Спорт
Пако Алкасер ја вивна Борусија во финишот, кикс на Баерн во Фрајбург (видео)

Борусија Дортмунд во самиот финиш на мечот стигна до драгоцени три бода против Волфсбург во дуелот од 27. коло на Бундеслигата. Повторно херој на „милионерите“ беше Пако Алкасер кој двапати прецизно стрелаше во судиското надополнување на мечот.
Шпанецот првин погоди од слободен удар од 16 метри, а непосредно по првиот гол го постигна и вториот за значајна победа за титулата во Бундес лигата.
Баерн Минхен, пак, киксна во Фрајбург , одигра само 1-1 иако „баварците“ ја имаа доминацијата на мечот.
Лукас Холер со глава погоди за 1-0 за домашните, а во првото полувреме изедначи Роберт Левандовски. Се покажа дека тоа е конечниот резултат на табелата.
Вердер го победи Мајнц со 3-1, а домашни победи забележаа и Нирнберг против Аугсбург 3-0, односно Фортуна Дизелдорф против Борусија Менхенгладбах со 3-1.
По денешните натпревари Борусија има 2 бода повеќе од Баерн во трката за титулата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Барселона со спектакуларен пресврт на „Метрополитано“, од 2:0 до 2:4 против Атлетико

Атлетико и Барселона одиграа уште еден спектакуларен натпревар, овојпат на „Метрополитано“ во Мадрид. Во 28.коло, Барселона победи со 4:2 иако до 72.минута имаше негатива од два гола.
Атлетико поведе со голот на Хулијан Алварез во 45.минута. Аргентинецот ја реализраше акцијата која ја започна Гризман, а Симеоне му асистираше на сонародникот.
„Јорганџиите“ предноста ја зголемија во 70.минута преку Серлот. Ова е шести натпревар по ред на кој Норвежанецот постигнува гол против Барселона.
Тука, Атлетико застана, дали остнаа играчите на Чоло Симеоне без енергија, по исцрпувачкиот меч против Реал во средата, најдобро може да одговори тој самиот.
Левановдки намали на 2:1 во 72.минута, а шест минути подцна Феран Торес го изедначи резултатот.
Во судиското надополнување целосен шок за „јорганџиите“. Ударот на Јамал од 20 метри во 92.минута удри во Реинилдо, топката целосно го смени правецот го измами Облак и заврши зад неговиот грб.
Точка на мечот ставо Феран Торес во 97.минута.
Барселона, со натпревар помалку, се изедначи со Реал на првото место. Двата тима имаат по 60 бодови, четири повеќе од Атлетико.
Спорт
(Видео) Гол и две асистенции за Фернадеш, Јунајтед победи во Лестер

Манчестер јунајтед забележа победа од 3:0 на стадионот „Кинг Пауер“ против Лестер. Повторно, капитенот Бруно Фернандеш имаше клучна улога во победата на „црвените ѓаволи“.
Португалскиот играч за врска повторно беше движечка сила, дури и кога енергијата на теренот опаѓаше. Фернандеш му асистираше на Хојлунд во 28. минута за првиот гол на гостите.
До тој момент, Лестер воопшто не остави лош впечаток. „Лисиците“ имаа добри шанси но беа лоши во реализацијата.
Во вториот дел избраниците на Рубен Аморим сакаа што поскоро да ја обезбедат победата, а Гарначо во 57. минута постигна гол, кој беше поништен поради офсајд.
Десет минути подцна повторно Фернандеш одигра важна улога и му асистираше на Аргентинецот кој овојпат можеше да го прослави голот.
Лестер можеше да се врати во 74. минута. Варди ја украде топката, го пронајде Буонаноте, но Де Лигт во последен момент со лизгачки старт спречи гол.
Бруно ја круниса играта со феноменален гол во 90. минута од 18 метри за конечени 0:3.
Со оваа победа Јунајтед ги прескокна Тотенхем и Евертон во поредокот, сега на 13. место со 37 бодови, додека Лестер е 19. со 17 бодови.
Спорт
Мира Андреева преку Сабаленка до титулата во Индијан Велс

Руската тенисерка Мира Андреева (17) успеа да ја совлада Белорусинката Арина Сабаленка со 2:1 во сетови и да го освои Индијан Велс.
Андреева, која е 11. на ВТА-листата, за два часа и шест минути, ја победи светската тенисерка број еден со 6:2, 4:6, 3:6.
Се чинеше дека Сабаленка ова ќе го реши „рутински“, Белорусинката одлично влезе во првиот сет и во четвртиот гем направи брејк кој го потврди за 4:1, а потоа во осмиот гем направи уште еден брејк за 1:0 во сетови.
Сабаленка самоуверено влезе во вториот сет, но Андреева во третиот гем успеа да ја изненади и го одзеде сервисот што беше клучен за вториот сет.
Таа ја одржуваше предноста до самиот крај на вториот сет и израмни на 1:1.
Андреева уште подобро го отвори решавачкиот трет сет со брејк топка, но не успеа да ја искористи. Она што не и успеа во првиот, го направи во третиот гем и го одзеде сервисот на Сабаленка и си го трасираше патот кон победата. Во деветтиот гем направи уште еден брејк за конечен триумф.
Ова беше 12. последователна победа за младата руска тенисерка и втора голема титула. Претходната ја освои пред три недели во Дубаи.