Спорт
Паѓаат „тренерски глави“ во НБА-лигата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2019/04/Dave-Joerger.jpg)
Ден по завршувањето на сезоната почнаа да паѓаат „тренерски глави“ во НБА лигата. Три франшизи, Сакраменто Кингс, Мемфис Гризлис и Кливленд Кавалирс, ги отпуштија тренерите.
Сакраменто, долго време ја имаа позицијата во плејофот, попуштија во финишот и ја завршија сезоната. Цехот го плати тренерот Дејв Јајгер, кој на почетокот на сезоната седна на клупата на тимот од Калифорнија.
Според американските медиуми, кандидати за нов тренер на Кингс се тренерот на ЛА Лејекрс, Лук Волтон,помошникот на Грег Поповиќ во Сан Антонио, Еторе Месина и помошниот тренер на Филалдлефија, Монти Вилијамс.
Кливленд му врачија отказ на 61-годишниот Лери Дру, кој лани во ноември го презеде тимот. Кливленд сезоната ја завршија со 19 победи и 63 порази. Се шпекулира дека Кавалирс, во наредната сезона, ќе ги предводи помошниот тренер на Портланд Трејлблејзерс, Дејвид Вантерпул.
Мемфис Гризлис, завршија на 12 место во Западната конференција со 33 победи и 49 порази. Поради тоа 40-годишниот Џеј Би Бикерстаф доби отказ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Откриени нови детали од договорот на Левандовски
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/1698491133-RTSOCBGF.jpg)
Роберт Левандовски потпиша нов договор со Барселона, но клубот не сакаше јавно да ги соопшти деталите од договорот, што ги натера шпанските медиуми да почнат да ги истражат финансиските детали од договоорт.
Славниот напаѓач потпиша нов договор со каталонскиот клуб до крајот на јуни 2026. Многу се пишуваше за условите на договорот под кои ќе ја игра четвртата сезона во дресот на Барселона.
Според некои информации, Левандовски ќе мора да пропушти одреден број натпревари за автоматски да го продолжи договорот на четврта година.
Левандовски во новата сезона ќе заработи 26 милиони евра бруто, колку и минатата сезона. Во првата година од договорот тој се согласи на фиксни 20 милиони евра, додека оваа година е таа во која е најдобро платен, 32 милиони евра бруто.
Полскиот напаѓач веќе настапи на 31 од 34 натпревари, а Барселона оваа сезона може да одигра вкупно 51 натпревар.
Спорт
(Видео) Феран Торес постигна хет-трик, Барселона уште еднаш ја декласира Валенсија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803645.jpg)
Фудбалерите на Барселоа до врв ја наполнија мрежата на Столе Димитриевски и се пласираа во полуфиналето на Купот. Вечерва на „Месталја“ во Валенсија, Барселона го победи домашниот тим со 5:0. Покрај Барселона место во полуфиналето претходно изборија Атлетико и Реал, односно Реал Сосиедад.
Барселона за 30 минути ја прегази Валенсија, нешто слично избраниците на Ханси Флик направија пред две недели кога во првенството го победија овој противник со 7:1.
Валенсија ја закопа нејзниот поранешен играч, Феран Торес кој во првото полувреме постигна три од четирите гола.
Торес го совлада Димитриевски во третата, 17. и 30.минута/ Покрај Торес стрелци за Барселона беа и Фермин во 23., односно Јамал во 59.минута.
Спорт
(Видео) Ливерпул го растури Тотенхем, за трофејот во Лига купот ќе игра против Њукасл
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/12803552.jpg)
Ливерпул е вториот финалист во англискиот Лига куп откако во реванш полуфиналниот натпревар убедливо го совладаа Тотенхем со 4:0.
На првиот меч во Лондон резултатот беше 1:0 за Тотенхем, но таа предност не беше довлно против најдобриот тим во Англија оваа сезона.
Избраниците на Арне Слот доминираа во текот на целиот натпревар и чудо е како постигнаа само четири гола.
Серијата ја отвори Коди Гакпо во 34. минута, неутрализирајќи ја предноста на Тотенхем во овој двоглав.
Во 51. минута беше досуден пенал, кој го реализираше Мохамед Салах. Третиот гол го постигна Доминик Собослај во 75. минута, за пет минути подоцна точка на натпреварот стави Вирџил ван Дајк.
Ливерпул сосема заслужено стигна до финалето каде на 16. март на Вембли ќе игра против Њукасл.