Спорт
Олимпија Милано прави „дрим-тим“, тргнаа и по Датоме
Се чини дека Олимпија Милано составува одлична екипа за наредната сезона.
Во миланскиот клуб веќе стигнаа Малком Дилејни од Барселона, Кајл Хејнс од ЦСКА Москва и Кевин Пантер од Црвена Звезда.
Освен нив, во „модната престолнина“ би требало да дојдат и Луиџи Датоме, односно Зах Ладеј.
Датоме е еден од најпопуларните италијански кошаркари. Моментно е член на Фенербахче, а доколку реши да се врати во Италија, тоа би било негово враќање во татковината по пауза од 7 години.
Ладеј, пак, е играч на Жалгирис, а претходно настапуваше и за Олимпијакос. Се работи за 26-годишен крилен центар кој со сјајните игри во Литванија го сврте вниманието врз себе.
Според пишувањата на „Газета“, за неговите услуги се заинтересирани неколку евролигаши.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола: Толку сме совршени што не смееме да губиме натпревари
Менаџерот на Манчестер Сиит, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата пред натпреварот против Вулверхемптон, се осврна на неодамнешните резултати на својот тим.
Сити влезе во период на лоша форма, запиша серија од четири натпревари без победа во Премиер лигата, што ги остава седум бода зад лидерот Арсенал. Покрај тоа, поразот од Бодо/Глимт (3-1) во Лигата на шампионите им ги намали шансите за директен пласман во осминафиналето.
Соочен со прашања за кризата со резултатите, Гвардиола иронично коментираше за притисокот што се врши врз неговиот тим. „Не можеме да губиме натпревари, нели? Не можеме, а? Манчестер Сити е толку совршен што не можеме да губиме натпревари, знам. Така е, да. Да, во право сте; мора да ја промениме динамиката и да победуваме натпревари“, рече каталонскиот експерт.
Кога го прашаа дали играта на тимот зависи од формата на играчот од средниот ред Родриго, Гвардиола побара трпение. „Дајте му време; беше повреден 11 месеци, му треба време да се опорави. Знам зошто поминуваме низ тешки времиња. Знам што се случува со тимот. Знам. Затоа мора да се обидеме да му дадеме малку повеќе време и да му го дадеме нему“, рече тој.
Тој се осврна и на настапот во Лигата на шампионите: „Знам дека е катастрофа да имаме 13 бода во Лигата на шампионите, знам, но има осум тима со 13 бода и еден од нив е еден од најдобрите во светот. Но, за нив е во ред, за нас е катастрофа“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Маринковиќ ја скина Ахиловата тетива
Партизан со епски пресврт, успеа да го победи Хапоел, по едно продолжение со 104:101. Црно-белите, против лидерот во Евролигата надополнија минус од 27 поени и славеа осми пат во сезоната. Во победата Партизан остана без капитенот Вања Маринковиќ.
Партизан, како домаќин го пречека Хапоел во Минхен и ја забекежа една од највпечатливите победи во историјата на Евролигата.
Лоша вест за Партизан е то во псоледниот напад, во регуларниот дел, се повреди Маринковиќ. Капитенот со помош на соиграчите го напушти теренот.
„Прегледот и ултразвукот во Минхен покажаа дека станува збор за руптура која бара подолго време за рехабилитација. Вања ќе биде подложен на магнетна резонанца по пристигнувањето во Белград, по што ќе биде донесена одлука за тоа како ќе се лекува оваа повреда“, објави клубот.
Спорт
Правилото за екстремни услови го спаси Синер од елиминација
Италијанскиот тенисер Јаник Синер се осврна на проблемите што ги имаше во мечот со Елиот Спичири.
Синер го мачеа грчеви, имаше проблем со движењето, повраќаше, сè додека не се затвори покривот на „Род Лејвер“. Потоа успеа да направи пресврт и да слави со 3-1 во сетови.
„Денес беше премногу жешко. Почнав да добивам грчеви во третиот сет, но потоа полека исчезнаа. Малку подобро го познавам своето тело и се обидувам да ја разберам ситуацијата во тој момент. Имав среќа. Кога го затворија покривот, требаше време. Се обидував да се опуштам и тоа помогна. Исто така, го променив начинот на кој играм одредени поени“, рече Синер.
Го прашаа што правел во соблекувалната.
„Ништо. Бев сам. Немаше третман. Не можете да добиете третман во тој момент. Само се истегнав и легнав пет минути обидувајќи се да ги опуштам мускулите. Се чини дека функционираше. Малку ја намалив телесната температура и тоа е тоа. Нема многу работи што можете да ги направите. Времето брзо минува, но ми помогна, тоа е сигурно“, рече Италијанецот.
Синер ќе игра против Лусијан Дардери во осминафиналето.
Foto/ EPA

