Спорт
Олимписки рекорди за Милак и Титмус, злато освои и Ледецки
Унгарецот Криштоф Милак, со нов олимписки рекорд, го освои златниот медал на 200 метри пеперутка. Австралијката Арију Титмус е првата со два златни медала. Таа победи на трката на 200 метри слободно, со нов олимписки рекорд.
Милак доминираше во својата дисциплина, исплива 53.48 секунди, со што го собори рекордот на Мајкл Фелпс. Втор трката ја заврши Јапонецот Томору Хонда, а трет беше Федерико Бурдисо од Италија.
Без медал во оваа дисциплина останаа златниот и бронзениот од претходните ОИ во Рио де Жанеиро, Чад Ле Кло и Тамаш Кендереши.
Австралијката Титмус најавува дека ќе биде хероина на овие ОИ. Таа го освои вториот златен медал. По златото на 400 метри слободно, таа го освои најсјајното одликување и на двојно пократката делница.
Златниот медал го освои со нов олимписки рекорд, 1:53.50 минути. Второто место и припадна на Сионхам Бернадет Хјуи од Хонгконг, а бронзата ја освои Канаѓанката Пени Олексјак.
Олексјак стана најтрофејната Канаѓанка во историјата на ОИ со шест медали.
Легендарната Американка Кејти Ледецки, не успеа да ги одбрани златните медали на 200 и 400 метри, но победи во новата дисциплина во женска конкуренција, 1.500 метри. Ледецки победи со време 15:37.34 минути. Нејзината сонародничка Ерика Саливен го освои второто место, а трете беше Германката Сара Колер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Голем пресврт на „Стенфорд Бриџ“ – Челзи го победи Вест Хем
Фудбалерите на Челзи, со пресврт во второто полувреме, го добија градскиот дуел со Вест Хем (3:2).
По оваа победа, Челзи го престигна Манчестер Јунајтед на табелата во Премиер лигата со 40 бода, „црвените ѓаволи“ имаат два бода помалку и натпревар помалку од тимот од Лондон.
По две победи по ред, Вест Хем го забележа својот 14-ти пораз, по што остана на 20 бода и на 18-то место во Премиер лигата.
„Чеканите“ имаа предност по првиот дел од 0:2. Стрелци на головите беа Боувен и Самервил.
Челзи одговори на вистински начин. Израмнување на „сините“ им донесоа играчите кои влегоа од клупата за резерви, Жоао Педро и Кукуреља, а победата ја обезбеди Енцо Фернандез со голот во 92-та минута.
На крајот, натпреварот го зачини тешакчата во финишот, Тодибо за врат го фати Жоао Педро, Мавропанос се обиде да му удри шамар на Палмер. Во целата таа мешаница само Тодибо доби црвен картон.
Спорт
Македонија против Украина или Словачка во баражот за СП
Ракометната репрезентација на Македонија добро помина на ждрепката, која ги одреди двојките за баражот, за пласман на Светското првенство.
Македонија ќе игра против победникот од претквалификацискиот дуел меѓу Украина и Словачка.
Македонија на 13 или 14.мај ќе гостува, а реваншот во Скопје ќе се одигра три дена подоцна.

Foto/ EPA
Спорт
Пол Џорџ падна на допинг тест
Кошаркарот на Филаделфија, Пол Џорџ, е суспендиран поради позитивен допинг тест.
Инсајдерот Шамс Чаранија, објави дека НБА го суспендираше Џорџ на 25 натпревари поради кршење на антидопинг прописите.
Пол Џорџ издаде соопштение во кое се вели:
„Во текот на изминатите неколку години, многу зборував за тоа колку е важно менталното здравје и поради тоа, направив голема грешка со тоа што самиот си земав лекови. Ја преземам одговорноста за моите постапки и им се извинувам на Севентисиксерс, соиграчите, навивачите и сите други за моите лоши одлуки за време на тој процес. Фокусиран сум на тоа да го искористам ова време за да го опоравам мојот ум и тело на најдобар можен начин и да му помогнам на тимот кога ќе се вратам“, рече Џорџ.
Не е наведено зошто Џорџ не го поминал допинг тестот.
Популарниот играч има 35 години и имаше просек од 16 поени и 5 скока во 27 натпревари оваа сезона.

