијанштад 28:25 (13:10)
Табела: 1.Динамо Б. 3, 2.ГОГ 2, 3.Чеховски медведи 2, 4.Кадетен 1, 5.Висла Плоцк 0, 6.Кристијанштад 0.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите…“
Легендите на Манчестер Јунајтед, Рој Кин и Гери Невил, во еден подкаст открија дека дека со денови се пијанеле по натпреварите во Премиерлигата. Станува збор за периодот кој некии го нарекуваат и златна ера на тимот кој тогаш го предводеше сер Алекс Фергусон.
„Луѓето велеа дека сум добар професионалец, но некои работи што ги правев беа апсолутно срамни – покајано вели Кин.
Детално опиша како се пијанчел, особено во нефудбалските денови.
„Многу пати одев во сабота по натпреварот, во недела, понеделник, вторник… Да бидам фер, би ја поставил границата во среда“, откри освојувачот на седум Премиер лиги, четири ФА купови и Лигата на шампиони.
Во 2002 година, Ирецот во својата автобиографија „Второто полувреме“ призна:
„Имаше период, во раните 90-ти, кога бев алкохоличар. За среќа, успеав да се извлечам од тој виор. Сега пијам само вода.“
Гери Невил го надополни соиграчот, велејќи дека многу од најдобрите играчи биле озлогласени алкохоличари.
„Причината поради која се извлекувавме е што другите тимови го правеа истото. Сè додека секој можеше да испие десет големи кригли, бевме на исто ниво на кондиција“, раскажа трофејниот десен бек од „Олд Трафорд“.
„Знаете… Јас го анализирам периодот пред сезоната 1995/96 година, сите играчите го правеа истото. Помеѓу 1996 и 2000 година фудбалот стана многу професионален и дојдоа нутриционистите…“
Спорт
Јувентус постигнал договор со новиот голман, Монца бара оштета од 20.000.000 евра
Реконструкција му престои на Јувентус во летниот преоден рок. Извесно е дека тренерот Макс Алегри ќе о напушти клубот, клупските челници се во потрага по засилувања во сите линии. Италијанските медиуми тврдат дека од наредната сезона Јувентус ќе има нов голман.
Спортскиот сектор на Јувентус ги завршил преговорите со голманот на Монца, Микеле Ди Грегорио. Наводно, Ди Грегорио и Јувентус договориле петгодишна соработка, за годишна плата од 2.000.000 евра.
Сега Јувентус треба да се договори со Монца. Првиот човек на клубот, Адријано Галијани за голманот бара оштета од 20.000.000 евра.
За да го намали обештетувањето, Јувентус ќе го понуди вториот голман Матија Перин, или пак некој друг фудбалер.
Ди Грегорио е „дете“ на Интер, но никогаш не доби шанса во клубот. Интер го испраќаше на позајмици во разни пониски лиги и на крај тој заврши во Монца кога тимот играше во Серија Б го купи за 4.400.000 евра. Интер ќе добие 10 отсто од следниот трансфер на Ди Грегорио.
Спорт
Гасе нема да остане на клупата на Марсеј
Фудбалскиот клуб Олимпик Марсеј нема намера да го задржи актуелниот тренер Жан-Луј Гасе следната сезона.
Гасе беше донесен за да ја спаси сезоната, откако клубот го отпушти Џенаро Гатузо. Тоа му успеа до одреден степен, но како што стојат работите во клубот не се сигурни дека ќе го задржат следната сезона.
Како што пренесува „Лекип“, претседателот на Марсеј, Пабло Лонгорија тргнал по Паоло Фонсека, кој е прва желба на клубот.
Договорот на Фонсека со Лил истекува на крајот од сезоната, а клубот има намера да му понуди нов.
Марсеј веќе се обиде да го доведе во своите редови минатата сезона, но во последен момент трансферот го спречи претседателот на Лил, Оливие Летанг.