Спорт
Огромен успех за Хрватска: Браќата Синковиќ испишаа историја и освоија злато на Олимписките игри
Браќата Мартин и Валент Синковиќ го освоија златото во двојка без кормилар на Олимписките игри во Париз.
Синковиќ ја завршија драматичната финална трка како најбрзи – за 6:23.66 го освоија златото, а тој четврти медал ги направи најуспешните хрватски олимпијци.
Досега имаат освоено сребро во четворка во Лондон во 2012 година, како и злато во дуото во Рио во 2016 година и злато во дуото во Токио.
Пред Синковиќ во Париз, Хрватска обезбеди три медали – златото го освои Барбара Матиќ, бронзата Миран Маричиќ, додека во тенис злато или сребро ќе освои Дони Векиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Сомнителен пенал го реши дерби Севилјано
Фудбалерите на Севилја славеа против Бетис во градското дерби со 1:0,
Севилја, со денешниот триумф се изедначи со Бетис, двата тима имаат по 12 бода, колку што има и Селта. Овие три тима се на делба од деветтата до 12.позиција.
Домашните први постигнаа гол во 10. минута, но Ејуке беше во недозволена позиција, па голот беше поништен.
На другата страна, голема шанса пропушти Витор Роке кога неговиот удар со глава успеа да го одбрани Ниланд.
Во средината на првиот дел од играта се обиде и Лукебакио од далечина кога Силва одлично реагираше, а до одморот немаше промена на резултатот.
Почетокот на вториот дел го донесе клучниот момент на натпреварот. Диего Љоренте играше со рака, Севилја доби пенал, а Доди Лукебакио беше сигурен од белата точка во 50. минута од натпреварот.
Пеналот е котраверзен бидејќи топката го погоди Љоренте кога тој беше свртен со грб, на само половина метар беше оддалечен од играчот кој шутираше, раката не беше до телото, но физички не можеше да биде.
По повик од ВАР собата, судијата Хуан Мартинез покажа на белата точка, теоретски имаше основа за пенал, но впечаток е дека сепак одлуката беше престрога.
Главниот судија покажа вкупно десет жолти картони, поради два жолти во финишот на мечот беше исклучен Нијанзу.
Спорт
(Видео) Спектакуларен пресврт на Брајтон против Тотенхем од -:2 до 3:2
Фудбалерите на Брајтон со спектакуларен пресврт славе победа над Тотенхем во 7.коло во Премиер лигата. „Галебите“ губеа на полувреме со 0:2, на крајот славеа победа со 3:2.
Како што покажа резултатото првиот дел апсолутно им припадна на фудбалерите на Тотенхем. Постигнаа два гола преку Џонсон во 23. и Медисон во 37.минута.
Домашните се разбудја во вториот дел и за само 18 минути направиа целосен пресврт. Резултатото го намали Минтех во 48., изедначи Рутер во 58, а целосен пресврт направи Велбек во 66.минута.
Брајтон се шести на табелата со 12 поени, Тотенхем имаат два бода помалку и се на деветтото место.
Спорт
(Видео) Ајнтрахт во 94.минута освои бод против Баерн
Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт одиграа нерешено со Баерн Минхен во 6. коло од Бундес лигата.
Франкфурт и Баерн натпреварот од 6. коло го завршија со резултат 3:3, а домаќинот имаше повеќе причини да го слават нерешениот резултат.
Израмнија во 94. минута од натпреварот, кога Мармуш го постигна својот втор гол на натпреварот.
Баварците во 15. минута преку Ким дојде до предност, а само седум минути подоцна одговори Ајнтрахт. кога Мармуш го постигна својот прв гол.
Потоа Мармуш му асистираше на Етиките, кој во 35. минута погоди за водство на Ајнтрахт од 2:1. До крајот на полувремето Упамекано. израмни.
Во продолжение Баерн направи пшресврт и по вторпат поведе. Тоа се случи откако Олисе ја затресе мрежата на Ајнтрахт во 53. минута од натпреварот.
До 94. минута Баерн имаше предност и одеше на победа, а потоа на сцена стапи Мармуш кој го растажи Баерн Минхен.