Спорт
Официјално – Костиќ во Јувентус
Фудбалскиот клуб Јувентус денеска потврди дека го ангажирал српскиот репрезентативец Филип Костиќ од Ајнтрахт. Костиќ ќе потпише договор со „старата дама“ до 2026 година.
„Фудбалер со голем талент, сила и брзина, способен да ја покрие целата страна. Левоногиот крилен напаѓач кој во изминатите години покажа дека може да го покрие секој дел од теренот, но ужива да влегува во нападот и по потреба да дели асистенции“, се вели меѓу другото во описот на Костиќ на веб-страницата на Јувентус.
Kostić ???????????????????????????????????? ✅⚪️⚫️#WelcomeFilip
— JuventusFC (@juventusfcen) August 12, 2022
Според специјализираниот сајт за фудбалски трансфери „Трансферамаркт“, Јувентус за ангажманот на Костиќ на Ајнтрахт му платил 12.000.000 евра на Ајнтрахт Франкфурт.
Костиќ кариерата ја започна во Раднички од Крагуевац, кој од трансферот ќе добие 200.000 евра на име на солидарниот фонд.
Српскиот репрезентативец во кариерата настапуваше и за Гронинген, Штутгарт и Хамбург, а за репрезентацијата има одиграно 48 натпревари на кои постигнал три гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гидсел МВП на Европското првенство
Данскиот ракометен репрезентативец Матијас Гидсел е прогласен за најкорисен играч (MВП) на Европското првенство, објавено е на официјалната веб-страница на Европската ракометна федерација (EHF).
Германецот Андреас Волф е избран за најдобар голман. Норвешкиот ракометар Аугуст Педерсен е прогласен за најдобро лево крило, додека Данецот Симон Питлик е најдобар лев бек на Европското првенство.
Исланѓанецот Гисли Кристјансон е избран за најдобар централен бек. Најдобро десно крило е Марио Шоштариќ од Хрватска, додека Португалецот Франциско Кошта е избран за најдобар десен бек.
Германецот Јоханес Гола е прогласен за најдобар пивотмен. Најдобар дефанзивец е Португалецот Салвадор Салвадор, додека најдобар млад ракометар е неговиот сонародник Франциско Коста.
ЕП започна на 15 јануари во Данска, Норвешка и Шведска, а завршува вечерва во Хернинг.
Спорт
(Видео) Драматична победа на Манчестер Јунајтед
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед, по победите над Манчестер Сити и Арсенал, го победија и Фулам. „Црвените ѓаволи“ во драматичен натпревар славеа со 3:2.
Бразилците беа задолжени за головите, прво Касемиро во 19-та минута, а потоа во 56-та минута му асистираше на сонародникот Матеус Куња за вториот гол.
Фулам успеа да го намали резултатот на 2:1 преку Раул Хименез, а во втората минута од судиското продолжение резервистот Кевин го шокираше домашниот тим со фантастичен гол за израмнување на 2:2.
Сепак, Фулам не можеше да направи чудо како неодамна против Ливерпул, овој пат се случи спротивното Бенџамин Шешко 90+4 му донесе спектакуларен триумф на тимот на Мајкл Карик.
Foto/EPA
Спорт
Алкараз урна два рекорди стари речиси еден век
Речиси еден век, тенисот чекаше и дочека да бидат урнати два гигантски рекорди. И двата беа постигнати денес во Мелбурн од Карлос Алкараз. И двата се нешто што навистина одекнува во историјата.
Првиот стар 88 години, на 22-гпдошна возраст Алкараз стана најмладиот играч во историјата со кариерен Гренд слем, односно ги освоил сите четири најголеми трофеи во белиот спорт. Претходниот носител на рекордот беше Дон Баџ, кој го постигна во 1938 година.
Само седум други тенисери го постигнале ова: Фред Пери, Род Лејвер, Рој Емерсон, Андре Агаси, Роџер Федерер, Рафаел Надал и Новак Ѓоковиќ.
Кај тенисерките, оваа листа е малку подолга: Морен Коноли, Дорис Харт, Ширли Фрај Ирвин, Маргарет Корт, Били Џин Кинг, Крис Еверт, Мартина Навратилова, Штефи Граф, Серена Вилијамс и Марија Шарапова.
Вториот подвиг на Алкараз е уште потежок за постигнување. Никој не го направил тоа од 1935 година и Фред Пери. Поминаа дури 91 година откако тенисер ги освои своите први финалиња на сите четири Гренд слем турнири.
Алкараз е помлад од Пери, кој имаше 26 години кога го постигна овој подвиг. Во 2022 година, Алкараз го победи Каспер Рудо во Њујорк, 2023 година во Лондон, Ѓоковиќ, 2024 година во Париз, Александар Зверев, а сега повторно Ѓоковиќ во Мелбурн. Во осумте одиграни финалиња на Гренд слем турнири, тој има само еден пораз – минатото лето на Вимблдон против Јаник Синер.

