Спорт
Озил: Јас одлучувам кога ќе си одам од Арсенал!
Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил, во интервју за британски The Athletic раскажа каков е неговиот статус на „Емиратите“. Посебно се осврна на својот договор со кој добива 350.000 фунти неделна плата.
„Две години се обидуваат да ме уништат, да ме направат несреќен, се надеваат дек ќе ги свртат сите против мене и ќе направат лажна слика“, вели Озил.
Германскиот фудбалер со турски корени тврди дека сè до истекот на неговиот четиригодишен договор ќе се бори за место во првата постава на „топчиите“, а клубот ќе го напушти кога тој ќе одлучи.
„Мојата позиција е јасна, тука сум до последниот ден од договорот и ќе давам сè од себе. Ваквите ситуации не може да ме скршат, само ме прават посилен. Јас одлучувам кога ќе го напуштам Арсенал, никој друг ја нема таа моќ. Не потпишав договор на 2 или 3 години, потпишав на 4 години и тоа ќе го почитувам“, вели Озил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Гвардиола: Прашајте го менаџерот зошто Ечевери не игра
Клаудио Ечевери се смета за еден од најталентираните фудбалери во светот, но тој е уште еден од оние чија кариера jа уништува менаџерот, тврди тренееот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.
„Прашајте го неговиот прекрасен менаџер зошто не игра во Леверкузен. Го ценам исклучително како играч, но што се случи во Леверкузен – не знам. Неговиот менаџер знае“, изјави Гвардиола.
Аргентинецот одигра осум натпревари и забележа една асистенција за Леверкузен во тековната сезона, а имаше разговори за неговиот статус во претходните недели. Се очекуваше дека ќе има поголема улога во Германија, но ништо од тоа.
Се чини дека не се задоволни ниту од овој развој на настаните во Англија. Прашање е какови се намерите на Гвардиола сега, откако упати критики кон менаџерот на фудбалерот и дали тренерот ќе побара младиот Аргентинец во јануари да се врати во Манчестер Сити.
Спорт
Историскиот подвиг на Јан Облак
Јан Облак, голман на Атлетико Мадрид, доби награда за извонреден подвиг.
На гала вечерта на весникот „Марка“, репрезентативецот на Словенија по шести пат ја доби наградата Замора, наменета за голманот, кој прима најмалку голови во просек во шпанското првенство.
Никој досега не успеал да го постигне ова престижно признание толку многу пати пред него. На церемонијата на доделување на наградите го придружуваше избраничката на неговото срце, српската тенисерка Олга Даниловиќ.
Jan Oblak je včeraj prejel šesto nagrado Zamora v svoji karieri in tako postal vratar z največ osvojenimi tovrstnimi priznanji v zgodovini #LaLiga 🏆
Iskrene čestitke, kapetan! ❤️🇸🇮 pic.twitter.com/EGnWPlivuj
— NZS | FA Slovenia (@nzs_si) November 25, 2025
На Гран Гала, како што се нарекува овој настан, присуствуваа големи имиња во шпанскиот спорт како што се Рафаел Надал, освојувач на 22 Гренд Слем титули, легендарниот возач на Мото ГП Марк Маркез, но и Икер Касиљас, Санти Казорла и многу други познати спортисти.
Спорт
Аморим: Ова е чекор назад
Тренерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим, не го криеше разочарувањето и незадоволството од играта на неговите избраници по поразот од Евертон.
Португалецот ги критикуваше своите играчи дека не одговориле соодветно на агресивната игра на противникот.
„Тие беа подобар тим и со 11 и со 10 играчи. Не им одговоривме со интензитет и тие заслужија да победат. Ни помогнаа и со црвен картон. Моравме да направиме повеќе во секој момент. Моравме да ги притискаме посилно во последната третина. Моравме да направиме повеќе“, рече Аморим.
Шрвата победа на Евертон на „Олд Трафорд“ по пауза од 12 години, означи крај на серијата од пет победи на Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.
„Да, ова е чекор назад. Особено кога ќе видите како игравме. Заборавете на резултатот, резултатот е навистина лош, но повеќе ме загрижува чувството што го имав за време на натпреварот. Секој мораше да игра подобро“, заклучи Аморим.
Фото/ Принтскрин

