Спорт
Одбојкарите против Финска го отвораат ЕП
Одбојкарската репрезентација на Македонија вечерва ќе го одигра првиот натпревар на Европското првенство. Своето второ учество на континенталните шампионати Македонија ќе го почне против еден од домаќините на ЕП – Финска. Дуелот во Тампере ќе почне во 18 часот.
„Не е подобра репрезентација од нас, но сѐ ќе зависи од нашата верба, храброст и зрелост. Прво што мора е да веруваме во себе, да бидеме храбри и зрели и да издржиме на нивната игра. Јас знам како тие ќе играат, ќе ни ја даваат топката и ќе направат малку неизнудени грешки. Тука треба да бидеме луцидни и зрели и да бидеме храбри. Исто така, многу работи ќе зависат од одбраната, а тие играат многу добра одбрана, па ние ќе треба да бидеме трпеливи и да ја градиме играта. Не мора секогаш да завршуваме од прва, ќе се играат долги поени. Трет фактор ќе биде нашиот сервис, а мислам дека во овој елемент имаме голем напредок во однос на Европската лига и тоа ќе го покажеме на овие натпревари, така што ќе си овозможиме полесни поени од нашиот блок или, пак, блок-одбрана напад, а зошто да не и директни асови“, изјави пред мечот капитенот Никола Ѓорѓиев.
Покрај Македонија и Финска, во оваа група се и селекциите на Холандија, Турција, Шпанија и Русија.
По дуелот со Финска, Македонија ќе игра против Холандија на 3 септември, па следуваат дуелите со Турција (5 септември), Шпанија (6 септември) и Русија (8 септември).
Фото/.facebook.com/volleyballmkd
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

