Спорт
Осум години од кобното скијање – Светската јавност не знае ништо за здравствената состојба на Михаел Шумахер

Пред точно осум години, Михаел Шумахер, доживеа тешка несреќа во францускиот зимски центар Мерибел. Од тој момент па се до денес светската јавност добива малку информации за здравствената состојба на легендраниот Формула 1 возач.
Семејството љубоморно ја чува приватноста, а она што смета дека трабда го сподели со јавноста го објавуа портпаролката на семејството Забине Кен, која редовно порачува дека има разбирање за јавноста која бара информации, но во исто време бара да се почитува приватноста на семејството.
Покрај портпаролката информации во јавноста неколку пати подели и поранешниот шеф на Шумахер во Ферари, Жан Тод.
„Секогаш ја ценеше приватноста, ние и понатаму живееме како семејство. Со него работиме терапии, правиме се за да че чуватвува удобно. Важно ни е да не ни биде нарушена приватноста. Тој секогаш не штител, сега ние го штитиме него“, им објасни сопругата Корина, во една прилика на новинарите.
„Шумахер не може да зборува. Комуницира само со очите. Само тројца смеат да го видат“, тврди Елизабета Грегорачи. поранешната сопруга на Флавио Бријаторе. Синот на легендарниот Енцо Ферари, Пјетро, потврдил дека Шумахер не може да зборува.
Претходно, семејстовот на Шумахер, го доби судскиот процес против магазинот „Бунте“. Семејстовото во 2015 година го тужеше магазинот за пишување невистини поврзани со здравствената состојба на Шумахер.
„Бунте“ во 2015 година објави дека легендарниот возач, може да ја подигне раката и дека може да оди со мала помош од друго лице. На судот, адвокатот на семејството, Феликс Дам, со помош на физиотарапевт, потврдил дека Шумахер не може да стои.
Во јуни 2019 година, јавноста дозна дека Шумахер го лечат со матични клетки.
Не се знае каде се наоѓа 52-годишниот Шумахер. Едни тврдат дека е во Мајорка, други дека е во Швајцарија, а мал број луѓе тврдат дека се наоѓа во САД.
Шумахер несреќата ја доживеа во Мерибел, додека скијал тој паднал и со главата удрил во камен. По несреќата веднаш беше префрлен во клиниката во Гренобл, каде му беше извршена операција, а потоа шест месеци беше во кома.
Неговата рехабилитација продолжи во швајцарска Лозана, а во септември минатата година е префрлен на домашна нега во семејниот дом во Гланд, Швајцарија.
Од моментот кога се случи несреќата неговите колеги, пријатели, навивачи…, не престана да испраќаат пораки со поддршка, а со него останаа и речиси сите спонзори. Сите тие не ја загубија надежта дека Шуми ќе ја добие најважната трка во својот живот.
Михаел Шумахер без сомнение е еден од најдобрите возачи во историјата на Формула 1. Тој е седумкратен светски шампион (рекордот го израмни Луис Хамилтон во 2020 година). Во текот на кариерата возеше за Џордан, Бенетон, Ферари и Мерцедес, а најголемите успеси ги постигна како возач на Скудерија Ферари.
Првите две титули ги освоил со Бенетон (1994, 1995), а апсолутна доминација оствари со Ферари, освојуваќи пет титули (2000-2004).Од Формула 1 се повлече во 2006 година, но на патеките се врати во 2010 година во болидот на Мерцедес од каде замина во пензија по трката во Бразил во 2012 година.
Германецот во кариерата стартувал на 307 трки, забележал 91 победа, а вкупно 155 пати се искачувал на победничкиот пиедестал. Од пол позицијата стартувал 68 пати, а 77 пати го возел најбрзиот круг. Освоил вкупно 1.566 бодови.
Иако на патеките покажуваше возачка луцидност и знаење, сепак неговата кариера не мина без инциденти кои вечно ќе се паметат.
До својата прва титула во 1994 година стигна откако на последната трка во Австралија од патеката го иструрка Дејмон Хил. Нешто слично се обиде да направи и во 1997 годсина, кога на трката во Херез се обиде да го истурка Жак Вилнев, но на крајот тој заврши надвор од патеката, а Вилнев ја освои титулата.
Поради тој инцидент подоцна ФИА му го одзеде второто место во вкупниот пласман, но резултатите постигнати таа сезона не му беа избришани.
Михаел Шумахер од 1995 година е оженет со Корина, има две деца Џина-Марија и Мика.
Познат е по својата хуманитарна работа, на разни организации со својата работа им подарил десетици милиони долари.
Беше и амбасадор на УНЕСКО и се бореше за безбедноста на возачите на патиштата.
И неговиот помлад брат Ралф возеше во Формула 1, интересно тие се единствените браќа кои ги освоиле првите две места на некоја трка (2001 во Канада), а потоа истото го повторија на уште четири трки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Арина Сабаленко не му верува на соколовото око

Вимблдон
Од специјалниот известувач
Уште една вимблдонска традиција потклекна пред налетот на новото време. Доколку за онаа од 2021. година, кога организаторот на турнирот дозволи постојано да се игра тенис и во „средишната недела“, а за што причина беше природата или таканаречените климатски промени, поради кои секоја година во првата седмица рапоредот на мечевите беше целосно пореметен од „неочекуваниот“ дожд, за оваа, втора промена, виновен е технолошкиот прогрес. Од овој Вимблдон, прв пат во неговата 138 годишна традиција, нема повеќе да има линиски судии. Наместо нив, соколовото око или хокај системот ќе ја превземе улогата на единствен правичен делител на правда – дали топката е внатре или надвор од теренот.
Оваа промена беше причина и Арина Сабаленка од Вимблдон да ги прокоментира новите околности, односно дали ќе ѝ недостасуваат линиските судии и дали целосно му верува на хокај системот.
„Имам незгодно искуство и со двете ситуации. Некогаш не бев сигурна дали хокај системот е исправен, а некогаш судијата ја немаше донесено најдобрата одлука.“
За неа најголемиот проблем со хокај системот е притисокот кој го има во глава дали да го предизвика, а потоа да не може да се расправа со него.
„Што год да покаже, мораш да се согласиш дека е во право“.
Оттука и прашањето, дали веќе не постои сомнеж во нејзината глава околу точноста на електронскиот систем.
„Постои“, со смеење одговара белоруската тенисерка. „Додуша, понекогаш, но не многу често. Најмногу би сакала да се потпирам на главниот судија тој тоа да го види, бидејќи хокај системот очигледно прави грешки. Судијата да има право да ја промени одлуката – можеби тоа би било подобро.“ – ја заклучува расправата Арина.
Дали е оправдана недовербата на Арина во соколовото око одговор може да даде оној кој и најдобро го познава овој електронски ситем. А, тоа е нашиот Блаже Трифуновски, Македонец кој од самото воведување на хохај системот работи за Меѓународната тениска федерација како официјален контролор на хокај системот (official review). За полесно да се разбере неговата улога, тој е одговорното лице на кое судијата од терен по телефон му се јавува и го замолува да го прегледа спорниот поен.
Во интервјуто за Макфакс дадено во 2022. година, еве што ни одговори Блаже на прашањето „дали може да згреши безгрешниот хокај систем“:
„Како и секоја друга технологија и хокајот може да направи грешка и тоа зависи од многу фактори. Направен како технологија за следење на топче кое се движи со голема брзина, има многу елементи кои можат да афектираат во одредени случаји. На пример, кога има сенки во теренот, или пола терен е на сонце, а пола во осојница, тоа може да предизвика конфузија за камерите, бидејќи тие третираат топче кое има една боја и светлост и одеднаш доаѓа до промена кога топчето ќе дојде во сенка. Значи, може во некои случаји да има грешка, но тоа се толку ретки случаји, на пример на 10 илјади поени, еден да биде погрешно следен“.
Ако не може да погреши, дали хокајот може да биде наместен, односно техничарот да манипулира и лажно да го прикаже движењето на топчето на анимацијата која се прикажува на семафорот на тенискиот терен и на телевизиите.
„Не, системот е автоматски, а техничарот само го стартува и стопира кога да почне да го следи топчето и кога да престане“ – појаснува Трифуновски.
Со ова, една дилема е разрешена, но друга е пред нас: што е следното од традицијата што ќе попушти и отиде во заборав пред налетот на модерното време и технолошкиот напредок? Дали, можеби, следни за „отсрел“ ќе бидат собирачите на топчиња, и на нивно место ќе гледаме хуманоиди во улога на балбој и балгирл?! Ионака и овие од крв и месо се „испрограмирани“ како да се роботи.
Ненад Живановски-Столиќ
Спорт
Ѓоковиќ со мали проблеми успешно стартуваше на Вилблдон

Фото/ EPA/NEIL HALL
Новак Ѓоковиќ успешно го помина првото коло на Вимблдон по 20-ти пат во својата кариера.
На почетокот од турнирот, кој го освои седум пати, шестиот играч во светот го победи Александер Муле со 3-1, во сетови 6:1, 6:7 (7), 6:2, 6:2.
Новак се мачеше во одредени моменти, му подаруваше поени на својот ривал, бараше медицински тајм-аут, но по речиси три часа и 20 минути игра, забележа победа.
Првиот, третиот и четвртиот сет минаа во доминација на Ѓоковиќ. Српскиот тенисер самиот си направи проблеми во вториот сет. Ѓоковиќ пропушти дури 11 брејк топки и шест сет топки за предност од 2:0, а во тај-брејкот испушти предност од 5:2 и буквално му го подари сетото на Муле, 41-ви на АТП листата. .
Ѓоковиќ во второто коло ќе игра против домашниот тенисер, Даниел Еванс.
Спорт
(Видео) Гонзало Гарсија го одведе Реал во четвртфиналето

Фото/ EPA/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH
Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Светското клупско првенство во САД по минималната победа над Јувентус.
Дерби натпреварот од оваа фаза од натпреварувањето, одигран на стадионот „Хард Рок“ во Мајами, заврши со резултат 1:0 (0:0). Стрелец на единствениот гол беше Гонзало Гарсија во 54-та минута.
Реал Мадрид се пласираше во осминафиналето како победник во Групата Х, додека Јувентус заврши втор во Групата Г зад Манчестер сити.
Во првото полувреме немаше голови, иако играчите на двата тима имаа шанси во неколку ситуации, пред сè Рендал Коло Муани (Јувентус), Џуд Белингам и Феде Валверде (двајцата Реал Мадрид).
Во продолжението, се започна со иницијатива на шпанскиот тим (шанси на Белингам и Хујсен), а во 54-та минута, конечно беше затресена италијанската мрежа: Стрелец беше 21-годишниот напаѓач Гонзало Гарсија Торес, кој сè повеќе му се наметнува на Чаби Алонсо.
Тој скокна високо по центаршутот на Трент Александар Арнолд и го совлада одличниот голман Микеле Ди Грегорио.
Тоа беше неговиот трет гол и сега е најдобар стрелец на Реал на Светското клупско првенство.
Реал имаше повеќе можности во остатокот од натпреварот, но Ди Грегорио повторно се истакна и ги сопре обидите на Валверде, Арда Гулер и Чуамени.
Реал Мадрид ќе игра во четвртфиналето на 5 јули во Њу Џерси против победникот од последниот осминафинален натпревар помеѓу Борусија Дортмунд и Монтереј. Таа средба започнува во три часот по полноќ.
Сите четвртфинални парови
4 јули, Пасадена: Палмеирас (Бразил) – Челзи (Англија)
4 јули, Орландо: Флуминенсе (Бразил) – Ал Хилал (Јужна Арабија)
5 јули, Атланта: ПСЖ (Франција) – Баерн (Германија)
5 јули, Њу Џерси: Реал (Шпанија) – Дортмунд (Германија) / Монтереј (Мексико)