Спорт
Палмеирас го декласираа Ривер Плејт, Бразилците се на чекор до финалето во Копа Либертадорес

Фудбалерите на Палмеирас зачекорија во големото финале, во Копа Либертадорес. Бразилците, во првиот полу-финален натпревар, како гости ги декласираа Ривер Плејт со 3:0.
Палмеирас, на „Монументал“ во Буенос Аирес, им одржаа час по фудбал на своите колеги од Ривер Плејт.
Надмоќната игра од самиот почеток со гол ја крунисаа во 27.минута, кога Армани беше совладан од Рони. Пет минути пред крајот на првиот дел ВАР го поништи голот Скарпа за 2:0.
По само две минути игра во вториот дел, Луис Адријано, го постигна вториот гол за Палмеирас.
Во 60.минута директен црвен карто доби играчот на Ривер Плејт, Караскал. Предноста од играч повеќе Палмеирас ја искористија две минути подцна кога Матијас Вана го постави конечниот резултат 3:0.
Реваншот во Сао Паоло ќе се одигра на 13.јануари.
Вечерва, исто така во Буенос Аирес, првиот полу-финален натпревар че го одиграат Бока јуниорс и Сантос.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Зеленортските острови немаат доволно играчи – Германија извојува службена победа

Дебитантот на големите натпреварувања, ракометната репрезентација на Зеленортските острови, службено го загубија натпреварот што требаа да го одиграат утре против Германија.
Зеленорстките острови немаат доволен број ракометари за да излезат на теренот против фаворитот. Според правилникот на ИХФ, за да може една репрезентацијата да одигра натпревар, во составот треба да има десет играчи и еден голман.
На последното тестирање, двајца играчи на Зеленортските острови биле позитивни на вирусот Ковид-19, поради што останаа со девет играчи и голман.
Оваа репрезентација имаше големи проблеми и пред доаѓањето во Египет. Тие беа во карантин во Португалија, а поради позитивните тестови на СП не допатуваа петмина играчи.
Германија дуелот го доби со службен резултат 10:0.
Спорт
Тонесен заминува од Веспрем, се сели во Пик Сегед

Репрезентативецот на Норвешка, Кент Робин Тонесен, од наредната сезона ќе го смени клубот но ќе остане да игра во Унгарија. Тонесен дресот на Веспрем ќе го замени со оној на Пик Сегед.
Тонесен ја игра четвртата сезона за Веспрем. Кариерата во клубот му ја обележаа повредите, поради што не го покажа вистинскиот потенцијал. На позцијата десен бек, предност кај тренерот Давид Дејвис, имаат Хорхе Македа и Египќанецот Јахиа Омар.
Норвежанецот во Пик Сегед ќе го замени Чехот, Станислав Кашпарек.
Тонесен во кариерата покрај во Веспрем играл и во Вецлар и Фуксе Берлин.
Спорт
Велеслаломот во Крањска Гора за Марта Басино

Марта Басино од Италија, победи на трката во велеслалом во Крањска Гора. За Басино ова е трета победа сезонава во оваа дисциплина, претходно победи во Зелден и Куршевел.
24-годишната Италијанка доминираше во двете трки, забележа вкупно време од 2:04.15 минути. Басино за 80 стотонки беше побрза од Теса Ворли, која го забележа најдобриот резултат уште од 2019 година.
Најдобрата тројка ја комплетираше Мишел Гисин од Швајцарија.
Микаела Шифрин која победи во Куршевел и на слаломот во Флахау, направи грешка во втората трка, поради што заврши на шестото место. Пред Шифрин беа Федерика Брињоне и Петра Влхова.
Басино води во поредокот во велеслалом со 300 бодови, 50 помалку има нејзината сонародничка Брињоне. Во генералниот пласман прва е Влхова со 749 бода, вотра е Гисин со 635, а трета Шифрин со 525.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија3 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира