Спорт
„Орлите“ бараат виновници, прв ќе „лета“ Тумбаковиќ?

Ни по 20 години фудбалерите на Србија нема да имаат можност да играат на едно Европско првенство во фудбал. Пропуштија шанса против Шкотска, на домашен терен, преку Лигата на нации.
Јавноста по обичај по ваков неуспех бара виновници, но во Србија нема дилеми дека прв ќе „лета“ селекторот Љубиша Тумбаковиќ.
Дел од српските медиуми пишуваат дека мечевите против Унгарија и Русија ќе бидат последните за Тумбаковиќ на селекторското столче.
Во неговиот договор со ФСС има клаузула доколку Србија се пласира на ЕП, тој да биде селектор до 1 август 2021 година.
Се шпекулира и со неговите можни наследници. Се споменуваат имињата на Владан Милоевиќ, Драган Стојковиќ – Пикси, Саво Милошевиќ, Славиша Јокановиќ, Владимир Ивиќ и Вељко Пауновиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Руни: Салах само гледаше како играчите на Челзи го растураат неговиот дефанзивец, а Салах само гледа

Вејн Руни го критикуваше Мохамед Салах по драматичниот пораз на Ливерпул на гостински терен од Челзи во саботата навечер. Тој е убеден дека како капитен Вирџил ван Дајк би морал да разговара со Египќанецот.
Во пет од седум натпревари од Премиер лигата оваа сезона, Салах не постигна гол, тој е далеку од формата во која беше минатата сезона, а неговата себичност повторно доаѓа до израз во некои ситуации. Тоа е особено впечатливо по трите последователни порази на Ливерпул – два во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите.
И двата порази во Премиер лигата дојдоа во судиското продолжение.
Руни не само што ја критикуваше изведбата на Салах во нападот, туку беше многу критичен и кога стануваше збор за неговата игра во дефанзивата и дека Салах има „проблем со егото“ по доаѓањето на Флоријан Вирц, Александар Исак и Иго Екитике.
„Со доаѓањето на играчи како Исак, Екитике и Вирц, со количината на пари потрошени за нивните трансфери, што мисли Салах сега? Како размислува?
Сите врвни играчи имаат големо его, а Мохамед Салах е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата многу долго време.
Мислам дека оваа минатата недела покажа дека кога сè оди добро, кога се постигнуваат голови и се победува, тогаш сè е одлично. Но, што се однесува до оваа последна недела, тука се поставува прашањето за неговата работна етика.
„Знам дека не секогаш се враќа, не секогаш помага во одбраната, но во натпреварот против Челзи дефанзивците „гисечат на парчиња“ од неговата страна, а тој само гледа“, рече Руни.
Спорт
Федерер избра петмина тенисери, имале големо влијание врз неговата кариера

Роџер Федерер, еден од членовите на „Големата тројка“, најуспешната генерација во историјата, ги избра петте најдобри тенисери според својот вкус. Швајцарецот беше гостин во подкастот на нигерискиот пејач, Берн Бој.
Федерер издвои пет тенисери, но не ги рангираше. Ги издвои поради важноста што ја имаа врз него, како и влијанието што го имаа врз него додека растеше. Може да се каже дека ги наведе по хронолошки редослед, а не според квалитетот.
„Ми требаше некој на кого ќе се угледувам кога бев млад. За мене тоа беше Стефан Едберг“. Швеѓанецот во еден период му беше тренер на Федерер.
„Тој секогаш ја напаѓаше мрежата и сакав да играм како него. Тука е и Борис Бекер. Кога играа еден против друг, секогаш ги гледав“.
И Едберг и Бекер играа сервис-волеј, што беше токму стилот на Федерер на почетокот на неговата кариера. Потоа го смени тоа и играше така само понекогаш.
Потоа Федерер наведе уште три имиња.
„Пит Сампрас е следен, а потоа секако Надал и можеби Ѓоковиќ. Се сеќаваш ли на него?“, разговорот целосно се претвори во шега во тој момент.
Кога Берн Бој го прашаа кои се неговите најдобри фудбалери, Роџер избра.
„Марадона, Зидан, Тиери Анри беа моите омилени играчи кога растев. Денес не можете да ги прескокнете Меси и Роналдо. Тие ги рушат сите рекорди“.
Спорт
Гвардиола влезе во историјата на Премиер лигата
Фудбалерите на Манчестер Сити едвај го победија Брентфорд во седмото коло од Премиер лигата (1:0) со голот на Ерлинг Халанд. Со оваа победа Пеп Гвардиола, постави нов тренерски рекорд во Премиер лигата.
Гвардиола стана тренер кој најбрзо во историјата на Премиер лигата стигнал до 250 победи. За 250-та победа во Премиер лигата, на Гвардиола му беа потребни 349 натпревари на клупата на „граѓаните“.
New record 🆕
No manager has reached 250 Premier League wins quicker than Pep Guardiola 🩵 pic.twitter.com/gaZaJtIFIG
— Premier League (@premierleague) October 5, 2025
Поранешниот тренер на Барселона и Баерн Минхен, го сруши рекордот на Алекс Фергусон. Легендарниот тренер на вечниот ривал на Сити, Манчестер Јунајтед, го достигна споменатиот резултат во 404-тиот натпревар, додека на поранешниот тренер на Арсенал, Арсен Венгер, му беа потребни 423 натпревари за да ја забележи истата бројка.
Гвардиола со Сити освои шест титули во англискиот шампионат, една во Лигата на шампионите. Освои и девет трофеи во трите преостанати англиски фудбалски натпреварувања.