Спорт
Ограбен домот на Лука Дончиќ

Полицијата во Далас го објави извештајот поврзан со грабежот во дмот на Лука Дончиќ.
За среќа, Дончиќ и неговото семејство не биле дома во моментот на кражбата, а бил украден накит во вредност од 30.000 долари.
„Полицијата во Далас добила пријава дека непознато лице во периодот од 17 до 21 часот скршило прозор од бањата во куќата на Дончиќ и одзело накит. Двајца полицајци запознаени со делото ја потврдиле кражбата. Екипата на местото на злосторството е алармирана. Приватно обезбедување го чуваше домот на Дончиќ. Не е јасно дали има само еден осомничен или повеќе од едно лице“, се наведува во извештајот.
Дончиќ на Божиќ на мечот против Минесота заработи повреда на потколеницата, поради што ќе паузира најмалку еден месец
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.