Контакт

Спорт

Палмеирас влегува во трката за потписот на Кавани

Објавено пред

Бразилскиот великан, Палмеирас, се вклучува во трката за потписот на Единсон Кавани. Договорот на 34-годишниот фудбалер со Манчестер јунајтед истекува по завршувањето на сезоната.

Палмеирас ќе има голема конкуренција во обидот да го обезбеди потписот на Уругваецот. Се шпекулира дека Реал и Барселона сакаат да го видат во своите редови, додека од лани за него се интересира Бока јуниорс.

Кавани е играч на Манчестер јунајтед од 2020 година. За „црвените ѓаволи“ одиграл 47 натпревари, постигнал 18 голови и забележал шест асистенции.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт

Лидс со пенал во 95. минута стигна до победа над Палас

Објавено пред

Лидс јунајтед не е истиот тим кој минатата сезона со Езѓан Алиоски во составот и со тактичкиот гениј на Марсело Биелса беше најпријатното изненадување во Премиерлигата, откако им беше потребен пенал во 95. минута од мечот за да ги совладаат Кристал палас со 1:0 за само трета победа во 14 кола досега.

Кога изгледаше дека Лидс ќе се задоволат со своето седмо реми оваа сезона, беше досуден пенал, кој успешно го реализираше Рафиња. Погледнете тука.

Лидс се искачија на 15. место со 15 поени, сега само еден поен зад Палас, кои се на 12. место.

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-1-37036”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Прикажи повеќе...

Спорт

Фенерџијата Салернитана „лесен залак“ за Јуве, фантастичен гол за Дибала

Објавено пред

Јувентус лошата мината недела за клубот, по тешкиот пораз од Челси во ЛШ, првиот домашен пораз од Аталанта од осумдесетите и големата истрага за финансиски малверзации кои наводно можат да го исфрлат во Серија Б, ги надмина со 0:2 победа над Салернитана за малку надеж за подобри денови за „бјанконерите“.

Пауло Дибала ја покажа својата класа во 21. минута, кога со апсолутна бомба го стресе противничкиот голман Вид Белец, а само седум минути подоцна беше поништен голот на Џорџо Кјелини поради офсајд. Трите поени за тимот на Макс Алегри ги осигура Алваро Мората во 70. минута од мечот, пред Дибала во 95. минута да утне од белата точка, за лош крај на мечот.

И со победата, Јуве се само седми во лигата со 24 поени, големи 11 зад лидерот Наполи, додека Салернитана се последи со само 8 поени.

СЕРИЈА А, 15.КОЛО

Салернитана – Јувентус 0:2

Верона – Каљари 0:0

(function (el) { window.addEventListener(“message”, (event) => { if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) { if (el.id === event.data.id) { el.style.height = event.data.height + “px”; } } }); })(document.getElementById(“sofa-standings-embed-33-37475”));

Standings provided by SofaScore LiveScore

Прикажи повеќе...

Спорт

Штета! Еурофарм Пелистер пропушти победа во последните секунди во Лисабон

Објавено пред

Еурофарм Пелистер беше на чекор до својата трета победа едноподруго во Европската лига на ЕХФ откако на две минути до крајот имаше водство од два гола пред да одигра 27:27 (14:16) кај Спортинг Лисабон.

Момците на Жељко Бабиќ одиграа одличен натпревар, и по првото водство на Спортинг, беа постојано во предност, која изнесуваше два гола на полувреме (14:16) и дури четири (19:23) во 40. минута. Домаќините успеаја да израмнат на 25:25 во 57. минута, но Стипе Мандалиниќ со два гола во низа ја врати предноста од два гола, пред гостите да го направат конечниот камбек.

Табоада заврши со 7 гола за Пелистер, Мандалиниќ имаше шест, додека за Спортинг, Јенс Шенгарт и Карлос Руесга Пасарин дадоа по 6 гола.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Парична награда за матичните лекари ако имаат 70% вакцинирани пациенти

Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од Ковид-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата...

Македонија11 час

Пријава за напад во МНТ – блокирани улици во центарот на Скопје

Министерството за внатрешни работи не кажува дали има дојава за бомба во Македонскиот народен театар, но потврдуваат дека полицајци се...

Регион12 часа

Убиство во Сплит: Вработена во продавница убиена со нож, напаѓачот уапсен

Маж нападнал жена со нож додека таа била на своето работно место во продавница во Сплит. Жената починала во болница,...

Свет12 часа

Тедрос: Мерките не се неопходни, неправедно се казнуваат африканските земји

Шефот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изрази загриженост дека некои земји воведуваат општи ограничувања против ширењето на варијантата на коронавирус...

Македонија14 часа

Уште 43 Авганистанци си заминаа од Македонија

Нова група од 43 авганистански граѓани замина од Македонија откако за нив беше подготвена потребната документација за влез во трета...

Македонија15 часа

460 нови случаи на Кoвид-19 и вкупно 12 починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.424 тестирања, а регистрирани се 460 нови случаи на...

Топ15 часа

Родители од Скопје го принудувале детето да дава сексуални услуги

По претходно донесена наредба за истрага од страна на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, на 29 ноември...

Македонија16 часа

Бугарската министерка Комитова: Патот „Струма“ има недостатоци, но тие не се причина за пожарот во автобусот

Заштитната ограда во која удри автобусот е според стандардите што важеле во 2002 година кога се реконструирал патот, а денеска...

Европа18 часа

ЕМА: Вакцини против омикрон може да се одобрат за три месеци

Европскиот медицински регулатор денеска објави дека може да одобри вакцини приспособени за заштита од омикрон-варијантата на коронавирусот за три до...

Европа18 часа

(Видео) Австрискиот државен врв затекнат на журка, без маски, најавени кривични пријави

Партијата на слободата на Австрија (ФПО) поднесе жалба против австрискиот канцелар, како и други политичари, за забава по учеството во...

Регион19 часа

Грција со казни за невакцинираните, 100 евра ќе платат повозрасните што не примиле ниту една доза

Грција денеска соопшти дека со 100 евра ќе ги казни лицата на возраст од 60 години, како и постарите што...

Европа19 часа

Блинкен: Потребно е поголемо присуство на ЕУ и САД на Балканот

Австрискиот министер за надворешни работи, Мајкл Линхарт, и министерот за надворешни работи на САД, Антони Блинкен, сметаат дека е потребно...

Македонија1 ден

Повреден возач кога македонски камион се превртел на автопат во Хрватска

Камион со платформа за превоз на други возила се превртел на 130-тиот километар од јужната страна на автопатот А3 Брегана...

Македонија1 ден

Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто не бев и јас во автобусот

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, првпат по стравотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, во интервју за...

Македонија1 ден

Заев – Гаши: Постигната начелна согласност за можна соработка, во тек се консултации за кадровски решенија

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, имаа работна средба...

Македонија2 дена

22 починати и 118 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје,дека во последните 24 часа: Направени се 1.245 тестирања, а...

Македонија2 дена

Филипче: Нема потреба од рестрикции поради новиот сој

Минитестерот за здравство, Венко Филипче, смета дека нема потреба од рестрикции поради појавата на новиот сој омикрон. Вели дека епидемиолошката...

Македонија2 дена

Гаши: Не е одговорно да бараме од СДСМ кој ќе биде мандатар

За нас е битно да се договориме кој е концептот, а не да ги принудуваме политичките партии на решенија, вели...

Европа2 дена

Владимир Гушчин: Постојните вакцини штитат и од сојот омикрон

Постоечките вакцини против коронавирус ќе обезбедат заштита од потешки форми на Ковид-19, како што е и новиот сој омикрон, изјави...

Македонија2 дена

Бурим Сејдини реизбран за претседател на Управен суд

На денешната седница Судскиот совет го избра судијата Бурим Сејдини за претседател на Управен суд. Во соопштението за седницата се...

Досие