Спорт
Одбојкарот Александар Љафтов на ЕП ќе игра со патики на кои е испишана македонската химна (ФОТО)
Македонскиот одбојкар Александар Љафтов ќе игра во специјално дизајнирани патики на Европското првенство кое ќе се одржува во Скопје. На неговите патики ги има зборовите од македонската химна.
Љафтов денеска објави фотографии од патиките што ќе ги носи на Европското првенство и ја одушеви јавноста. На нив се испишани делови од македонската химна, се разбира, заедно со македонското знаме.
Одбојкарската репрезентација на Македонија в среда го почнува настапот на Европското првенство во СЦ „Борис Трајковски“. Прв противник ќе биде селекцијата на Данска.
View this post on Instagram
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен победи во Шпанија пред Норис и Хамилтон
Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен победи на Шпанското ГП. Второто место го зазеде Ландо Норис за Мекларен, додека трет заврши асот на Мерцедес Луис Хамилтон.
Стартот на Големата награда на Шпанија беше највозбудиот дел од трката. Трката со брилијантен потег ја отвори возачот на Мерцедес Џорџ Расел – стартуваше од четвртото место, но веќе во првиот свиок се проби на челната позиција.
Сепак, водството на Расел беше краткотрајно, бидејќи Ферстапен го стигна и го престигна на почетокот на третиот круг.
Од тој момент, актуелниот шампион го диктираше темпото и беше во водство, освен кога менуваше гуми.
Норис, влезе во борба со пилотите на Мерцедес, стигна до втрото место, но не успеа да му се доближи на Ферстапен.
Зад најдобрите тројца се пласираа Џорџ Расел од Мерцедес, двоецот на Ферари Шарл Леклер и Карлос Саинц, Оскар Пјастри (Мекларен), Серхио Перез (Ред Бул), а во Топ 10 беа и полотите на Алпин Пјер Гасли и Естебан Окон.
Спорт
УЕФА одлучи: Два меча суспензија за Даку по навредите за Македонците и Србите на Европското првенство
Албанската фудбалска федерација соопшти дека УЕФА му ja изрекла забраната на албанскиот репрезентативец, Мирлинд Даку. Тој доби два меча суспензија откако ги наведе навивачите на националистички скандирања, пренесе „Асошиејтед прес“.
Даку зеде мегафон по ремито 2-2 на Албанија со Хрватска во средата во Хамбург и извика:„Е*и ги Македонците…, е*и ги Србите…“
Албанската федерација, исто така, соопшти дека УЕФА изрекла казни во вкупна вредност од 47.250 евра (50.500 американски долари) за инцидентите на натпреварот, кога албанските и хрватските навивачи извикуваа антисрпски пароли.
Српската фудбалска федерација по инцидентите објави дека ќе го напушти турнирот доколку УЕФА не казнува.
Албанија ќе го игра решавачкиот натпревар од групната фаза во понеделник против Шпанија.
Спорт
Марej се повлече од Вимблдон
Енди Мареј, некогашниот тенисер број еден во светот, сепак нема да игра на Вимблдон.
Тој во саботата мораше да оди на операција на циста и тоа е причината да не биде на третиот Грен слем сезонава.
Мареј играше оваа недела на турнир во Квинс, но мораше да му отстапи меч од второто коло на Џордан Томпсон.
Според првите информации, тој ќе има пауза од шест недели, па под знак прашалник е и неговото учество на Олимписките игри во Париз.
“По операцијата на цистата на ‘рбетот, за жал, Енди Мареј нема да биде на Вимблдон. Заздрави и одмори се Енди, на сите ќе ни недостигаш таму”, изјавија организаторите на турнирот.