Контакт

Спорт

Осум екипи ќе се борат за титулата во Премиер лигата

Објавено пред

Фудбалерите на Ливерпул, в недела, ќе го пречекаат Лестер во дербито на 9. коло во Премиер лигата. Лестер е лидер на табелата со бод повеќе од актуелниот шампион.

Јирген Клоп смета дека за освојување на титулата оваа сезона ќе бидат потребни 85 поени. За потсетување, изминатите три сезони Манчестер сити и Ливерпул освојуваа 100. 98 и 99 поени.

„Ако успееме да ја одбраниме титулата, тоа ќе биде поголем успех од оној што го постигнавме минатата сезона кога ја освоивме титулата. Не ја почнавме лошо оваа сезона, можеби и ни беше потребен оној пораз од Астон Вила (7:2). Мислам дека многу работи научивме од тој пораз“, рекол Клоп.

Германецот одговорил и на прашањето колку клубови оваа сеозна ќе се борат за шампионската титулата?

„Осум“, рекол Клоп.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

ЛШ класика во Истанбул – Лајпциг го „поништи“ хет-трикот на Кахвеџи

Објавено пред

РБ Лајпциг стигна до луда 4:3 победа на гостувањето кај Башакшехир, поништувајќи го хет-трикот на Ирфан Кахвеџи и поставувајќи притисок на Манчестер јунајтед и Пари Сен-Жермен пред вечерашното дерби.

Краснодар, пак, ја прослави својата прва победа во ЛШ откако со 1:0 ги победи Рен во меч кој може да биде клучен за тоа кој ќе продолжи во Лига Европа од групата Е.

Јусуф Поулсен го донесе тимот на Јулијан Нагелсман во водство во 26. минута, за во 43. минута, Норди Мукиеле да зголеми на 0:2. Надежите на домаќините, кои досега ги победија само Јунајтед во Истанбул, ги загреа Ирфан Кахвеџи со гол во 45. минута. Дани Олмо со фантастичен гол во 66. минута ја врати предноста од два гола, додека Кахвеџи во 72. минута повторно ја врати неизвесноста, за во 85. минута со прекрасен гол од слободен удар да израмни на 3:3. Норвежанецот Александер Сорлот беше човек на одлука, откако Норвежанецот со гол во 92. минута донесе победа за гостите.

Со овој резултат, Башакшехир веќе не е во игра за пласман во осминафиналето на ЛШ, а Лајпциг се израмнува со Манчестер јунајтед на 9 поени, пред ПСЖ со 7 во интересна борба за две места во осминафиналето. Во последното коло, Лајпциг ги пречекуваат Јунајтед, а ПСЖ ги пречекуваат Башакшехир.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ, 5.КОЛО

ГРУПА Х

Башакшехир – РБ Лајпциг 3:4

Манчестер јунајтед – ПСЖ 21.00 ч.

Табела: 1.Манчестер ј. 9, 2.Лајпциг 9, 3.ПСЖ 6, 4.Башакшехир 3

ГРУПА Е

Краснодар – Рен 1:0

Севилја – Челси 21.00 ч.

Табела: 1.Челси 10, 2.Севилја 10, 3.Краснодар 4, 4.Рен 1

Прикажи повеќе...

Спорт

Барса го мина и данскиот тест, Веспрем го уништи Кил

Објавено пред

Барселона се намачи, но стигна до 35:32 победа кај најголемото изненадување во ЕХФ Лигата на шампионите оваа сезона, данскиот Алборг, за да го задржи совршениот скор од 8 победи во 8 меча оваа сезона.

Каталонскиот тим направи предност од четири гола на полувремето, што ја одржуваше до последните 10 минути од мечот кога Алборг успеа да израмни и да најави ново изненадување, како победата над Веспрем. Сепак, каталонскиот гигант се созеде во финишот и стигна до нова победа. Арон Палмарсон уфрли 6 гола, Лука Циндриќ и Тимоти Н’Гесан имаа по пет, а Николај Кристенсен за Алборг имаше дури 10 гола.

Веспрем, пак, се врати на победите со 41:33 триумф над Кил кога на полувремето беше израмнето (19:19). Петар Ненадиќ со 10 гола беше најдобар кај унгарскиот тим, а Никлас Екберг имаше 8 за Кил.

ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИТЕ, ГРУПА Б

Алборг – Барселона 32:35 (15:19)

Веспрем – Кил 41:33 (19:19)

Табела: 1. Барселона 16, 2. Веспрем 13, 3. Алборг 10, 4. Кил 7, 5. Нант 4, 6. Мотор 4, 7. Целје 2, 8. Загреб 0

Прикажи повеќе...

Спорт

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Објавено пред

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со дресот на Њуелс олд бојс во чест на татко му во текот на викендот, но сега побара тој да се откаже од „десетката“ што ја носи во каталонскиот клуб за таа да биде повлечена во чест на Диего.

Меси, сегашниот носител на славната бројка, во текот на викендот, откако постигна гол против Осасуна, го соблече својот дрес за да го покаже стариот дрес на Њуелс олд бојс (аргентинскиот клуб каде што и двајцата играа) со бројот 10. Потоа, тренерот на Марсеј, Андре Вилаш-Боаш, предложи сите клубови на светот да ја повлечат „десетката“ во чест на Аргентина, но Диего Синагра вели дека само Меси треба да си побара нов број.

„Бев навистина трогнат од гестот. Овие денови беа многу емотивни, а гестот на Лео беше навистина посебен, навистина убав. Ме натера на солзи. Исто така, гестовите на Наполи, Гимназија, Бока јуниорс. Многу емотивни моменти. Мислам дека ‘десетката’ треба да се повлече само во тимовите каде што играл, вклучувајќи ја и Барселона. Не знам точно што сакам да се случи“, вели Синагра во интервју за шпанска „Марка“.

Инаку, Меси беше казнет со 600 евра за соблекувањето на дресот.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа58 минути

Белгија планира да почне со вакцинација од 5 јануари

Белгија планира да почне со вакцинација на 5 јануари доколку се одобри вакцина развиена против коронавирусот. Премиерот Александер де Кро...

Свет2 часа

Убиецот на словачкиот новинар осуден на 25 години затвор

Словачкиот Врховен суд го осуди убиецот на истражувачкиот новинар Јан Куцијак на 25 години затвор. Оваа пресуда на апелацискиот суд...

Спорт2 часа

Синот на Марадона бара Меси да се откаже од „десетката“ во чест на татко му

Диего Синагра, попознат како Диего Јуниор, синот на Диего Марадона, вели дека бил потресен од гестот на Лионел Меси со...

Македонија3 часа

946 нови случаи на Ковид-19 во земјата, починаа 33 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.564 тестирања, а регистрирани се 946 нови случаи на...

Македонија4 часа

Лингвистите апелираат: Не прифаќајте разговори за јазик, нација и историја

„Прифаќањето договори за добрососедство, анекси и слично, во кои македонскиот јазик ќе биде заменет со синтагми од типот – официјален...

Македонија7 часа

Сеизмолошка опсерваторија: Земјотресот во Скопје со јачина од 3,5 степени

Телеметриската сеизмолошка мрежа во Македонија објави дека денешниот земјотрес бил со јачина од 3,5 степени според Рихеровата скала. Епицентарот на...

Свет7 часа

Во Виена развиен најбрз тест за Ковид-19 во светот

На Виенскиот универзитет за технологија (ТУ Виен) е развиен нов метод на тестирање за коронавирус, кој е исклучително чувствителен и...

Македонија8 часа

Пратениците да покажат бојадисано јајце за Велигден, бара опозицијата во еден од амандманите

Во еден од амандманите на опозицијата се вели дека за време на велигденските празници, пратениците кои ќе учествуваат во работата...

Македонија9 часа

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија9 часа

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија10 часа

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија10 часа

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет10 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион10 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет10 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион11 час

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија11 час

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија12 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет13 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет14 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Досие