Спорт
Ова нема да им се допадне на голманите – ФИФА најави промена на едно правило

ФИФА се откажа од синиот картон, но ИФАБ (надлежен за правилата на играта) најави измена на постојното правило, односно казната, која судиите никогаш не ја применуваат. Имено, кога голманот ја држи топката подолго од шест секунди, поради задржување на времето, судијата мора да досуди индиректен удар за противничката екипа во шеснаесетникот.
Тестирањето на ова старо-ново правило ќе започне следната сезона и голманите ќе можат да ја држат топката подолго од претходно, односно осум секунди. Но, кога ќе завршат трите секунди, судијата ќе ја крене раката и ќе почне да одбројува до пет.
Голманот, доколку не се ослободи од топката на крајот од одбројувањето, ќе биде казнет во вид на корне. Правилото прво ќе важи во пониските лиги.
Ијан Максвел, извршен директор на Шкотската фудбалска асоцијација и член на одборот на директори на ИФАБ, ги објасни причините за воведувањето на ова правило:
„Забележавме зголемен тренд на губење време за време на натпреварите, а тоа најчесто се случува кога топката е во рацете на голманот. Тешка ситуација што судиите ја решаваат според сегашните правила, затоа и го зголемуваме времето на осум секунди. Судијата ќе крене рака за да ги сигнализира последните пет секунди, за да бидат свесни играчите и гледачите. Ќе го оцениме ефектот и се надеваме дека ќе го зголемиме бројот на одиграни минути.“
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Можат ли да се помират со поразот?

Фудбалерите на Олимпик Марсеј вербално се судрија во соблекувалната по вчерашниот пораз од Рен (1:0) во 1. коло од Лига 1. Ветувачко лето, доаѓање на нови засилувања кои се доста гласни и преоден рок кој е повеќе или помалку по вкус на Роберт де Зерби. А потоа, со уште еден играч повеќе, губење на судиското продолжение на „Роасон Парк“ против Рен во првиот натпревар од Лига 1.
Нешто што никогаш не го очекуваа во Марсеј. Тоа доведе до тепачка во соблекувалната. Жешки глави кои решија да кажат што имаат без филтрирање. Тоа беа Адриен Рабио и Џонатан Роу.
Де Зерби, кој ги критикуваше играчите, исто така не седеше со скрстени раце, туку ги остави да се расправаат, вели „RMC“. Наводно, сакал да ги разјасни работите, да каже кој што мисли и да дојде до вистината. Роу беше критикуван дека не се трудел доволно, што не го мислел иако презел дел од вината.
Спорт
Езе преферира трансфер во Тотенхем

Еберечи Езе, најдобриот играч на Кристал Палас, до крајот на преодниот рок ќе го напушти клубот.
Офанзивниот фудбалер од редот за врска, според англиските медиуми, веќе се договорил со Тотенхем.
Езе изразил желба да го напушти клубот и не се очекува да биде во составот за натпреварот против Челзи во недела. Палас е свесен за ситуацијата и веќе на пазарот бара замена за Езе.
Англичаните пишуваат дека во наредните денови може да има сериозен конфликт помеѓу играчот и клубот доколку Палас не го договори трансферот.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Алкарас го престигна Федерер, следна мета му е Ѓоковиќ

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз го престигна Роџер Федерер по процент на победи на Мастерс турнирите.
Алкараз го победи Рубљов во четвртфиналето во петокот и се пласираше во ново полуфинале на турнирите од Мастерс серијата.
Ова беше неговата 82-ра победа во кариерата на Мастерс турнирите, има скор од 82-23, односно победил на 78,1% од мечевите.
Тој го престигна Федерер, кој моментално беше трет на листата на сите времиња (од 1990 година, минимум 10 одиграни натпревари). Швајцарецот ја заврши кариерата со 77,9 проценти.
Пред Алакрас се уште рекордерот Рафаел Надал, кој има 82%, и Новак Ѓоковиќ, кој е веднаш зад него со 81,5%.
Алкараз во ноќта помеѓу сабота и недела, кога ќе игра против Саша Зверев во полуфиналето на Мастерсот во Синсинати.
Фото/ Принтскрин