Спорт
Онана се пресели во Астон Вила
Поранешниот играч за врска на Евертон, Амаду Онана е новото засилување на Астон Вила, соопшти од клубот од Бирмингем.
Белгиецот (22) потпиша петгодишен договор со Астон Вила, а медиумите пренесуваат дека клубот за неговите услуги издвои 60 милиони евра.
Професионалната кариера Онана ја започна во 2020 година во Хамбург, за кој настапуваше една година, како и за француски Лил, кој беше негова следна дестинација.
Претходните две години играше за Евертон за кого забележа 70 настапи и постигна три гола.
Ги помина сите младински селекции на белгиската репрезентација, додека за сениорската селекцијата од 2022 година има одиграно 17 натпревари.
Вила го ангажираше Онана како замена за Даглас Луиз кој се пресели во Јувентус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дефанзивецот на Црвена звезда се сели во Вулверхемптон
Фудбалерот на Црвена звезда, Насер Џига, до крајот на денот ќе се пресели во Премиер лигата.
Дефанзивецот ќе му се приклучи на Вулверхемптон, а според српските медиуми, англискиот премиерлигаш ќе плати 11 милиони евра и 2 милиони преку можни бонуси. Црвена звезда ќе го задржи правото и на пет или десет проценти од следниот трансфер.
Џига имаше излезна клаузула од 8.500.000, но добрите игри во Лигата на шампионите и фактот што неколку клубови беа заинтересирани ги натера челниците на Вулверхемптон да понудат поголема сума како обештетување.
Џига (22) е репрезентативец на Буркина Фасо, во Црвена звезда пристигна од Базел во септември 2023 година на позајмица, а клубот потоа за три милиони евра го откупи неговиот договор.
Спорт
Питлик: Некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет
Ракометарот на Данска Симон Питлик имаше порака за хрватските колеги по победата во финалето на 29. Светско првенство.
Во мечот за титулата во Осло, Данците лесно ја совладаа Хрватска и победија со 32:26, со што четврти пат по ред станаа светски шампиони.
Хрватите го одиграа финалето доста грубо, а покрај директниот црвен картон на Марко Мамиќ имаше и многу фаули што го изнервираа Симон Питлик.
„Треба некој да им објасни на Хрватите дека вака не се игра ракомет. Ваков ракомет можат да играат само во Загреб, каде што судиите се на нивна страна. Правеа луди фаули. Само така можеа да не победат. Тоа не им успеа затоа што ние сме попаметни. Добиваа глупави исклучувања, внесоа премногу емоции“, истакна Питлик.
На Питлик не му пречеше премногу грубата игра на Хрватите, бидејќи мечот го заврши со четири гола. Питлик со 50 гола заврши на четвртото место на листата на најдобри стрелци.
За потсетување, Франција го освои бронзениот медал со тесната победа (35:34) против Португалија.
Спорт
Батлер ќе прифати трејд само во Феникс Санс
Кошаркарот на Мајами Хит Џими Батлер ја отфрли идејата да им се приклучи на Голден Стејт Вориорс и јасно стави до знаење дека сака да ќе прифати трејд само во Феникс Санс.
Впечаток е дека никогаш нема да заврши сагата со 35-годишниот кошаркар на Мајами Хит.
Според Шамс Чаранија од ЕСПН, Батлер сака да се пресели во Феникс Санс и да го продолжи договорот со нив откако ќе му истече договорот ова лето.
„Батлер ја отфрли идејата да им се приклучи на Голден Стејт Вориорс, предупредувајќи дека нема да остане таму ако тие го трејдуваат. Јасно е дека дека тој би сакал да оди во Феникс Санс и таму да остане долго време. Во последниве недели, Мајами преговара со Санс и Вориорс, тимови кои го сакаат Батлер“, пишува Чаранија.
Феникс е целосно фокусиран на овој трејд, намерата е да го спојат Батлер со Кевин Дурант и Девин Букер пред истекот на преодниот рок, кој во НБА лигата трае до 6.февруари.