Спорт
Палиња е спасителот на Тотенхем

Тотенхем извлече реми (1-1) и освои бод против Вулверхемптон во Лондон, иако беше во губитничка позиција. Португалецот Жоао Палиња постигна гол за израмнување во 91. минута, спасувајќи го тимот на Томас Франк од пораз.
Тотенхем немаше најдобра вечер против последнопласираниот тим во Премиер лигата. Вулверхемптон поведе во 54. минута преку Сантијаго Буено, а „спарс“ долго време не успеваа да одговорат.
Сепак, добра акција во финишот од мечот резултираше со бод за тимот од Лондон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ПСЖ се врати на победнички патеки во Франција

Пари Сен Жермен се врати на победнички пат во Лига 1 и брзо го заборави поразот во дербито со Олимпик Марсеј. На домашен терен, тимот на Луис Енрике со сигурни 2-0 го совлада Оксер.
Дебито на Забарњи во листата на стрелците донесе водство на ПСЖ уште во 32. минута, откако го искористи додавањето на Витиња. Со 1-0 се замина на полувреме, а во вториот дел дефанзивата на гостите не издржа повторно – уште еден гол од стопер донесе конечен резултат.
Лукас Бералдо се запиша како стрелец за конечни 2-0, постигнувајќи го својот прв гол сезонава, а третиот во кариерата за „светците“.
Спорт
Интер рутински го победи Калјари

Интер со успех се враќа од гостувањето на Сардинија, откако го победи Калјари со 0-2. Тимот на Кристијан Киву го контролираше натпреварот и заслужено стигна до триумф.
Гостите од Милано поведоа уште во осмата минута преку Лаутаро Мартинез.
Победата ја потврди младиот Пио Еспозито со гол во 82. минута, по одличната асистенција на Федерико Димарко.
Спорт
Емил Рајковиќ со Тофаш го победи првакот на Евролигата

Најуспешниот македонски тренер во историјата, Емил Рајковиќ, со својот тим Тофаш вечерва приреди сензација во турската кошарка, победувајќи го првакот на Евролигата, Фенербахче со тесни 80-78 на домашен терен.
Победничкиот кош за Тофаш дојде буквално во последната секунда. Херој на мечот стана Максвел Луис, кој ги постигна своите први поени на натпреварот токму во решавачки момент.
Голема заслуга за триумфот има Рајковиќ, кој на само една секунда пред крајот, при резултат 78-78, повика тајмаут и ја нацрта акцијата која тимот ја реализираше за победа.
Најефикасен кај Тофаш беше литванскиот репрезентативец Блажевич со 21 поен, додека Хортон Такер од Фенербахче го предводеше својот тим со 24 поени.