Спорт
Олмо ограбен во Валенсија, неговиот брат завршил во болница

Шпанските медиуми пишуваат дека Дани Олмо бил нападнат и ограбен во Валенсија каде е на одмор. Играчот на Лајпциг бил нападнат на улица откако излегол од фризерски салон.
Украден му е часовникот вреден околу 30 илјади евра. Шпанците пишуваат дека разбојниците го чекале фудбалерот во заседа.
Дани бил придружуван од неговиот брат, кој бил повреден кога се обидел да ги спречи разбојниците да избегаат. Завршил во болница, каде му била укажана лекарска помош. Тој не бил сериозно повреден.
Дани Олмо, од јануари 2020 година е играч на Лајпциг. Тогаш Лајпциг го купи од хрватскиот шампион Динамо за 29 милиони евра.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Олимпијакос постигна договор со Кендрик Нан

Олимпијакос е пред потпис на договор со 28. годишниот Американец Кендрик Нан, кој остави најдлабока трага играјќи за НБА тимовите Мајами Хит и Лос Анџелес Лејкерс.
Јоргос Барцокас, тренер на тимот на Олимпијакос, го означил Нан како приоритетно засилување на бековската позиција, пишува „Нова спорт“.
Се вели дека Нан ќе пристигне во грчката престолнина во понеделник и дека би требало да биде во составот за грчкиот Суперкуп и првото коло од Евролигата, во кое Олимпијакос е домаќин на Панатинаикос.
Од 2019 до 2021 година, Нан играше за Мајами Хит, а потоа ги помина следните две сезони како играч на Лејкерс. Во 2023 година го имаше последниот ангажман, беше играч на Вашингтон Визардс.
Олимпијакос остана без важен играч во актуелниот преоден рок, Костас Слукас го напушти тимот и замина во редовите на најголемиот ривал Панатинаикос.
Fotо/EPA
Спорт
Нагелсман и официјално ја презеде Германија

Јулијан Нагелсман и официјално е селектор на германската репрезентација и ќе ја води на следното Европско првенство следната година.
Младиот стручњак кој има само 36 години последен во март оваа година остана без работа, кога доби отказ во Баерн Минхен.
Интересно е што и сега како и претходно во Минхен, на клупата на германската репрезентација ќе го наследи Ханси Флик.
Германците се домаќини на претстојното ЕУРО 2024, но долго време се мачат, особено откако беа елиминирани во групната фаза на Мундијалот, влегоа во серија лоши резултати.
Нагелсман ќе влезе во историјата како најмладиот селектор на Германија. Своето деби на клупата ќе го има на 14. октомври на пријателскиот натпревар против селекцијата на САД во Конектикат.
Фото/ EPA
Спорт
Винисисус ќе го пропушти градското дерби

Фудбалерите на Реал Мадрид во недела ги очекува големо градско дерби, на „Метрополитено“ ќе му гостуваат на Атлетико Мадрид. Како што пренесуваат шпанските медиуми, Карло Анчелоти има проблеми во составувањето на тимот.
„Релево“, пишува дека бразилскиот репрезентативец Винисиус Жуниор нема да игра поради повредата на грбот.
Тренерот Анчелоти се надеваше дека Бразлецот ќе игра, но како што сега стојат работите покрај дербито, тој ќе го пропушти и натпреварот во среда, против Лас Палмас.
„Мадрилењо“ ќе се игра во недела од 21:00 часот по средноевропско време. Реал оствари максимални пет победи на стартот на сезоната, додека избраниците на Диего Симеоне на четири натпревари освоија седум бода.