Спорт
Оливер Кан ќе го замени Румениге како директор на Баерн
Легендарниот германски голман, Оливер Кан, ќе го замени Карл-Хајнц Румениге како извршен директор и претседател на бордот во 2022 година откако прифати важна улога во својот поранешен клуб.
Кан се согласил на петгодишен договор, со кој првин ќе им се приклучи на шампионите од Бундеслигата како член на бордот од 1 јануари 2020 година. 50-годишниот Кан потоа ќе го замени Румениге како човек одговорен за работите што не се однесуваат директно на фудбалот.
Кан, кој помина 14 години на „Алијанц арената“, направи успешна бизнис-кариера по повлекувањето од фудбалот и вели дека ова за него е голема чест.
„Длабоко сум поврзан со клубот и тој го формира мојот живот. Спортскиот и финансискиот успех, солидарноста со навивачите, одговорен приод кон историјата и вредностите на клубот, тоа е Баерн“, вели Кан.
Оваа замена е дел од пошироките промени во Баварија откако Ули Хенес ќе се повлече од претседателската позиција на следното годишно собрание на 15 ноември и ќе продолжи како член на бордот за супервизија.
I would like to thank the board of supervisors at FC Bayern for their confidence in me. I look forward to taking on the new challenge of executive board member with passion and enthusiasm at @FCBayern, starting in January ?⚪ #MiaSanMia #WeiterImmerWeiter pic.twitter.com/3q2ZvjuFeD
— Oliver Kahn (@OliverKahn) August 30, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
„Сѐ се случи за миг“ – сестрата на Линдзи Вон зборуваше за нејзината состојба по страшниот пад на Олимписките игри
Линдзи Вон моментално е на лекарски прегледи по тешкиот пад што ѝ се случи утрово, потврди нејзината сестра Карин Килдо во изјава за „Ен-Би-Си“. Таа рече дека сцената била застрашувачка и многу тешка за гледање.
„Тоа дефинитивно беше последното што сакавме да го видиме. Сѐ се случи многу брзо и во такви моменти само се надеваш дека е добро“, рече Килдо.
Таа додаде дека станало уште пострашно кога забележале дека изнесуваат носила.
„Тоа никогаш не е добар знак. Но, како што вели онаа изрека за човекот во арената – таа се осмели, даде сѐ од себе и одеше до крај. Тешко е да се гледа, но најважно е таа да биде добро“, изјави таа.
Сестрата на познатата американска скијачка потврди дека во моментов не знаат што следува: „Превезена е со хеликоптер од местото на несреќата. Со неа се сите нејзини лекари, хирурзи и физиотерапевти. Ќе не известат и ќе отидеме во болницата каде што ја прегледуваат. Засега знаеме само дека е на прегледи и се надеваме наскоро да добиеме повеќе информации.“
Главниот брзински тренер на американскиот скијачки тим, Пол Кристофик, изјави дека Линдзи Вон и понатаму е под медицинска проценка во Кортината, а тимот сѐ уште нема добиено никакво ажурирање за нејзината здравствена состојба.
„Сѐ уште не знаеме ништо конкретно“, изјави Кристофик. „Таа е со медицинскиот тим во болница. Во моментов се проценува во Кортината. А потоа, во зависност од сериозноста на повредата, ќе се донесе одлука каде ќе биде сместена.“
Спорт
(Видео) Тежок пад на Линдзи Вон на Олимписките игри
Американската скијачка Линдзи Вон не се прослави во спустот на Зимските олимписки игри.
Таа падна во раната фаза од спустот, по што ѝ беше укажана помош на патеката, а се слушаше како легендарната Американка плаче од болка.
Линдзи по падот остана да лежи, чекајќи помош од лекарите и спасувачката екипа. Мораше да реагира и хеликоптер, кој ја однесе во болница.
The crash of #lindseyvonn #Olympics2026 #Olympics pic.twitter.com/PJtuSCJwcm
— Dreamer (@MCnotHamm3r) February 8, 2026
Вон неодамна доживеа тешка повреда на лигаментите на коленото, но и покрај тоа одлучи да настапи.
Оваа 41-годишна скијачка во кариерата освои три олимписки медали – злато во спуст во Ванкувер, како и бронза во супервелеслалом. Покрај тоа, има и бронза од Пјонгчанг 2018 година.
Вон неодамна имаше враќање на натпреварувањата по подолга пауза и веќе забележа неколку запажани резултати во тековната сезона.
Сепак, се чини дека крајот на кариерата ќе биде тажен.
Спорт
Клабо е недопирлив во скиатлон
Јоханес Клабо ја оправда фаворитската улога и го освои златниот медал во нордиско скијање, во трката скијатлон од 10 км + 10 км.
Како што се очекуваше, Норвежанецот чекаше до самиот крај, а потоа влезе во пеколен финиш. Во тој момент ниту еден од конкурентите не успеа да го следи темпото на Клабо. Норвежанецот во целта влезе со 46:11.0.
Ова беше шесто олимписко злато за Клабо во неговата кариера, а негов трет поединечен. Тој денес го потврди статусот на најдобар натпреварувач.
Во голема борба за второто место, Французинот Делог успеа да го надмине Норвежанецот Нингет, кој мораше да се задоволи со бронза. Русинот Короцељев заврши на четвртото место.
Foto/ EPA

