Спорт
Одигра осум секунди, направи фаул и заработи 300.000 долари

Милвоки Бакс, од третата позиција ќе влезат во плејофот во НБА лигата. Бакс, последниот меч во регуларниот дел од сезоната го одиграа со само шест кошаркари. Носителите на играта добија одмор, поради што Бакс доживеака пораз од Кливленд Кавалирс.
Од стартерите на Бакс на теренот се појави само Џру Холидеј. Тој одигра цели осум секунди, направи фаул и се врати на клупата.
Тие осум секунди беа доволни да лапне бонус од 306.000 долари. Во договорот на Холидеј постои клаузула, која му го гарантира овој бонус доколку одигра најмалку 67 натпревари во сезоната.
Натпреварот со Кливленд беше 67.за него од почетокот на сезоната.
Холидеј има просек од 18,6 поени, 4,6 скока и 6,9 асистенции по натпревар. Бакс во првата рунда ќе играат притив Чикаго Булс.
Jrue Holiday started for the Bucks today so he could reach 67 games played and secure a $306,000 bonus 💰
Holiday played eight seconds before committing a foul and heading to the bench pic.twitter.com/131ivz1q6l
— Bleacher Report (@BleacherReport) April 10, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Флорентино Перез: Мбапе? Тој не постои вечерва

Реал Мадрид го освои пехарот во Лигата на шампионите, а претседателот Флорентино Перез даде одговор и за неуспешниот обид да го доведе Килијан Мбапе. Секако, истакна дека тоа веќе не е важно.
„Мбапе? Тој вечерва не постои. Ова е забава на Реал Мадрид, а тоа е нешто што осана во минатото. Ништо не се случило. Реал Мадрид имаше совршена сезона“, изјави Флорентино Перез.
Спорт
Анчелоти: Куртоа беше совршен на голот

Реал Мадрид ја освои 14. титула во Лигата на шампионите, а тоа е втор трофеј за „кралевите“ со Карло Анчелоти на клупата. Негов, вкупно четврти трофеј во ЛШ.
Италијанецот призна дека Тибо Куртоа е херојот на вечерашното финале, иако ги пофали сите фудбалери.
„Куртоа беше совршен на голот. Но, всушност целиот тим беше одличен. Како и не би бил, кога сезоната ја завршивме со освојување трофеи. Одбраната функционираше неверојатно, Алаба, Милитао, Менди и Карвахал беа многу добри. Но, пред се, Куртоа беше фантастичен“, изјави Анчелоти.
Спорт
Куртоа се радува за трофејот, а жали за пропуштена веселба: Жал ми е свадбата на брат ми

Тибо Куртоа, херојот на Реал Мадрид, даде неверојатна изјава по финалето и освоениот пехар во ЛШ. Се радува на големиот успех, но жали што утре нема да може да присуствува на свадбената веселба на својот брат.
„Неверојатно е, толку многу години, толку многу работа. Дојдов во клубот на мојот живот и имаше многу кои ме критикуваа. Денеска покажавме кој е „кралот“ на Европа. Се чувствував добро последните неколку недели. Откако ќе ја направите првата одбрана… Никој не можеше да ми ја одземе желбата да ја освојам Лигата на шампионите. Жал ми е за брат ми, кој утре се жени и не можам да бидам таму. Во понеделник има уште една церемонија, склучување на граѓанскиот брак и јас ќе бидам таму“, изјави Тибо Куртоа во солзи.