Спорт
Одбиена жалбата на Атлетико за казната на Диего Коста

Фудбалскиот сојуз на Шпанија ја одби жалбата на Атлетико Мадрид по суспензијата од осум натпревари што му е изречена на Диего Коста.
Бразилецот со Шпански пасош поради навреди упатени кон судијата Хесус Хил Мансано беше исклучен во 28 минута на „Ноу Камп“ против Барселона.
„Комисијата за жалби ја одби жалбата која утрово ја испратија од Атлетико Мадрид“, стои во соопштението на Фудбалскиот сојуз на Шпанија.
Со оваа казна заврши сезоната за Диего Коста бидејќи до крајот на првенството во Шпанија остануваат уште седум натпревари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Нов кикс на Баерн, не успеа да победи во Берлин

Фудбалерите на Баерн Минхен ремизираа 1:1 со Унион во Берлин во 26. коло од Бундес лигата.
Баерн имаше предност, но тимот од Берлин успеа да израмни и да дојде до бод во последните минути од натпреварот.
Првото полувреме помина без голови. Баерн имаше шанса во втората минута од судиското надополнување да поведе, но голманот на Унион успеа одбрани.
Баерн продолжи со офанзивата и ја презеде контролата во второто полувреме. Хари Кејн и Џамал Мусиала се обидоа, но без успех.
Сепак, Баерн поведе во 75. минута откако Лерој Сане погоди од додавање на Јосип Станишиќ.
На крајот Унион успеа да дојде до бод, бидејќи Бенедикт Холербах погоди за 1:1 во 84. минута од натпреварот.
Бундес лига, 26 коло:
петок:
Сент Паули – Хофенхајм 1:0 (0:0)
/Вајшаупт 51/
сабота:
Вердер Бремен – Борусија М. 2:4 (2:2)
/Шмид 39, Силва 45+1п – Плеа 7п, 28, 47, Клајндиенст 81/
Аугсбург – Волфсбург 1:0 (0:0)
/Тек 53/
Мајнц – Фрајбург 2:2 (1:0)
/Буркард 34, Ханхе-Олсен 74 – Грегорич 58, Кублер 79/
Унион Берлин – Баерн 1:1 (0:0)
/Холербах 84 – Сане 75/
Спорт
Силекс победи во Струмица, кикс на Работнички во Охрид

Силекс ја оправда фаворитската улога против АП Брера и со победата во Струмица ја намали предноста на лидерот Шкендија на два бода. За разлика од Силекс, Работнички и Гостивар кикснаа против екипите од долниот дел на табелата.
Силекс со два гола во последните20 минути ја победи Брера со 2:0. Марко Ѓорѓиевски во 69.минута го отвори резултатот, а победата на екипата од Кратово ја потврди Алиќ во 80.минута.
Работнички во Охрид, кај Воска спорт имаше предност од 14.минута со голот на Гандо. И кога се очекуваше крај на натпреварот, Осеи во 94.минута ги шокира „романтичарите“.
Тиквеш го победи Гостивар во Кавадарци со 2:, со головите на Берат Садик во 15.минута од пенал и Александар Варселовски зголеми на 2:0 во 58.минута од дуелот.
Пелистер, со играч помалку, го изненади Шкупи на Чаир и славеше со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Александар Ристевски во 74.минута.
Беса оствари триумф над актуелниот првак Струга со 3:2. Стружани поведоа со голот на Папе Јаре Фал во 11.минута, а потоа си дозволи три гола во својата мрежа. Стрелци за Беса беа Шефит Шефити, Меџит Незири и Ремзифаик Селмани. Во финишот, Струга постигна и втор погодок преку Христијан Малески.
Резултати, 24.коло:
АП Брера – Силекс 0:2
Беса – Струга 3:2
Шкупи – Пелистер 0:1
Воска спорт – Работнички 1.1
Тиквеш – Гостивар 2:1
Табела:
Спорт
Марк Маркез со рекорд до пол-позицијата во Аргентина

Возачот на Дукати, Марк Маркез, ја освои пол-позицијата пред ГН на Аргентина, втората трка од овогодинешниот шампионат во Мото ГП.
Осумкратниот светски првак уште од почетокот на акцијата ги поместуваше границите на патеката „Термас де Рио Ондо“, а на пат до втората пол-позиција сезонава, постави нов рекорд, 1:36.917 минути.
Исто како и пред две недели во Тајланд, најблиску до него беше неговиот помлад брат, Алекс, возач на Гресини Дукати, кој заостануваше 246 илјадитинки. На браќата Маркез во првиот стартен ред им се приклучи сензационалниот Жоан Зарко на ЛЦР Хонда.
Вториот стартен ред го заврши Фабио ди Џанантонио од тимот БР46, следен од Фабио Квартаро на Јамаха и тимскиот колега Франко Морбидели. Меѓу првите десет се најдоа Марко Бецеки од Априлија и фабричкиот возач на Хонда Жоан Мир.
Спринт трката во Аргентина е закажана за 19 часот, додека Големата награда е закажана за во недела во истиот термин.