Контакт

Спорт

Официјално: Без навивачи од странство на ОИ во Токио

Објавено пред

Без навивачи од странство, летово, ќе се одржат Олимписките игри во Токио, одлучи владата на Јапонија.

dobivaj vesti na viber

Во Јапонија владее загриженост дека коронавирусот би можел да се шири меѓу локалното населени, поради што и ја донесе оваа одлука.

Ваквото сценарио кое на 9.март го најави агенцијата „Кјодо“, денес доби потврда од владата на Јапонија.

Олимписките игри во Токио ќе се одржат од 23.јули до 8.август.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Лазаров повика 21 играч за дуелите со Луксембург и Тирција

Објавено пред

Селекторот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на повикани ракометари за двата натпревари во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Поширокиот списк од 35 имиња, Лазаров го скрати на 21 име. Забележливо е дека селекторот се потпира на играчи кои настапуваат во домашните клубови. Од 21 повикан ракометар, само тројца играат во странство (Митревски, Кузмановски и Петров).

Првиот собир селекторот го закажа за 9.октомври во 14 часот.

Првиот натпревар Македонија ќе го одигра на 12.октомври во Скопје, против Луксембург, а четири дена подоцна ќе гостува во Турција. Во Групата 1 се наоѓа и селекцијата на Португалија.

Фото/macedoniahandball.com.mk

Прикажи повеќе...

Спорт

Перез: Прават драма затоа што јас сум Мексиканец

Објавено пред

Серхио Перез од Ред Бул, во неделата, во Сингапур ја забележа втората победа оваа сезона.

dobivaj vesti na viber

По серијата малку полоши пласмани, Мексиканецот поведе уште на самиот старт на патеката Марина Беј и не го испушти до крајот на трката.

„Оваа победа ми значи многу. Сепак, не правам спектакл од тоа. Секогаш сум под радарот и тоа ми се допаѓа“, изјави Перес.

Мексиканецот сега е на два бода од Шарл Леклер во битката за второто место во генералниот пласман. За Перез медиумите често велат дека нема место во Ред Бул, што Мексиканецот го демантираше со добрите изданија и минатата и оваа сезона, кога беше голема поддршка за актуелниот шампион и лидер во овогодинешниот шампионат, Макс Верстапен.

„Ако не сум на подиумот на две трки, веднаш има драма. Веројатно причината е што доаѓам од Мексико и потоа луѓето постојано велат дека јас сум најголемата грешка на Ред Бул. Мислам дека патеката најдобро се гледа дали луѓето се во право или не“, изјави Перес.

Следната трка во Формула 1 шампионатот се вози викендов во Јапонија.

Прикажи повеќе...

Спорт

Дарио Срна: ФИФА го уништи Шахтјор

Објавено пред

Спортскиот директор на Шахтјор, Дарио Срна, ја обвини ФИФа дека го уништила клубот од Доњецк.

dobivaj vesti na viber

Шахтјор Доњецк во среда ќе му гостува на Реал Мадрид во третото коло од Лигата на шампионите. Засега Шахтјор е најголемото изненадување во Лигата на шампионите, во првото коло го совлада Лајпциг во Германија со 4:1, а потоа ремизираше со Селтик 1:1 во Варшава.

Шахтјор не може да игра во Украина разурната од војната. Пред осум години клубот од Доњецк, чија анексија ја потпиша Путин пред неколку дена, се пресели во Киев, а сега не може да игра и во украинската престолнина.

„Преку Чеферин, УЕФА направи се што можеше за да ни помогне нам и на украинскиот фудбал. ФИФА, од друга страна, не уништи. Не не заштити во ниту еден момент. Ако Реал Мадрид, Севиља, Барселона или Баерн беа во нашата ситуација, јас сум сигурен дека брзо ќе им помогнеа“, се пожали Срна во интервју за „Марка“.

Легендата на Шахтјор и хрватскиот фудбал е лут поради одлуката на ФИФА, со која им дозволи на странците без обесштетување да ја напуштат Украина, со обврска за една година да се вратат во клубовите.

„Ние сме и тим кој му даде многу на европскиот фудбал во последните 20 години. Би сакал некој од ФИФА да дојде во Украина, да биде со нас и да почувствува како е да се живее со сирени и бомби“, додаде Срна и ја објасни ситуацијата.

„Имавме 14 странци чија пазарна вредност беше меѓу 150 и 200 милиони евра и им беше дозволено да одат на позајмица без да ги замрзнат договорите. Соломон и Тете имаа уште една и пол година од договорите, отидоа во Фулам и Лион и кога ќе се вратат, ќе имаат само уште шест месеци и ќе можат да заминат бесплатно. Тоа е неприфатливо“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија26 минути

Обвинителство: Зеќири го оштетил буџетот за скоро 1,5 милиони евра, парите завршиле во приватни фирми

Обвинителката Катерина Коларевиќ поднесе обвинение против ексгенералниот секретар на Владата, Мухамед Зеќири. Тој се гони за злоупотреба на службена положба...

Економија2 часа

Еврокомесар за управување со кризи: Реална закана од прекин на струја во Европа

Европскиот комесар за хуманитарна помош и управување со кризи, Јанез Ленарчиќ, ја смета за реална заканата од прекин на струја...

Свет2 часа

Бербок го обвини Путин за терор

Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека не е подготвен за мировни...

Свет2 часа

Кина ги предупреди САД: Можна е нуклеарна војна, сите европски земји ќе треперат

Кина предупреди дека САД би можеле да се соочат со тешки последици, вклучително и нуклеарна војна, доколку на Украина ѝ...

Свет4 часа

Азербејџан ја гранатира Ерменија, нови судири на граничниот премин меѓу двете земји

Азербејџанските војници синоќа со минофрлачи и мало оружје ги гранатираа граничните позиции на Ерменија, соопшти Министерството за одбрана на Ерменија....

Свет4 часа

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на украинските територии

Северна Кореја ја поддржува руската анексија на четири украински региони, изјави денеска севернокорејскиот министер за надворешни работи Ко Сон Хуи...

Свет4 часа

(Видео) Повеќе од 100 луѓе загинаа од ураганот Ијан кој ги погоди Флорида и Северна Каролина

Бројот на загинати од ураганот Ијан во Флорида и Северна Каролина се искачи на 103, а спасувачките тимови по втор...

Свет5 часа

Трамп го тужи Си-Ен-Ен за клевета, бара отштета од 475 милиони долари

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп во понеделникот го тужеше Си-Ен-Ен за клевета, барајќи отштета од 475 милиони долари. Во својата...

Свет5 часа

Јапонија подигна борбени авиони откако Северна Кореја лансираше проектил

Откако Северна Кореја лансираше ракета со среден дострел што прелета дел од северна Јапонија, а властите во Токио наредија евакуација...

Свет5 часа

(Видео) Северна Кореја лансираше проектил во Јапонија, во Токио издадена наредба за евакуација

Северна Кореја истрела балистичка ракета која утринава прелета над Јапонија за прв пат по пет години, што предизвика предупредување до...

Регион18 часа

Радев не ја поддржа декларацијата за членство на Украина во НАТО

Бугарското претседателство објави официјален став за одбивањето на шефот на државата Румен Радев да ја поддржи декларацијата на деветмина негови...

Европа19 часа

Украинските сили со голема брзина ги пробија руските линии на југот на земјата

Украинските сили го постигнаа најголемиот успех на југот на земјата од почетокот на војната со пробивање на линијата на фронтот...

Свет20 часа

(Видео) Нов испад на Бајден, ја погреши насоката за движење

Еден ден по гафот на кој ја повика починатата конгресменка обраќајќи и се како да е сè уште жива, американскиот...

Македонија22 часа

(Видео) Ако не се извинат, Ковачевски најави тужба за ВМРО-ДПМНЕ: Јас сум веќе две недели под константни напади

Најдолни лаги, според премиерот Димитар Ковачевски, се обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ за тоа дека го избегнал служењето војска правејќи се неспособен...

Регион23 часа

(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите

Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција...

Македонија23 часа

Обвинетите за убиството на Тот имале гризење на совеста и чувство на вина, сведочеше психијатарот Марцикиќ

Дваесет и еден ден по убиството на ракометарот Денис Тот, сега обвинетите Анџело Ѓорѓиевски, Клементина Лефковска и Андреј Костовски имале...

Економија24 часа

Поскапуваат бензините и дизелот

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се зголемуваат 0,50 денари/л. Малопродажната цена на „евродизелот (Д-Е V)“ се...

Македонија24 часа

Тупанчески на првиот академски час: Не учете за оцена! Учете да научите! Учете за да знаете!

Министерот за правда, Никола Тупанчески, се обрати на првиот академски час на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На идните студенти им...

Економија24 часа

Бонус до 3.000 евра ќе добијат вработените во Германија поради инфлацијата

Вработените во Германија ќе може да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно...

Свет1 ден

Рамзан Кадиров ги испраќа своите малолетни синови во војна

Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, најави дека тројца негови малолетни синови набргу ќе заминат на фронтот во Украина. „Тоа што...