Спорт
Осимен најдобар Африканец во 2023 година
Африканската фудбалска конфедерација (КАФ) на посебна церемонија го прогласи Виктор Осимхен, 24-годишниот напаѓач на нигериската репрезентација и Наполи, за најдобар африкански играч во 2023 година.
Осимен го предводеше Наполи до првата титулата во Серија А по пауза од 33 години.
Летово стана Капоканоние, односно најдобар стрелец во Серија А, а се предвидува дека во јануари или следното лето би можел да оствари трансфер вреден повеќе од 100 милиони евра во некој од европските гиганти и со тоа да стане најскап играч во историјата на Наполи.
Во изборот за играч на годината во КАФ, Осимен заврши пред Мароканецот Ахраф Хакими (ПСЖ) и Мохамед Салах (Ливерпул). За Салах ова е најлошиот пласман на последните пет избори. Тој беше победник во 2017 и 2018 година, а во 2019 и 2022 година го зазеде второто место, двата пати зад Садио Мане, додека наградата не беше доделена во 2020 и 2021 година.
Осимен стана првиот Нигериец кој ја освоил наградата за најдобар африкански играч по Нванкво Кану во 1999 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Барселона му нуди нов договор на Левандовски
Барселона е подготвена да го задржи Роберт Левандовски уште една година.
Неколку каталонски медиуми денес открија дека Барселона одлучила да му го продолжи договорот на Левандовски.
Понудата содржи и неколку услови, Левандовски треба да прифати да биде втора опција во нападот, што значи помалку минути на теренот и да се согласи на намалување на платата од најмалку 50 отсто.
Левандовски во моментов иам најголема плата во тимот, па според неговата улога во новата сезона, клубот очекува тој да се согласи на значително намалување на платата.
Според претходните најави, токму ова го сакаше Левандовски, бидејќи ужива во Барселона со своето семејство и со задоволство би останал на „Камп Ноу“ до крајот на кариерата.
Левандовски пристигна во Барселона во летото 2022 година за 45.000.000 евра од Баерн Минхен. Освои две титули во Ла Лига, Купот на Кралот и два Суперкупа.
Foot/ depositphotos
Спорт
Пропадна трансферот на Матета во Јувентус
Жан-Филип Матета е бесен на Кристал Палас, откако пропадна неговиот потенцијален трансфер во Јувентус.
Напаѓачот, односно неговиот менаџер, лесно постигнал договор со Јувентус околу платата, но Кристал Палас не успеа да се договори за обештетување со Јувентус. Клубот од Лондон бараше Јувентус веднаш да го исплати трансферот, додека италијанскиот клуб понуди позајмица со право на откуп по завршувањето на сезоната.
И покрај тоа што му пропадна трансерот, не значи дека Матета дека ќе остане во Кристал Палас.
Астон Вила продолжува да покажува интерес за Матета и како што сега стојат работите од Бирмингем се подготвени да ја платата сумата што ја бара Кристал Палас.
За Матета, клубот од Лондон бара 35 милиони фунти (околу 40 милиони евра / 47 милиони долари).
Foto/ depositphotos
Спорт
Словенија доби нов селектор
Извршниот одбор на Фудбалскиот сојуз на Словенија (ФСС) го потврди Боштјан Цесар за нов селектор на репрезентацијата.
Со 102 натпревари, Цесар го држи рекордот по број на настапи за словенечката репрезентација и беше капитен многу години.
Тој играше на Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка, кога беше дел од генерацијата што ја однесе Словенија на Светското првенство по втор пат во историјата.
Поголемиот дел од својата клупска кариера го помина во Киев, каде што одигра 247 натпревари и постигна девет гола за десет години. Играше и за Марсеј, Гренобл и Вест Бромвич Албион.
По завршувањето на кариерата, се посвети на тренерската работа,ја водеше репрезентацијата до 19 години, а во јануари 2022 година се приклучи на стручниот штаб на сениорската репрезентација, како прв асистент на Матјаж Кек.
Тој беше член на тренерскиот штаб кога тимот го постигна својот најголем успех со пласманот во четвртфиналето на Европското првенство во Германија во 2024 година.
Во отсуство на Кек, тој ја предводеше Словенија до серија од пет натпревари без пораз, вклучувајќи го и пријателскиот натпревар од 2:0 против Португалија.
Фудбалскиот сојуз на Словенија не го продолжи договорот со Кек, чиј втор мандат истече минатиот декември.

