Спорт
Пабло Ласо ќе биде нов тренер на кошаркарскиот клуб Баерн Минхен

Пабло Ласо ќе се врати следната сезона во Евролигата по една година пауза. Шпанскиот стручњак има понуди од неколку клубови, но работата е речиси завршена со еден евролигаш.
Тој е пред потпис на договор со Баерн Минхен. Германските медиуми пренесуваат дека тој бил виден во Минхен во текот на вчерашниот ден и имал разговори со раководството на клубот.
Пабло Ласо ќе го замени Андреа Тринкиери, кој е на клупата на Баварците во последните три години.
Ласо освои две титули во Евролигата со Реал Мадрид, а за него е заинтересиран и Панатинаикос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Сасуоло победи на „Бентегоди“ во Верона

Сасуоло како гостин славеше над Верона. Натпреварот од шестото коло на Серија А беше решен со голот во 71-та минута.
Андреа Пинамонти погоди откако пенал му одбрани голманот Монтипо. Напаѓачот на Сасуоло налета на одбиената топка и ја смести во голот.
Со овој дуел го започна шестото коло од елитното ниво на италијанскиот фудбал, а ова е втор триумф на Сасуоло по ред по поразот од Интер, додека Верона, која не знае за победа, остана на три бода.
Во следното коло, закажано за 18 октомври, Сасуоло ќе гостува во Лече, додека Верона ќе гостува во Пиза истиот ден.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Катена му пресуди на Хетафе во 91-та минута

За прв пат оваа сезона, Осасуна успеа да го сврти резултатот и да победи, На домашен терен, Осасуна го совлада Хетафе со 2:1 со голот на Алехандро Катена во судиското надополнување на времето.
Гостите поведоа во првото полувреме преку Борха Мајорал, кој го искористи центаршутот на Луис Миља. Сепак, домашните успеаја да израмнат во последните моменти од првиот дел, кога Абел Бретонес со спектакуларен удар од далечина го погоди горниот агол за 1:1.
Во продолжението немаше многу шанси, Будимир не успеа да постигне гол, додека голманот на Хетафе, Давид Сорија, ги одбрани ударите на Рубен Гарсија и Раул Гарсија. Хетафе не упати ниту еден удар кон голот во второто полувреме, а казната дојде во финишот.
Во 91-та минута, ударот со глава на Катена по корнер донесе важна победа на Осасуна, со која ја прекина лошата серија и стигна до втората победа во последните 13 меѓусебни дуели со Хетафе.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Спектакуларен пресврт на Бортнмут во режија на Семењо

Фудбалерите на Борнмут го победија Фулам со 3:1 во првиот натпревар од 7. коло од Премиер лигата, по големиот пресврт во второто полувреме.
Првото полувреме беше лошо, монотоно. Единствено нешто што вреди да се забележи е повредата на српскиот репрезентативец Саша Лукиќ, поради која тој ја напушти играта.
Во второто полувреме, се случи спектакл.
Откако Сесењон го совлада Ѓорѓе Петровиќ во 70. минута по совршено „двојно додавање“ со Чуквуезе, следеше урагански одговор од тимот на Виталити.
Во 78., феноменалниот Семењо ја испрати топката во мрежата низ нозете на Бенрд Лено, од речиси „мртов агол“, а пресвртот следеше шест минути подоцна – стрелец беше Клајверт.
Асистентот сеприсутениот Семењо.
Антоан Семењо стави крај на одличната игра, или поточно на одличното второ полувреме, во судиското продолжение.
Борнмут ќе ја помине ноќта на втората позиција на табелата во Премиер лигата.