Спорт
Осака ќе паузира од тенисот – го чека своето прво дете!
Четирикратната гренд слем шампионка, Јапонката Наоми Осака потврди дека го чека своето прво дете со американскиот рапер Кордеј, неколку дена откако беше потврдено дека се повлекува од Австралија опен.
„Последните години беа многу интересни, и секогаш велам дека кога имаш предизвици ќе ти биде најзабавно. Последните неколку месеци надвор од спортот ми дадоа нова љубов и почит кон спортот на кој му го посветив мојот живот. Сфаќам дека животот е краток и дека нема сигурни моменти. Знам дека имам многу работи на кои можам да се радувам во иднина, една работа е моето дете да ги гледа моите мечеви и да каже: ‘Тоа е мојата мајка’“, вели 25-годишната Осака.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Германија среде Евробаскетот остана без селектор

Многу тимови на тековниот Евробаскет имаат проблеми со повредени и болни играчи, а германската репрезентација има проблеми со селекторот.
Алекс Мумбру беше хоспитализиран поради инфекција непосредно пред почетокот на турнирот и се мачеше многу за време на групната фаза во Тампере.
„Панцерите“ го презеде неговиот помошник Алан Ибрахимагиќ, кој ќе биде на чело на еден од главните фаворити за златото во продолжението на Европското првенство.
Мумбру едноставно не можеше целосно да се посвети на кошарката, а Германската кошаркарска асоцијација го објави ова на своите официјални мрежи.
„Во текот на изминатите неколку дена сфатив дека не сум физички подготвен да го водам тимот од клупата за време на натпреварите. Решив да ги прилагодам улогите во тренерскиот штаб и Алан да ја преземе одговорноста на главен тренер за време на натпреварите. Јас сè уште ќе бидам на клупата, ќе го поддржувам тимот и ќе продолжиме тесно да соработуваме. Верувам дека ова е најдобриот начин да му помогнам на тимот да постигне успех“, рече Мумбру.
Германија ќе игра против Словенија во четвртфиналето на Евробаскетот во среда од 20 часот.
Спорт
Мбапе гласа за Дембеле: Јас лично би му ја врачи Златната топка

Најпрестижната индивидуална награда во фудбалот, Златаната топка, ќе биде доделена на 22 септември, во Париз.
За истата има неколку кандидати, а меѓу нив најмногу се издвојуваат Усман Дембеле и Ламин Јамал.
Дембеле имаше одлична сезона со ПСЖ каде што ги освоија сите домашни трофеи, како и престижниот трофеј од Лигата на шампионите. Покрај овие двајца, се споменуваат и имиња како Рафиња, Мохамед Салах и Килијан Мбапе.
„Усман ја заслужува (Златната топка), го поддржував од самиот почеток. Ако ме прашаше, јас лично би му ја однел дома“, изјави тој Мбапе за „Телефут“.
Спорт
ФИБА ги објави термините за четвртфиналните пресметки

ФИБА ги објави четвртфиналните натпревари на Евробаскетот, натпреварите ќе се играат во вторник и среда.
За разлика од натпреварите од осминафиналето, кои се играа во 11:15, 14:15, 17:30 и 20:45 часот, четвртфиналните мечеви ќе се играат во различни термини.
Ќе се игра од 16:00 до 20:00 часот, по македонско време.
Во вторник, Турците, предводени од Алперен Шенгун, и Полјаците, кои ја елиминираа селекцијата на БиХ, ќе бидат првите што ќе излезат на теренот.
А во ударниот термин од првиот ден, ќе играат Литванците, кои го елиминираа домаќинот Латвија, и Грците, кои славеа над Израел на крилата на Јанис Адетокумбо.
Во среда, првиот дуел е судир меѓу неочекуваните четвртфиналисти, Финците и Грузијците, двете најголеми изненадувања на турнирот кои ги елиминираа фаворизираните Србија и Франција.
Последниот натпревар од четвртфиналето ќе го играат светските шампиони, Германците и Словенците, кои сите надежи ги полагаат на неверојатниот Лука Дончиќ.
Foto/ EPA