Спорт
Осминафинални двојки на КАН, домаќинот го доби најтешкиот противник
Заврши фазата по групи на Африканскиот куп (КАН). Место меѓу најдобриот 16 избори и домаќинот Брегот на Слоновата коска. Резултатите од последното коло во Ф групата и овозоможија на домашната репрезентација да влезе во нокаут фазата како една од четирите најдобри третопласирани селекции.
Брегот на Слоновата коска во групата А забележа една победа и два порази, поради што Сојузот го отпушти селекторот Жан-Луј Гасет. До крајот на КАФ репрезентацијата ќе ја предводи Емерсе Фае.
Во осминафиналето Брегот на Слоновата коска го доби најтешкиот противник, бранителот на титулата Сенегал.
Освен овој натпревар, на КАН ќе има уште едно дерби во осминафиналето. Тоа е дуелот меѓу Нигерија и Камерун, а интересена може да биде и пресметката меѓу Мароко и Јужна Африка.
Осминафинални двојки на КАН Паровите се следни:
Ангола – Намибија
Нигерија – Камерун
Екваторијална Гвинеја – Гвинеја
Египет – ДР Конго
Зеленортски острови – Мавританија
Сенегал – Брегот на Слоновата коска
Мали – Буркина Фасо
Мароко – Јужна Африка
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Комичен авто гол на Рахмани, пораз на Наполи во Комо

Фудбалерите на Наполи ја продолжија серијата неуспешни резултати во овој дел од сезоната, загубија со 2:1 на гостувањето кај Комо. Шест дена пред дербито, Наполитанците му ја препупштија челната позиција на Интер.
Наполи се наоѓа во серија на ужасни резултати, на последните четирир натпревари нема победа, три пати одигра нерешено и загуби од Комо. Последниот триумф во Серија А, Наполи го оствари на 25.јануари против Јувентус.
Дека дуелот на стадионот крај езерото Комо нема да го паметат по добро избраниците на Антонио Конте навестија по само седум минути игра.
Во седмата минута Амир Рахмани си постигна комичен автогол. Десет минути траеше радоста на домашниот тим, кога нивната предност ја поништи Џакомо Распадори.
⚽️ GOAL: Rrahmani (OG)
🇮🇹 Como 1-0 Napolipic.twitter.com/FWQfMSzTht— Goals Xtra (@GoalsXtra) February 23, 2025
Првата сериозна шанса Наполи ја имаше во второто полувреме преку Скот Мектоминеј, но ударот на шкотскиот фудбалер го прочита Буте и успеа да одбрани.
Во 75. минута Ангиса од добра позиција лошо шутираше, право во голманот Буте.
Само две минути подоцна Комо поведе со 2:1 откако Асане Диао го совлада Мерет. Младиот напаѓач, во зимскиот преоден рок дојде во Комо, го постигна петтиот гол на осмиот одигран натпревар.
Последната шанса да избегне пораз, Наполи ја имаше во судиското надополнување, ударот на Рахмани заврши за десетна сантиметри карај десната статива.
Спорт
Макс бил лут дека во Лондон го пречекале со свирежи, бара подобар третман

Минатата недела беше најавена новата сезона во Формула 1, 75 по ред, со спектакл во „О2“ арената во Лондон, а неколку дена подоцна Формула 1 реагираше на начинот на кој беа пречекани светскиот шампион Макс Ферстапен и шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер. Наводно, Ферстапен се заканил дека ќе ги бојкотира идните настани во Англија.
Ферстапен и Хорнер беа пречекани со свирежи во арената во Лондон, а медиумите тврдат дека Холанѓанецот бил особено бесен поради тоа.
„Нема да ме видат повеќе овде доколку ова се повтори. Јас се согласувам со него“, изјави таткото на Ферстапен за „Рејс експрес“.
„Доаѓаш да го промовираш спортот, а тие те пречекуваат со свирежи. Мислам дека тоа е неприфатливо. Разбирам дека Макс е единствениот кој врши притисок врз англиските возачи, кој кажува што мисли и се однесува во согласност со тоа што е, но мислам дека ова е неприфатливо и разочарувачки“, додаде тој. :
„Она што го краси спортот на сите нивоа е култура на почит. Беше многу разочарувачки да се слушне реакцијата на публиката кон светскиот шампион Макс Ферстапен и првиот човек на Ред Бул, Кристијан Хорнер. Макс и Кристијан придонесоа неизмерно за спортот што го сакаме. Не треба да гледаме вакви работи кога ќе започне сезоната“.
Сезоната започнува на 14. март викендот за Големата награда на Австралија.
Спорт
Артета: Не сме на нивото што е потребно да се освои Премиер лигата

Арсенал доживеа неочекуван пораз од Вест Хем на „Емирати“, а Микел Артета со право по мечот им беше лут на своите играчи.
Титулата сега е само мислена именка за „тобџиите“, за ова е свесен тренерот на Арсенал:
„Тоа веќе не зависи од нас. Навистина, навистина сум лут во моментов поради она што зависи од нас, а тоа се нашите перформанси и резултати, а ние не го направивме она што можеме“, рече Артета.
Арсенал статистички беше подоминантен ривал од Вест Хем, но тие изгледаа многу лошо на теренот.
„Многу сум разочаран. Иако имавме 20 шута, не чувствував дека сме на нивото на кое требаше да бидеме. Ова не е ни блиску до нивото што треба да го достигнеме за да имаме шанса да ја освоиме Премиер лигата“, заклучи Артета.
На табелата во Премиер лигата, Ливерпул е на чело со осум поени повеќе од Арсенал.