Спорт
Овие 11 рекорди изгледаат недостижно во Лигата на шампионите

Лигата на шампионите ги понуди некои од најдобрите фудбалски моменти што се видени некогаш. Од 1992 година ова натпреварување е во сила како продолжение на Европскиот куп.
Постојат рекорди кои и понатаму изгледаат недостижно, а поставени се од 1992 година се до ден-денес.
Еве кои се рекордите што чекаат некој да ги сруши:
– Бафетимби Гомис за само 7 минути постигна хет-трик за Лион против Динамо Загреб. Лион на „Максимир“ во 2011 година победи со 7-1, а Гомис постигна 4 гола на тој меч;
– Лео Меси во осмина-финалето постигна 5 гола, а Барса славеше со 7-1 против Баер Леверкузен. Мечот се одигра во 2012 година;
– Екголманот на Баерн Минхен, Ханс-Јорг Бут, постигна 3 гола во ЛШ, интересно – сите против Јувентус од пенал;
– Германскиот голман Јенс Леман од 2005 до 2006 година како голман на Арсенал врза 9 меча без примен гол во ЛШ;
– ХЈК Хелсинки во второто претколо во квалификациите за ЛШ во 2011 година со 10:0 го победи Бангор Сити, во двата меча финскиот клуб славеше со вкупни 13:0 против клубот од Велс;
– Борусија Дортмунд во групната фаза во 2016 година на домашен терен со 8-4 ја победи Легија Варшава, а тоа е мечот со најмногу голови на еден натпревар во ЛШ;
– Екситалијанскиот голман Марко Балота имаше 43 години и 253 дена кога настапи за Лацио при поразот од Реал Мадрид (3-1) во сезоната 2007/2008. Тоа беше неговиот последен настап во ЛШ и го држи рекордот како најстар фудбалер;
– Кристијано Роналдо во сезоната 2013/2014 постигна дури 17 гола во ЛШ, таа сезона стигна до титулата со Реал;
– Барселона во сезоната 1994/1995 на „Камп ноу“ играше против ПСЖ, а на трибините имаше рекордни за ЛШ 115.000 гледачи;
– Лајвин Курзава во победата на ПСЖ против Андерлехт во 2017 година постигна дури 3 гола и стана дефанзивец со најмногу постигнати голови на еден меч во ЛШ;
– Раул во победата на Реал против Ференцварош во 1995 годин постигна хет-трик, а имаше само 18 години и 114 дена. Досега само 5 тинејџери постигнале хет-трик во ЛШ, но никој не бил помлад од легендарниот Шпанец.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Трагичната судбина на Диого Жота: Докторот му рекол да не патува со авион

„Диого Жота патувал со автомобил со својот брат бидејќи му било советувано да не користи авион по операцијата на белите дробови што ја имал“, објавија медиумите во Португалија и Англија.
„Диого и неговиот брат Андре планирале да отпловат за Англија, па поради тоа се упатиле кон Стандандер, а потоа, откако преноќиле, се упатиле кон Бенавенте, каде што требало да се качат на траект за Англија“, објави CNN.
Жота претрпел тешка повреда на ребрата во текот на сезоната и ја искористил паузата помеѓу двете првенства не само за одмор и венчавка, туку и за рутинска операција на белодробно крило кое било малку оштетено од ударот.
Затоа, според португалските медиуми, му било советувано да не користи воздушен транспорт поради разликата во притисокот и можните компликации.
Диого и Андре поради тоа тргнале на пат со автомобил, а набргу потоа се случила трагична несреќа во која двајцата ги загубиле животите.
Гума експлодирала на нивниот автомобил додека престигнувале на патот, ја изгубиле контролата врз возилото кое се превртело и се запалило.
Спортскиот свет се уште е во шок по трагичната вест од Шпанија.
Фото/ EPA/ADAM VAUGHAN
Спорт
Иванишевиќ шокиран од состојбата на Циципас: „Не сум видел понеподготвен играч“

Патувањето на страдањето на Циципас продолжи со неговата елиминација во првото коло на Вимблдон.
Во интервју за „Спортклуб“ во Лондон, Иванишевиќ проговори за соработката со Гркот, за доблестите и недостатоците во играта на неговиот ученик, кој, како што вели, итно треба да реши одредени проблеми што ги има надвор од теренот.
„Едноставно е и не е едноставно. Разговарав со него многу пати. Ако успее да реши некои работи надвор од тенисот, ќе има шанса и ќе се врати таму каде што му е местото, бидејќи е премногу добар играч за да биде надвор од првите десет. Ако не успее тоа, нема шанси. Моја одговорност е да му поправам некои технички детали на теренот, тоа е најлесниот дел, но тој мора самиот да го реши второто. Ако успее, искрено сакам да успее, без разлика дали сум таму или не“, рече Иванишевиќ.
Во првото коло, Циципас загуби од Валентин Ројер, на кого му се предаде по два сета.
„Тој има желба, но не прави ништо. Сè е „ќе биде, ќе биде“, но не гледам никаков напредок. Ако сака да успее, мора да го реши проблемот со грбот. Бев шокиран, никогаш во животот не сум видел играч физички понеподготвен. Јас, со моето колено, сум барем три пати поподготвен од него. Не знам што правеше цела година, но ова е многу лошо“, додаде Горан.
Спорт
Шпански тинејџер е најскапиот играч во историјата на Комо

Шпанскиот крилен играч Хесус Родригез потпиша за Комо до 2030 година во трансфер вреден 22 милиони евра. Родригез стана најскапиот играч во историјата на клубот.
Рекордот што претходно го држеше Мартин Батурина брзо беше срушен. Пред една недела Батурина дојде во Комо од Динамо Загреб за 18 милиони евра.
Хесус Родригез ќе наполни 20 години во ноември, а минатата сезона постигна пет гола на 44 натпревари за Бетис.
Момчето родено во Севилја често се споредува со легендата на клубот, познатиот Хоакин, во однос на неговиот стил на игра.
Foto/ EPA