Спорт
Осака елиминирана од Ролан Гарос

Наоми Осака, најдобрата на ВТА листата и прва носителка на Ролан Гарос го заврши својот настап во третото коло на турнирот што се одржува во Париз. Подобра од Јапонката беше 42 на ВТА листата Катерина Синиакова од Чешка. Инаку, Синиакова е број 1 во светот во конкуренција на двојки.
До најголемата победа во својата досегашна кариера тенисерката од Чешка дојде за 80 минути игра.
Синиакова доминираше во текот на целиот меч, го искористи лошиот ден на Осака и успеа да слави во два сета 6:4, 6:2.
Во наредното коло Синиакова ќе игра против Медисон Киз или Ана Блинакова.
И покрај елиминацијата во раната фаза на Ролан Гарос, Наоми Осака ќе остане на првата позиција на ВТА листата.
World No. 1 gone!@K_Siniakova produces the upset of the tournament, ousting Osaka 6-4 6-2.#RG19 pic.twitter.com/TUjeRv2TdI
— Roland-Garros (@rolandgarros) June 1, 2019
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Рафаел Надал ја доби титулата маркиз

Шпанскиот крал Фелипе VI денеска му ја додели титулата маркиз на легендарниот тенисер Рафаел Надал како признание за неговиот придонес кон нацијата поради неговите неверојатни спортски резултати.
Надал отсега ќе ја носи титулата Маркиз од Левант де Мајорка, островот каде што е роден и живее, а тоа е наследна титула.
За време на својата богата кариера, Надал освои 22 грен слем титули, од кои неверојатни 14 беа на Ролан Гарос, и без сомнение е најдобриот играч во историјата на земјена подлога.
Покрај Надал, кралот ги почести и поп-рок пејачката Луз Касал и параолимписката пливачка Тереза Пералес.
„Тие се гордост на Шпанија и постојана референтна точка на вредности што треба да го инспирираат нашето општество“, објави шпанската кралска куќа.
Спорт
Мбапе е хоспитализиран!

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе е хоспитализиран поради акутен гастроентеритис и е задржан на понатамошни тестови.
Во превод, Мбапе има стомачен грип, а оваа информација официјално ја објави неговиот клуб, Реал Мадрид.
„Нашиот играч Килијан Мбапе има акутен гастроентеритис и е хоспитализиран на дополнително тестирање и лекување“, се вели во соопштението.
Parte médico de Mbappé.
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) June 19, 2025
Реал и Мбапе моментално се во Соединетите Американски Држави, каде што ремизираа со Ал-Хилал во првото коло од Светското клупско првенство на ФИФА.
Мбапе не беше дел од тој натпревар поради повреда, или поточно болест, а сега е откриено точно за што се работи.
Следниот натпревар на Реал е во недела навечер против Пачука, но големото прашање е дали Французинот ќе биде подготвен за тој дуел.
Спорт
Дмитровиќ се сели во Еспањол

Поранешниот српски репрезентативец Марко Дмитровиќ (33) кариерата ќе ја продолжи во Еспањол. Искусниот голман во Еспањол пристигна од Леганес, со кого не успеа да избори опстанок во Примера.
Поранешниот српски репрезентативец доаѓа во Еспањол како замена за Џоан Гарсија, кој неодамна се пресели во Барселона во трансфер вреден 25 милиони евра.
Дмитровиќ треба да биде првата опција на голот на Еспањол следната сезона.
Инаку, откако испадна од Примера со Леганес, Дмитровиќ се поврзуваше со Црвена звезда, но реши да остане во Шпанија бидејќи со уште една година престој во оваа држава ќе ги исполни условите за добивање државјанство.