Спорт
Памела Андерсон по разделбата со Адил Рами: Тој е чудовиште

Канадскиот модел и поранешна ѕвезда на серијата „Бејвоч“, Памела Андерсон ги потврди вестите дека се разделила со дефанзивецот на Марсеј и на француската репрезентација, Адил Рами по две години, по што го нарече „чудовиште“ во зачудувачки напад на Инстаграм.
51-годишната Андерсон во постот вели дека Рами е нарцисист и го обвини дека ја мамел додека биле заедно.
„Тешко е да се прифати. Последните повеќе од две години од мојот живот беа голема лага. Бев измамена, и верував дека имаме ’голема љубов’. Но, открив нешто во последните неколку дена, дека тој живееше двоен живот. Се шегуваше за другите фудбалери кои имаа девојки блиску до нивните станови каде што живееја нивните сопруги. Ги нарекуваше тие луѓе чудовишта. Но, ова е полошо. Тој не лажеше сите. Како е можно да се контролираат срцата на две жени на овој начин не знам. Тој е чудовиштето. Како можев да помогнам на толку луѓе преку иницијативите за домашно насилство, но не можев да си помогнам самата. Нарцисистите не се менуваат, социопатите не се менуваат. Ќе бегам што е можно подалеку, ова е мојот најголем кошмар. Зборував со неговата поранешна сопруга и таа беше иста шртва и е во шок. Но, веќе нема да може да ме повредува“, напиша Андерсон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Винисиус: Анчелоти е најдобриот тренер што сум го имал во кариерата

Напаѓачот Винисиус Жуниор призна дека Карло Анчелоти е неговиот омилен тренер, иако Италијанецот го напушти Реал Мадрид пред пет месеци. Сега тие повторно соработуваат заедно во националниот тим на Бразил.
25-годишниот крилен играч има 201 натпревар под водство на Анчелоти – двојно повеќе отколку со Зидан. За Кралевите постигна 90 гола и 68 асистенции, а за Селесао во три натпревари со Анчелоти има два гола и една асистенција. Гол и асистенција забележа во победата над Јужна Кореја (5-0).
„Тој е најдобриот тренер што сум го имал, ми даде најмногу самодоверба и отсекогаш играв најдобро под негово водство“, изјави Винисиус.
Бразилците сега се подготвуваат за Светското првенство во 2026 година.
„Треба брзо да се подготвиме. Мораме да се браниме добро и да притискаме за победа на секој натпревар“, додаде тој.
Бразил сега ќе игра со Јапонија во Токио, во вториот пријателски натпревар пред Светското првенство.
Спорт
УЕФА подготвува нова револуција, ќе има промени во квалификациите за ЕП и за СП

Квалификациите за Светско и Европско првенство во фудбал би можеле да доживеат целосна промена. УЕФА размислува за воведување систем сличен на Лигата на шампионите, пишува британски „Тајмс“.
Лига-шемата би овозможила повеќе големи натпревари, а помалите репрезентации сепак би имале шанса за дуели со силните селекции. Се размислува и за вклучување на Лигата на нации како дел од квалификациите.
Генералните секретари на 55 европски федерации се состанаа во Малага. Тие дискутираа за предностите и недостатоците на секоја опција.
Сегашниот систем со мали групи од четири или пет репрезентации е соочен со пад на интересот. Причина е и недостигот од атрактивни натпревари.
УЕФА сака максимален интерес и приход од квалификациите. Репрезентативните паузи често се гледаат како непожелна пречка, што организацијата сака да го промени.
Идниот систем може да користи од Лигата на нации, од Лигата на шампионите или да има сосема нов формат. На пример, ако Европа има 16 места за Светското првенство, првите 12 би се квалификувале директно, а останатите осум репрезентации би се бореле за преостанатите четири места во доигрување.
Спорт
Влаховиќ: За мене е ова најтешкиот пораз во репрезентативната кариера

Напаѓачот Душан Влаховиќ ја коментираше тешкиот пораз на Србија од Албанија (0-1). Фудбалерот на Јувентус зборуваше отворено за емоциите по мечот.
„Ова не е лесно. За мене е најтежок пораз од кога сум во репрезентацијата, и верувам дека другите момци се чувствуваат исто. Тежок ден, тешка вечер. Нема што друго да кажам“, изјави Влаховиќ.
И покрај необичната, речиси „театрална“ атмосфера на стадионот, тој нагласува дека тимот останал концентриран.
„Бевме фокусирани на играта на теренот. Атмосферата ја чувствуваш само кога топката не е кај нас. Но кога си концентриран, ретко го слушаш тоа што се случува на трибините. Мислевме дека мора да победиме. За жал, не успеавме. Сега треба да играме во Андора – ќе биде тешко, но мораме да се опоравиме за следниот меч и да победиме, затоа што сè уште имаме надеж.“
Влаховиќ призна дека најтешки моменти биле двете големи шанси кои не ги реализирал и ја превзема целосната одговорност.
„Најмногу сакав да постигнам гол, повеќе од било кој друг. Не успеав и многу жалам. Кажав во соблекувалната – не барав алиби. Сè можеше да биде различно ако постигнев гол во првото полувреме. Мечот можеше да тргне во друга насока и можеби ќе победевме. Сепак, загубивме и многу ни е тешко“, истакна Влаховиќ.